Electrolux EHF7647FOK Kullanım kılavuzu

Tip
Kullanım kılavuzu
EHF7647FOK
MK ПЛОЧА ЗА ГОТВЕЊЕ УПАТСТВО ЗА РАКУВАЊЕ 2
SR ПЛОЧА ЗА КУВАЊЕ УПУТСТВО ЗА УПОТРЕБУ 20
TR OCAK KULLANMA KILAVUZU 38
СОДРЖИНА
1. БЕЗБЕДНОСНИ ИНФОРМАЦИИ..................................................................... 3
2. ИНСТРУКЦИИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ.................................................................... 4
3. ОПИС НА ПРОИЗВОДОТ................................................................................. 7
4. СЕКОЈДНЕВНА УПОТРЕБА.............................................................................9
5. ПОМОШ И СОВЕТИ........................................................................................12
6. НЕГА И ЧИСТЕЊЕ..........................................................................................13
7. РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМИ.........................................................................14
8. МОНТАЖА....................................................................................................... 16
9. ТЕХНИЧКИ ИНФОРМАЦИИ........................................................................... 17
10. ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ...................................................................... 18
НИЕ МИСЛИМЕ НА ВАС
Ви благодариме што го избравте овој апарат на Electrolux. Одбравте
производ којшто носи со себе децении на професионално искуство и
иновации. Уникатен и стилски, дизајниран е специјално за вас. Секогаш кога
ќе го користите, можете да бидете сигурни дека ќе имате добри резултати во
секое време.
Добредојдовте во Electrolux.
Посетете ја нашата страница за да:
Добиете корисни совети, брошури, водич за решавање на проблеми,
информации за сервисирање:
www.electrolux.com
Го регистрирате вашиот производ за подобро сервисирање:
www.registerelectrolux.com
Купувате дополнителен прибор, потрошни или оригинални резервни
делови за вашиот апарат:
www.electrolux.com/shop
ГРИЖА И УСЛУГА ЗА КОРИСНИЦИ
Секогаш користете оригинални резервни делови.
Кога ќе контактирате со нашиот Овластен сервис, треба да ги имате на
располагање следниве податоци: Модел, број на производот, сериски број.
Информациите може да ги најдете на плочката со спецификации.
Предупредување / Внимание - Безбедносни информации
Општи информации и совети
Информации за животната средина
Можноста за промени е задржана.
www.electrolux.com2
1. БЕЗБЕДНОСНИ ИНФОРМАЦИИ
Пред монтажата и употребата на овој апарат,
внимателно прочитајте ги приложените упатства.
Производителот не е одговорен ако неправилната
монтажа и употреба предизвикаат повреди и
оштетувања. Секогаш чувајте го упатството со
апаратот за идна употреба.
1.1 Безбедност на деца и ранливи лица
Овој апарат можат да го користат деца над 8
години и лица со намалени физички, сетилни или
ментални способности или лица без искуство и
знаење доколку тоа го прават под надзор или им
биле дадени упатства како безбедно да го
употребуваат апаратот и ги разбираат опасностите
поврзани со него.
Не дозволувајте им на децата да играат со
апаратот.
Чувајте го пакувањето настрана од дофат на деца.
Држете ги децата и миленичињата подалеку од
апаратот кога тој работи или кога се лади.
Деловите кои се достапни се жешки.
Доколку апаратот има уред за безбедност на деца,
ви препорачуваме да го активирате.
Чистењето и одржувањето од страна на
корисникот не треба да го прават деца без надзор.
Апаратот не смее да биде во дофат на деца
помали од 3 години освен ако не се под постојан
надзор.
1.2 Општа безбедност
Апаратот и неговите достапни делови се
вжештуваат за време на употребата. Не допирајте
ги грејните елементи.
Не управувајте со апаратот со надворешен тајмер
или со посебен систем за далечинско управување.
МАКЕДОНСКИ 3
Готвењето на површина за готвење со маст или
масло без надзор може да биде опасно и да
доведе до пожар.
Никогаш не гаснете оган со вода, туку исклучете го
апаратот, а потоа покријте го пламенот, на пр. со
капак или со специјално противпожарно кебе.
Не чувајте предмети на површините за готвење.
Металните предмети, какви што се ножеви,
виљушки, лажици и капаци, не треба да се
оставаат на површината за готвење бидејќи може
да се вжештат.
Не користете чистач на пареа за чистење на
апаратот.
Ако стакло-керамичката / стаклената површина е
напукната, исклучете го апаратот за да ја
избегнете можноста од струен удар.
