Electrolux EGC3322NOK Kullanım kılavuzu

Tip
Kullanım kılavuzu
EGC3322NOK
MK ПЛОЧА ЗА ГОТВЕЊЕ УПАТСТВО ЗА РАКУВАЊЕ 2
RO PLITĂ MANUAL DE UTILIZARE 19
TR OCAK KULLANMA KILAVUZU 35
СОДРЖИНА
1. БЕЗБЕДНОСНИ ИНФОРМАЦИИ..................................................................... 3
2. ИНСТРУКЦИИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ.................................................................... 5
3. ОПИС НА ПРОИЗВОДОТ................................................................................. 8
4. СЕКОЈДНЕВНА УПОТРЕБА.............................................................................8
5. ПОМОШ И СОВЕТИ..........................................................................................9
6. НЕГА И ЧИСТЕЊЕ..........................................................................................10
7. РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМИ.........................................................................11
8. МОНТАЖА....................................................................................................... 13
9. ТЕХНИЧКИ ИНФОРМАЦИИ........................................................................... 16
10. ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ...................................................................... 17
НИЕ МИСЛИМЕ НА ВАС
Ви благодариме што го избравте овој апарат на Electrolux. Одбравте
производ којшто носи со себе децении на професионално искуство и
иновации. Уникатен и стилски, дизајниран е специјално за вас. Секогаш кога
ќе го користите, можете да бидете сигурни дека ќе имате добри резултати во
секое време.
Добредојдовте во Electrolux.
Посетете ја нашата страница за да:
Добиете корисни совети, брошури, водич за решавање на проблеми,
информации за сервисирање:
www.electrolux.com
Го регистрирате вашиот производ за подобро сервисирање:
www.registerelectrolux.com
Купувате дополнителен прибор, потрошни или оригинални резервни
делови за вашиот апарат:
www.electrolux.com/shop
ГРИЖА И УСЛУГА ЗА КОРИСНИЦИ
Секогаш користете оригинални резервни делови.
Кога ќе контактирате со нашиот Овластен сервис, треба да ги имате на
располагање следниве податоци: Модел, број на производот, сериски број.
Информациите може да ги најдете на плочката со спецификации.
Предупредување / Внимание - Безбедносни информации
Општи информации и совети
Информации за животната средина
Можноста за промени е задржана.
www.electrolux.com2
1. БЕЗБЕДНОСНИ ИНФОРМАЦИИ
Пред монтажата и употребата на овој апарат,
внимателно прочитајте ги приложените упатства.
Производителот не е одговорен ако неправилната
монтажа и употреба предизвикаат повреди и
оштетувања. Секогаш чувајте го упатството со
апаратот за идна употреба.
1.1 Безбедност на деца и ранливи лица
Овој апарат можат да го користат деца над 8
години и лица со намалени физички, сетилни или
ментални способности или лица без искуство и
знаење доколку тоа го прават под надзор или им
биле дадени упатства како безбедно да го
употребуваат апаратот и ги разбираат опасностите
поврзани со него.
Не дозволувајте им на децата да играат со
апаратот.
Чувајте го пакувањето настрана од дофат на деца.
Држете ги децата и миленичињата подалеку од
апаратот кога тој работи или кога се лади.
Деловите кои се достапни се жешки.
Доколку апаратот има уред за безбедност на деца,
ви препорачуваме да го активирате.
Чистењето и одржувањето од страна на
корисникот не треба да го прават деца без надзор.
Апаратот не смее да биде во дофат на деца
помали од 3 години освен ако не се под постојан
надзор.
1.2 Општа безбедност
Апаратот и неговите достапни делови се
вжештуваат за време на употребата. Не допирајте
ги грејните елементи.
Не управувајте со апаратот со надворешен тајмер
или со посебен систем за далечинско управување.
МАКЕДОНСКИ 3
Готвењето на површина за готвење со маст или
масло без надзор може да биде опасно и да
доведе до пожар.
Никогаш не гаснете оган со вода, туку исклучете го
апаратот, а потоа покријте го пламенот, на пр. со
капак или со специјално противпожарно кебе.
Не чувајте предмети на површините за готвење.
Металните предмети, какви што се ножеви,
виљушки, лажици и капаци, не треба да се
оставаат на површината за готвење бидејќи може
да се вжештат.
Не користете чистач на пареа за чистење на
апаратот.
Ако стакло-керамичката / стаклената површина е
напукната, исклучете го апаратот за да ја
избегнете можноста од струен удар.
Во случај на кршење на стаклото на жешката
рингла:
веднаш исклучете ги сите пламеници и грејниот
елемент и изолирајте го апаратот од довод на
електрична енергија,
не ја допирајте површината на апаратот,
не користете го апаратот.
