Помош и совети
Нормални работни звуци
Следните звуци се нормални за време на
работа:
• Слабо клокотење и звук на кркорење од
калемот кога фрижидерот се полни.
• Звук на брмчење и пулсирачки звук од
компресорот кога фрижидерот се полни.
• Ненадеен звук на кршење од
внатрешноста на апаратот како
резултат на термичка дилатација
(природен и физички феномен којшто
не е опасен).
• Слаб звук на чкрипење од регулаторот
на температура кога компресорот се
вклучува или исклучува.
Совети за штедење енергија
• Не отворајте ја вратата често и не
оставајте ја отворена подолго отколку
што е неопходно.
• Доколку околната температура е висока,
Регулаторот за температура е на
најголемата поставка и апаратот е
целосно наполнет, компресорот може
да работи непрестано, што ќе
предизвика формирање мраз на
испарувачот. Ако се случи тоа, свртете
го Регулаторот за температура кон
помалите вредности за да овозможите
автоматско одмрзнување, со што ќе
заштедите и електрична енергија.
Совети за ладење свежа храна
За да добиете најдобри перформанси:
• не ставајте топла храна или течности
што испаруваат во фрижидерот
• покривајте ја или виткајте ја храната,
особено ако има посилен вкус
• ставајте ја храната така што воздухот
може да кружи слободно околу неа
Совети за ладење
Корисни совети:
• Месо (сите видови): спакувајте го во
пластични ќесички и ставете го на
стаклената полица над фиоката за
зеленчук.
• Најбезбедно е да го чувате на овој
начин само еден или најмногу два дена.
• Зготвена храна, ладни јадења и сл... тие
треба да се покриени и може да се
стават на која било полица.
• Овошје и зеленчук: тие треба да се
убаво измиени и ставени во
специјалните фиоки за нив.
• Путер и сирење: тие треба да се чуваат
во посебни херметички садови или
завиткани во алуминиумска фолија или
пластични ќесички за да се спречи
допирот со воздух.
• Шишиња: тие треба да бидат затворени
со капаче и да се чуваат на полицата за
шишиња на вратата (ако има) или на
држачот за шишиња.
• Бананите, компирите, кромидот и лукот,
ако не се спакувани, не смеат да се
чуваат во фрижидер.
Совети за замрзнување
За најдобро користење на процесот на
замрзнување, еве неколку важни совети:
• максималната количина на храна
којашто може да биде замрзната во рок
од 24 часа е прикажана на плочката со
спецификации;
• замрзнувањето трае 24 часа. Не треба
да се додава храна за замрзнување во
тој период;
• замрзнувајте само квалитетна, свежа и
убаво измиена храна;
• поделете ја храната во мали порции за
да може брзо и целосно да се замрзне и
за да овозможите одмрзнување само на
потребните количества;
• завиткајте ја храната во алуминиумска
или пластична фолија убаво и стегнато;
• не дозволувајте свежата, несмрзната
храна да ја допира храната што е веќе
смрзната, за да не ја загреете втората;
• посната храна се чува подобро и
подолго од мрсната; солта го намалува
рокот на чување на замрзнатата храна;
• водениот мраз, ако се конзумира
веднаш по вадењето од преградата на
замрзнувачот, може да предизвика
смрзнатини на кожата;
• препорачливо е да се запише датумот
на замрзнување на секое пакување за
да можете да водите сметка за времето
на чување.
20 www.zanussi.com