Доколку кабелот за напојување се оштети, треба
да се замени од страна на производителот,
овластен сервисен претставник или слично
квалификувани лица за да се избегне опасност.
2. ИНСТРУКЦИИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ
2.1 Монтажа
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Апаратот мора да го
монтира само
квалификувано лице.
Извадете ја целата амбалажа
Немојте да монтирате ниту да
користите оштетен апарат.
Придржувајте се до упатството за
монтажа приложено со апаратот.
Одржувајте минимална
оддалеченост од другите апарати и
делови.
Секогаш внимавајте кога го
преместувате апаратот затоа што е
тежок. Секогаш носете заштитни
ракавици.
Зачепете ги засечените површини
со заптивач за да спречите влагата
да предизвика надигнување.
Заштитете го дното на апаратот од
пареа и влага.
Не го монтирајте апаратот во
близина на врата или под прозорец.
На овој начин ќе спречите некој
жежок сад за готвење да падне од
апаратот кога вратата или
прозорецот се отворени.
Ако апаратот е монтиран над
фиоки, внимавајте просторот
помеѓу дното на апаратот и горната
фиока да е доволен за циркулација
на воздух
Дното на апаратот може да стане
жешко. Уверете се дека сте
монтирале незапалива плоча за
одделување под апаратот за да
спречите пристап до дното.
www.electrolux.com4
2.2 Поврзување со струја
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Ризик од пожар и струен
удар.
Секое поврзување со струја треба
да биде направено од
квалификуван електричар.
Апаратот мора да биде заземјен.
Пред да се изведуваат какви било
работи, проверете дали апаратот е
исклучен од струја.
Проверете дали информацијата за
напојување со струја на плочката
со спецификации се совпаѓа со
напојувањето со струја. Доколку не
се совпаѓа, контактирајте со
електричар.
Проверете дали апаратот е
правилно монтиран. Лабав и
несоодветен кабел за струја или
приклучок (ако е применливо) може
да предизвика прегревање на
терминалот.
Користете соодветен кабел за
струја.
Не оставајте ги каблите да се
заплеткаат.
Проверете дали е монтирана
заштитата од струен удар.
Користете клема за да го
ослободите кабелот од напон.
Проверете дали кабелот за струја
или приклучокот (ако е применливо)
го допира топлиот апарат или
топлите садови за готвење кога го
поврзувате апаратот со штекери во
близина
Не користете адаптери со повеќе
приклучоци и продолжени кабли.
Потрудете се да не го оштетите
приклучокот за струја (ако е
применливо) или кабелот за струја.
Контактирајте го нашиот Овластен
сервисен центар или електричар за
да го смените оштетениот кабел.
Заштитата од електричен удар на
активните и изолираните делови
мора да се поврзе на таков начин
што нема да може да се извади без
алатки.
Поврзете го приклучокот за струја
со штекерот на крајот од
монтажата. Проверете дали
приклучокот за струја е пристапен
по монтирањето.
Доколку штекерот е лабав, не
приклучувајте го приклучокот за
струја.
Не повлекувајте го кабелот за
струја за да го исклучите апаратот.
Секогаш повлекувајте го
приклучокот.
Користете само соодветни уреди за
изолација: заштитни прекинувачи
на линија, осигурувачи
(осигурувачи на вртење извадени
од држачот), заземјување и
контактори.
Електричната инсталација мора да
има изолациски уред кој што ви
овозможува да го исклучите
апаратот од приклучокот за струја
од сите полови. Изолацискиот уред
мора да има контактен отвор со
ширина од најмалку 3 mm.
2.3 Употреба
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Постои опасност од
повреда, изгореници или
струен удар.
Отстранете ја целата амбалажа,
етикетата и заштината фолија (ако
е применливо) пред првата
употреба.
Овој апарат користете го само во
домашни услови.
Не менувајте ги спецификациите на
овој апарат.
Погрижете се отворите за
вентилација да не бидат блокирани.
Не оставајте го апаратот без
надзор додека работи.
Поставувајте ја ринглата на
„исклучено“ („off“) по секоја
употреба.
Не ставајте прибор за јадење или
капаци од тенџериња на ринглите.
Тие може да станат жешки.
Не ракувајте со апаратот со влажни
раце или кога тој има контакт со
вода.
Не употребувајте го апаратот како
работна површина или како простор
за складирање.
Ако површината на апаратот е
испукана, веднаш исклучете го
МАКЕДОНСКИ 5
апаратот од струјата. Ова ќе спречи
струен удар.
Кога ставате храна во жешко
масло, може да прска.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Опасност од пожар и
изгореници
При загревање, маснотиите и
маслото можат да испуштаат
запаливи пареи. Држете го огнот
или загреаните предмети подалеку
од маснотиите и маслата кога
готвите со нив.
Пареата што ја испушта маслото
коешто е многу жешко може да
предизвика спонтано запалување.
Искористеното масло кое може да
содржи остатоци од храна, може да
предизвика пожар на пониска
температура од маслото што се
користи за прв пат.
Не ставајте запаливи производи
или предмети натопени со
запаливи средства во, блиску до,
или на апаратот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Опасност од оштетување
на апаратот.
Не чувајте жешки садови за
готвење на контролната табла.
Не оставајте ги садовите за
готвење да вријат на суво.
Внимавајте предметите или
садовите за готвење да не паднат
на апаратот. Може да се оштети
површината.
Не вклучувајте ги ринглите со
празни садови за готвење или без
садови за готвење.
Не ставајте алуминиумска фолија
на апаратот.
Садовите за готвење направени од
лиено железо, алуминиум или со
оштетено дно може да
предизвикаат гребнатини на
стаклото / стакло-керамиката. Овие
предмети секогаш кревајте ги кога
треба да ги преместувате на
површината за готвење.
Овој апарат е наменет само за
готвење. Не смее да се користи за
други намени, на пример за
загревање на простории.
2.4 Нега и чистење
Редовно чистете го апаратот за да
спречите оштетување на
материјалот на површината.
Исклучете го апаратот и оставете
го да се излади пред да го чистите.
Исклучете го апаратот на
напојувањето со струја пред
оддржувањето.
Не користете воден спреј и пареа
за чистење на апаратот.
Чистете го апаратот со мека,
влажна крпа. Користете само
неутрални детергенти. Не
користете абразивни производи,
абразивни сунѓери за чистење,
растворувачи или метални
предмети.
2.5 Расходување
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Ризик од повреда или
задушување.
Контактирајте со општинската
власт за да добиете информации
за правилно расходување на
апаратот.
Исклучете го апаратот од
приклучокот за струја.
Отсечете го кабелот за струја и
фрлете го.
2.6 Сервисирање
За да го поправите апаратот
контактирајте го Овластениот
сервисен центар.
Користете само оригинални
резервни делови.
www.electrolux.com6
3. ОПИС НА ПРОИЗВОДОТ
3.1 Распоред на плочата за готвење
120/175/210
mm
120/175/210
mm
180 mm
170 mm
265 mm
170 mm
265 mm
145 mm
1 1
11
22
1
Рингла
2
Контролна табла
3.2 Распоред на контролна табла
7
8
4 5 6
2
9
12
3
1
10
11
Ракувајте со апаратот со помош на сензорските полиња. Екраните, показните
светла и звуците покажуваат кои функции работат.
Сензо
рско
поле
Функција Коментар
1
- За вклучување и исклучување на
надворешниoт прстен.
2
- Екран за поставување
на јачината на
топлината
За прикажување на поставката за
температура.
3
- Временски показатели
за ринглите
За да прикажат за која рингла го
поставувате времето.
МАКЕДОНСКИ 7
Сензо
рско
поле
Функција Коментар
4
- Екран на тајмерот За прикажување на времето во
минути.
5
- За избор на рингла.
6
/
- За зголемување или намалување на
времето.
7
Заклучување / Уред за
безбедност на деца
За заклучување / отклучување на
контролната табла.
8
STOP+GO За вклучување и исклучување на
функцијата.
9
ВКЛУЧЕНО /
ИСКЛУЧЕНО
За вклучување и исклучување на
површината за готвење.
10
Автоматско загревање За вклучување и исклучување на
функцијата.
11
- Контролна лента За поставување на поставка за јачина
на топлина.
12
- За вклучување и исклучување на
надворешниoт прстен.
3.3 Екрани за поставување на јачината на топлината
Екран Опис
Ринглата е исклучена.
-
Ринглата е вклучена.
Функцијата STOP+GO работи.
Функцијата Автоматско загревање работи.
+ број
Има дефект.
/ /
OptiHeat Control (Показно светло за преостаната топлина во 3
чекори): уште се готви / подгревање / преостаната топлина.
ФункцијатаЗаклучување /Уред за безбедност на деца работи.
Функцијата Автоматски исклучување работи.
www.electrolux.com8
3.4 OptiHeat Control (Показно
светло за преостаната
топлина во 3 чекори)
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
/ / Постои
опасност од изгореници
поради преостаната
топлина. Показателот го
покажува нивото на
преостанатата топлина.
4. СЕКОЈДНЕВНА УПОТРЕБА
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Видете во поглавјата за
заштита и сигурност.
4.1 Вклучување и
исклучување
Допрете го 1 секунда за да ја
вклучите или да ја исклучите
површината за готвење.
4.2 Автоматски исклучување
Функцијата автоматски ја исклучува
плочата за готвење ако:
сите рингли се исклучени,
не сте ја наместиле јачината на
топлината откако сте ја вклучиле
плочата за готвење,
сте истуриле или сте ставиле
нешто на контролната табла
подолго од 10 секунди (тенџере,
ткаенина, итн.). Се огласува звучен
сигнал и плочата за готвење се
исклучува. Отстранете го
предметот или исчистете ја
контролната табла.
не исклучувајте ја ринглата и не
менувате ја поставката за јачина на
топлината. По одредено време се
пали и плочата за готвење се
исклучува.
Врската помеѓу јачината на
топлината и времето после кое се
исклучува плочата за готвење:
Поставка на
јачина
Плочата за
готвење се
исклучува после
, 1 - 3
6 часа
4 - 7 5 часа
8 - 9 4 часа
10 - 14 1,5 час
4.3 Поставување на јачината
на топлината
За поставување или менување на
јачината на топлината:
Допрете ја контролната лента на
соодветната јачина на топлина или
движете го прстот по должината на
контролната лента додека не стигнете
до соодветната јачина на топлина.
МАКЕДОНСКИ 9
4.4 Вклучување и
исклучување на
надворешните прстени
Површината на која готвите можете да
ја приспособите кон димензиите на
садовите за готвење.
Користете го сензорското поле:
За вклучување на надворешниот
прстен: допрете го сензорското поле.
Показното светло се пали.
За вклучување на повеќе
надворешни прстени: допрете го
сензорското поле уште еднаш. Се
вклучува наредното показно светло.
За исклучување на надворешниот
прстен: допирајте го сензорското поле
се додека не се изгасне показното
светло.
Кога ќе ја вклучите
ринглата, но не го
вклучувате надворешниот
прстен, светлото коешто
излегува од ринглата може
да го покрие
надворешниот прстен. Тоа
не значи дека
надворешниот прстен е
вклучен. За да видите
дали прстенот е вклучен
проверете го показното
светло.
4.5 Автоматско загревање
Ако ја вклучите оваа функција, можете
да ја добиете потребната јачина на
топлина за пократок период. Оваа
функција на некое време ја поставува
највисоката јачина на топлина, а потоа
ја намалува до точната јачина на
топлина.
За да ја вклучите
функцијата, ринглата мора
да биде ладна.
За да ја вклучите функцијата за
ринглата: допрете ( се пали).
Веднаш допрете ја точната јачина на
топлина. После 3 секунди се вклучува
.
За исклучување на функцијата:
променете ја јачината на топлината.
4.6 Тајмер
Тајмер за одбројување
Оваа функција користете ја за да
поставите колку време ќе работи
ринглата само за ова готвење.
Прво поставете ја ринглата, а потоа
поставете ја функцијата. Јачината
можете да ја поставите пред или по
поставувањето на функцијата.
Поставување на ринглата: допирајте
ја
повеќепати сé додека не се
вклучи показното светло на
потребната рингла.
За вклучување на функцијата:
допрете го на тајмерот за да го
поставите времето (00 - 99 минути).
Кога показното светло на ринглата
започнува да трепка бавно, започнува
одбројувањето.
За да го видите преостанатото
време: поставете ја ринглата со .
Показното светло на ринглата
започнува да трепка побрзо. На
екранот се покажува преостанатото
време.
За да го смените времето: поставете
ја ринглата со . Допрете го или
.
За исклучување на функцијата:
поставете ја ринглата со и допрете
. Преостанатото време се одбројува
наназад до 00. Показното светло на
ринглата се гаси.
Кога времето ќе истече, се
огласува звук и трепка 00.
Ринглата се исклучува.
За да го запрете звукот: допрете го
.
CountUp Timer (Тајмер за броење)
Користете ја оваа функција за да
следите колку долго работи ринглата.
Поставување на ринглата: допирајте
ја повеќепати сé додека не се
www.electrolux.com10
вклучи показното светло на
потребната рингла.
За вклучување на функцијата:
допрете го на тајмерот. се пали.
Кога показното светло на ринглата
започнува да трепка побавно, времето
се одбројува. Екранот се менува меѓу
и избројаното време (минути).
За да видите колку долго работи
ринглата: поставете ја ринглата со
. Показното светло на ринглата
започнува да трепка побрзо. Екранот
покажува колку долго работи ринглата.
За исклучување на функцијата:
поставете ја ринглата со и допрете
или . Показното светло на
ринглата се гаси.
Потсетник во минути
Можете да ја користите функцијата
како Потсетник за време кога
површината за готвење е вклучена и
кога не работат ринглите (екранот за
поставка на јачина покажува ).
За вклучување на функцијата:
допрете го . Допрете го или
на тајмерот за да го поставите
времето. Кога времето ќе истече, се
огласува звук и трепка 00 .
За да го запрете звукот: допрете го
.
Оваа функција не влијае
врз работата на ринглите.
4.7 STOP+GO
Оваа функција сите рингли ги
поставува да работат на најмала
јачина.
Кога функцијата работи, не можете да
ја смените поставката за јачината.
Функцијата не ја запира функцијата на
тајмерот.
За вклучување на функцијата:
допрете
. Се пали .
За исклучување на функцијата:
допрете го . Се пали претходната
поставка за јачина на топлината.
4.8 Заклучување
Можете да ја заклучите контролната
табла додека работи ринглата. Тоа
спречува случајна промена на
поставената јачина на топлината.
Прво поставете ја јачината на
топлината.
За вклучување на функцијата:
допрете
. се пали за 4
секунди.Тајмерот останува вклучен.
За исклучување на функцијата:
допрете го
. Се пали претходната
поставка за јачина на топлината.
Кога ќе ја исклучите
површината за готвење, се
исклучува и оваа функција.
4.9 Уред за безбедност на
деца
Оваа функција спречува случајно
вклучување на плочата за готвење.
За активирање на
функцијата:вклучете ја површината
за готвење со
. Не поставувајте ја
јачината на топлината. Допрете на
4 секунди. Се пали . Исклучете ја
површината за готвење со
.
За исклучување на
функцијата:вклучете ја површината
за готвење со . Не поставувајте ја
јачината на топлината. Допрете на
4 секунди. Се пали . Исклучете ја
површината за готвење со .
За да ја прескокните оваа функција
за само едно готвење: активирајте ја
површината за готвење со . Се пали
. Допрете го во траење од 4
секунди. Поставете ја јачината на
топлината за 10 секунди. Сега
можете да ракувате со површината за
готвење. Кога ќе ја деактивирате
површината за готвење
функцијата
повторно работи.
МАКЕДОНСКИ 11
4.10 OffSound Control
(Деактивирање и активирање
на звучните сигнали)
Исклучете ја површината за готвење.
Допрете го
во траење од 3 секунди.
Екранот се пали и се гаси. Допрете на
3 секунди. или се пали.
Допрете на на тајмерот и одберете
едно од следниве:
- звучните сигнали се
исклучуваат
- звучните сигнали се вклучуваат
За да ја потврдите селекцијата
почекајте додека површината за
готвење не се исклучи автоматски.
Кога оваа функција е поставена на
звучните сигнали можете да ги
слушнете само кога:
го допирате
Потсетник во минути паѓа
Тајмер за одбројување паѓа
сте ставиле нешто на контролната
табла.
5. ПОМОШ И СОВЕТИ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Видете во поглавјата за
заштита и сигурност.
5.1 Садови за готвење
Дното на садовите за
готвење треба да е што е
можно подебело и
порамно.
Садовите за готвење од
емајлиран челик и оние со
алуминиумско или бакарно
дно можат да
предизвикаат промена на
бојата на стакло-
керамичката површина.
5.2 Öko Timer (Еко тајмер)
За зачувување на енергија, грејачот за
ринглата се исклучува пред да се
огласи програматорот за одбројување.
Разликата во времето на работа
зависи од нивото на поставената
топлина и должината на готвењето.
5.3 Примери на апликации за
готвење
Податоците во табелата се
само дадени како совет.
Поставка на
јачина
Употребете за: Време
(мин.)
Совети
- 1
Одржете ја зготвената
храна топла.
колку
што
треба
Ставете капак на садовите
за готвење.
1 - 3 Холандски сос, топење:
путер, чоколадо, желатин.
5 - 25 Мешајте од време на
време.
1 - 3 Зацврстување: ровки
омлети, пржени јајца.
10 - 40 Гответе покриено со капак.
www.electrolux.com12
Поставка на
јачина
Употребете за: Време
(мин.)
Совети
3 - 5 Готвење ориз и јадења со
млеко, подгревање готови
јадења.
25 - 50 Додајте најмалку двапати
повеќе течност од
количеството ориз,
мешајте ги јадењата со
млеко во текот на
готвењето.
5 - 7 Зеленчук, риба, месо,
готвени на пареа.
20 - 45 Додајте неколку супени
лажици течност.
7 - 9 Компири на пареа. 20 - 60 Употребете макс. ¼ l вода
за 750 g компири.
7 - 9 Готвење големи
количества храна, чорби и
супи.
60 -
150
До 3 l течност плус
состојките.
9 - 12 Благо пржење: шницли,
телешко кордон блу,
котлети, ќофтиња, колбаси,
џигер, запршка, јајца,
палачинки, крофни.
колку
што
треба
Превртете на половина од
времето.
12 - 13 Целосно пржење, рендани
компири, бифтеци, стекови.
5 - 15 Превртете на половина од
времето.
14 Зовривање вода, варење тестенини, запржување месо (гулаш,
месо за печење), помфрит во многу масло.
6. НЕГА И ЧИСТЕЊЕ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Видете во поглавјата за
заштита и сигурност.
6.1 Општи информации
Чистете ги садовите за готвење по
секоја употреба.
Секогаш употребувајте садови за
готвење со чисто дно.
Гребаниците или темните дамки на
површината не влијаат врз
работата на апаратот.
Користете специјално средство за
чистење наменето за површини за
готвење.
Употребувајте специјално стругало
за стаклото.
6.2 Чистење на плочата за
готвење
Веднаш отстранете: стопена
пластика, пластична фолија и храна
што содржи шеќер. Во спротивно,
нечистотијата може да предизвика
оштетување на плотната за
готвење. Ставете го стругалото на
стаклената површина под остар
агол и движете го сечивото по
површината.
Извадете ги откако апаратот е
доволно изладен: прстени од
бигор, вода, дамки од маснотии,
светкави метални промени на
бојата. Чистете ја плотната за
готвење со влажна крпа и малку
детергент. По чистењето, исушете
го апаратот со мека крпа.
МАКЕДОНСКИ 13
7. РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМИ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Видете во поглавјата за
заштита и сигурност.
7.1 Што да направите ако...
Проблем Можна причина Решение
Не можете да ја вклучите
или да ракувате со
површината за готвење.
Апаратот не е поврзан со
напојување за струја или
не е правилно поврзан.
Проверете дали апаратот
е правилно поврзан со
електрична енергија.
Видете го дијаграмот за
поврзување.
Избил осигурувач. Проверете дали
осигурувачот е причина
за дефектот. Ако
осигурувачот постојано
избива, стапете во
контакт со квалификуван
електричар.
Вклучете ја површината
за готвење повторно и
поставете ја
температурата за
помалку од 10 секунди.
Истовремено сте
допреле 2 или повеќе
сензорски полиња.
Допирајте само по едно
сензорско поле.
Функцијата STOP+GO
работи.
Видете во „Секојдневна
употреба“.
Има дамки од вода или
маснотија на контролната
табла.
Исчистете ја контролната
табла.
Се огласува звучен
сигнал и плочата за
готвење се исклучува.
Се огласува звучен
сигнал кога површината
за готвење е исклучена.
Сте ставиле нешто или
едно или на повеќе
сензорски полиња.
Тргнете го предметот од
сензорските полиња.
Плотната за готвење се
исклучува.
Сте ставиле нешто на
сензорското поле .
Тргнете го предметот од
сензорското поле.
Показно светло за
преостаната топлина не
се вклучува.
Ринглата не е жешка
затоа што работела само
кратко време.
Ако ринглата работела
доволно долго за да е
жешка, јавете се во
Овластениот сервис.
www.electrolux.com14
Проблем Можна причина Решение
Не работи функцијата
Автоматско загревање.
Ринглата е жешка. Оставете ринглата да се
излади доволно.
Поставена е највисока
температура.
Поставката за највисока
температура има иста
јачина како и функцијата.
Не можете да го вклучите
надворешниот прстен.
Прво вклучете го
внатрешниот прстен.
Има темна област
на повеќенаменската
рингла.
Нормално е да има
темна област на
повеќенаменската
рингла.
Сензорските полиња се
вжештуваат.
Садот за готвење е
преголем или сте го
ставиле многу блиску до
контролите.
Големите садови за
готвење ставајте ги на
задните рингли, ако е
потребно.
Нема сигнал кога ќе ги
допрете сензорските
копчиња на таблата.
Сигналите се исклучени. Вклучете ги сигналите.
Видете во „Секојдневна
употреба“.
се вклучува.
Автоматски исклучување
е во функција .
Исклучете ја и повторно
вклучете ја површината
за готвење.
се вклучува.
Уред за безбедност на
деца или функцијата
Заклучување работи.
Видете во „Секојдневна
употреба“.
Се прикажува и број.
Има грешка на
површината за готвење.
Исклучете ја површината
за готвење од струја
извесно време.
Исклучете го
осигурувачот од
електричниот систем на
куќата. Вклучете го
повторно. Ако повторно
се запали , обратете
се во Овластен сервисен
центар.
7.2 Ако не можете да најдете
решение...
Ако не можете самите да го решите
проблемот, обратете се кај Вашиот
продавач или во овластениот
сервисен центар. Наведете ги
податоците од плочката за
спецификации. Исто така наведете ја
и троцифрената шифра за стакло-
керамика (се наоѓа во аголот на
стаклената површина) и пораката за
грешка која се пали. Внимавајте да
работите со површината за готвење
правилно. Ако неправилно сте
ракувале со површината за готвење,
сервисирањето од страна на
сервисниот техничар или на
продавачот нема да биде бесплатно,
дури и во гарантниот период.
МАКЕДОНСКИ 15
Упатствата за службата за односи со
корисниците и за условите на
гаранцијата се наведени во
гарантниот лист.
8. МОНТАЖА
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Видете во поглавјата за
заштита и сигурност.
8.1 Пред монтажата
Пред да ја монтирате површината за
готвење, напишете ги информациите
подолу од плочката за спецификации.
Плочката со спецификации се наоѓа
на дното од куќиштето на апаратот.
Сериски број (S.N.) ............
8.2 Вграден
Користете ги апаратите што се
вградуваат само ако се претходно
вградени во соодветни елементи за
вградување и во работни површини
кои ги исполнуваат стандардите.
8.3 Кабел за поврзување
Површината за готвење се
испорачува со кабел за струја.
За да замените оштетениот кабел
користете го следниот (или
повисок) вид на кабел: H05BB-F
Tmax 90°C. Обратете се во
локалниот сервисен центар.
8.4 Комплет
min.
50mm
min.
500mm
min.
55mm
R 5mm
680
+1
mm
490
+1
mm
www.electrolux.com16
min.
28 mm
min.
12 mm
min.
20 mm
8.5 Заштитна кутија
Ако користите заштитна кутија
(додатен прибор), заштитното дно
директно под површината за готвење
не е потребно. Додатната заштитна
кутија може да не е достапна во некои
земји. Контактирајте со вашиот
локален дистрибутер.
Не можете да ја користите
заштитната кутија ако ја
монтирате површината за
готвење над печката.
9. ТЕХНИЧКИ ИНФОРМАЦИИ
9.1 Плочка со спецификации
Модел EHF7647FOK PNC (Број на производ) 949 596 006 01
Тип 58 HDD 70 AO 220 - 240 V 50 - 60 Hz
Произведено во Германија
Сериски бр. .......... 7.5 kW
ELECTROLUX
МАКЕДОНСКИ 17
9.2 Спецификации за ринглите
Рингла
Номинална моќност
(Поставка за максимална
топлина) [W]
Дијаметар на рингла [mm]
Лева предна 800 / 1600 / 2300 120 / 175 / 210
Лева задна 1200 145
Десна предна 1800 180
Десна задна 1400 / 2200 170 / 265
За оптимални резултати при
готвењето користете сад за готвење
којшто не е поголем од дијаметарот на
ринглата.
10. ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ
10.1 Информации за производот според EU 66/2014
Идентификација на модел EHF7647FOK
Вид на плоча за готвење Вградена
плоча за
готвење
Број на рингли 4
Технологија на греење Светлосен
грејач
Дијаметар на кружни рингли (Ø) Лева предна
Лева задна
Десна предна
21,0 cm
14,5 cm
18,0 cm
Должина (L) и ширина (W) на некружни
рингли
Десна задна L 17,0 cm
W 26,5 cm
Потрошувачка на енергија на рингла
(Готвење на електрична енергија)
Лева предна
Лева задна
Десна предна
Десна задна
191,3 Wh / kg
196,8 Wh / kg
182,4 Wh / kg
176,8 Wh / kg
Потрошувачка на енергија на плочата за
готвење (Плоча за готвење на електрична
енергија)
186,8 Wh / kg
EN 60350-2 - Електрични апарати за
готвење во домаќинство - Дел 2:
Плочи за готвење - Методи за мерење
на перформанс
10.2 Штедење на енергија
Можете да заштедите енергија за
време на секојдневното готвење ако го
следите советите дадени подолу.
Ставете го садот за готвење над
ринглата пред да ја вклучите.
Дното од садот за готвење и
ринглата треба да бидат со иста
големина.
Ставете помали садови за готвење
на помалите рингли.
Ставете го садот за готвење
директно во центарот на ринглата.
www.electrolux.com18
Кога ќе ја загреете водата користе
само онолку колку што Ви е
потребно.
Ако е можно, секогаш ставајте
капак на садот за готвење.
Користете ја преостаната топлина
за да ја зачувата храната топла или
да ја стопите.
11. ГРИЖА ЗА ОКОЛИНАТА
Рециклирајте ги материјалите со
симболот . Ставете ја амбалажата
во соодветни контејнери за да ја
рециклирате. Помогнете во заштитата
на живтната средина и човековото
здравје и рециклирајте го отпадот од
електрични и електронски апарати. Не
фрлајте ги апаратите озанчени со
симболот во отпадот од
домаќинството. Вратете го производот
во вашиот локален капацитет за
рециклирање или контактирајте ја
вашата општинска канцеларија.
МАКЕДОНСКИ 19
САДРЖАЈ
1. ИНФОРМАЦИЈЕ О БЕЗБЕДНОСТИ.............................................................. 21
2. УПУТСТВА О БЕЗБЕДНОСТИ....................................................................... 22
3. ОПИС ПРОИЗВОДА........................................................................................25
4. СВАКОДНЕВНА УПОТРЕБА.......................................................................... 27
5. КОРИСНИ САВЕТИ.........................................................................................30
6. НЕГА И ЧИШЋЕЊЕ........................................................................................31
7. РЕШАВАЊЕ ПРОБЛЕМА...............................................................................32
8. ИНСТАЛАЦИЈА............................................................................................... 34
9. ТЕХНИЧКЕ ИНФОРМАЦИЈЕ..........................................................................35
10. ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ...................................................................... 36
МИ МИСЛИМО НА ВАС
Хвала вам што сте купили Electrolux уређај. Одабрали сте производ који са
собом носи више деценија професионалног искуства и иновација. Генијалан
и модеран, дизајниран је имајући у виду вас. Према томе, сваки пут када га
користите можете бити сигурни да ћете добити одличне резултате .
Добро дошли у Electrolux.
Посетите наш веб сајт на адреси:
Обезбедите савете у вези са коришћењем, брошуре, решења за
проблеме, информације о сервисирању:
www.electrolux.com
Региструјте свој производ ради боље услуге:
www.registerelectrolux.com
Купите додатни прибор, потрошни материјал и оригиналне резервне
делове за свој уређај:
www.electrolux.com/shop
БРИГА О КОРИСНИКУ И СЕРВИСИРАЊЕ
Препоручујемо вам да користите оригиналне резервне делове.
Приликом обраћања сервисној служби, проверите да ли поседујете следеће
податке: Модел, број производа (PNC), серијски број.
Информације се могу наћи на плочици са техничким карактеристикама.
Упозорење/опрез - упутства о безбедности
Опште информације и савети
Информације о заштити животне средине
Задржано право измена.
www.electrolux.com20
  • Page 1 1
  • Page 2 2
  • Page 3 3
  • Page 4 4
  • Page 5 5
  • Page 6 6
  • Page 7 7
  • Page 8 8
  • Page 9 9
  • Page 10 10
  • Page 11 11
  • Page 12 12
  • Page 13 13
  • Page 14 14
  • Page 15 15
  • Page 16 16
  • Page 17 17
  • Page 18 18
  • Page 19 19
  • Page 20 20
  • Page 21 21
  • Page 22 22
  • Page 23 23
  • Page 24 24
  • Page 25 25
  • Page 26 26
  • Page 27 27
  • Page 28 28
  • Page 29 29
  • Page 30 30
  • Page 31 31
  • Page 32 32
  • Page 33 33
  • Page 34 34
  • Page 35 35
  • Page 36 36
  • Page 37 37
  • Page 38 38
  • Page 39 39
  • Page 40 40
  • Page 41 41
  • Page 42 42
  • Page 43 43
  • Page 44 44
  • Page 45 45
  • Page 46 46
  • Page 47 47
  • Page 48 48
  • Page 49 49
  • Page 50 50
  • Page 51 51
  • Page 52 52
  • Page 53 53
  • Page 54 54
  • Page 55 55
  • Page 56 56

Electrolux EHF7647FOK Kullanım kılavuzu

Tip
Kullanım kılavuzu