Доколку кабелот за напојување се оштети, треба
да се замени од страна на производителот,
овластен сервисен претставник или слично
квалификувани лица за да се избегне опасност.
Кога апаратот е директно приклучен на електрично
напојување, има потреба од четири-полен
изолиран прекинувач со спојница. Комплетно
исклучување во согласност со условите наведени
во категоријата за прекумерна волтажа III мора да
биде загарантирано. Кабелот за заземјување не
подлежи на ова.
Кога ќе го поврзувате кабелот внимавајте кабелот
да не доаѓа во директен контакт (на пример
користење на заштитна изолација) со делови кои
www.electrolux.com4
достигнуваат температури поголеми за 50°C од
собната температура.
2. ИНСТРУКЦИИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ
Овој апарат е погоден за следниве
пазари: MK RO TR
2.1 Монтажа
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Апаратот мора да го
монтира само
квалификувано лице.
Извадете ја целата амбалажа
Немојте да монтирате ниту да
користите оштетен апарат.
Придржувајте се до упатството за
монтажа приложено со апаратот.
Одржувајте минимална
оддалеченост од другите апарати и
делови.
Секогаш внимавајте кога го
преместувате апаратот затоа што е
тежок. Секогаш носете заштитни
ракавици.
Зачепете ги засечените површини
со заптивач за да спречите влагата
да предизвика надигнување.
Заштитете го дното на апаратот од
пареа и влага.
Не го монтирајте апаратот во
близина на врата или под прозорец.
На овој начин ќе спречите некој
жежок сад за готвење да падне од
апаратот кога вратата или
прозорецот се отворени.
Ако апаратот е монтиран над
фиоки, внимавајте просторот
помеѓу дното на апаратот и горната
фиока да е доволен за циркулација
на воздух
Дното на апаратот може да стане
жешко. Уверете се дека сте
монтирале незапалива плоча за
одделување под апаратот за да
спречите пристап до дното.
2.2 Поврзување со струја
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Ризик од пожар и струен
удар.
Секое поврзување со струја треба
да биде направено од
квалификуван електричар.
Апаратот мора да биде заземјен.
Пред да се изведуваат какви било
работи, проверете дали апаратот е
исклучен од струја.
Проверете дали информацијата за
напојување со струја на плочката
со спецификации се совпаѓа со
напојувањето со струја. Доколку не
се совпаѓа, контактирајте со
електричар.
Проверете дали апаратот е
правилно монтиран. Лабав и
несоодветен кабел за струја или
приклучок (ако е применливо) може
да предизвика прегревање на
терминалот.
Користете соодветен кабел за
струја.
Не оставајте ги каблите да се
заплеткаат.
Проверете дали е монтирана
заштитата од струен удар.
Користете клема за да го
ослободите кабелот од напон.
Проверете дали кабелот за струја
или приклучокот (ако е применливо)
го допира топлиот апарат или
топлите садови за готвење кога го
поврзувате апаратот со штекери во
близина
Не користете адаптери со повеќе
приклучоци и продолжени кабли.
Потрудете се да не го оштетите
приклучокот за струја (ако е
применливо) или кабелот за струја.
Контактирајте го нашиот Овластен
сервисен центар или електричар за
да го смените оштетениот кабел.
Заштитата од електричен удар на
активните и изолираните делови
МАКЕДОНСКИ 5
мора да се поврзе на таков начин
што нема да може да се извади без
алатки.
Поврзете го приклучокот за струја
со штекерот на крајот од
монтажата. Проверете дали
приклучокот за струја е пристапен
по монтирањето.
Доколку штекерот е лабав, не
приклучувајте го приклучокот за
струја.
Не повлекувајте го кабелот за
струја за да го исклучите апаратот.
Секогаш повлекувајте го
приклучокот.
Користете само соодветни уреди за
изолација: заштитни прекинувачи
на линија, осигурувачи
(осигурувачи на вртење извадени
од држачот), заземјување и
контактори.
Електричната инсталација мора да
има изолациски уред кој што ви
овозможува да го исклучите
апаратот од приклучокот за струја
од сите полови. Изолацискиот уред
мора да има контактен отвор со
ширина од најмалку 3 mm.
2.3 Поврзување на гас
Секое поврзување на гас треба да
биде направено од квалификувано
лице.
Пред монтирањето, уверете се
дека локалните комунални услуги
(видот на гасот и притисокот)
одговараат на барањата за
приклучување на апаратот.
Овозможете кружење на воздух
околу апаратот.
Информациите за доводот на гас се
на плочката со податоци.
Овој апарат не смее да се поврзува
со уред кој служи за евакуација на
запаливи производи. Овозможете
поврзување на апаратот според
тековните прописи за монтажа.
Внимавајте на условите кои се
дадени за соодветната
вентилација.
2.4 Употреба
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Постои опасност од
повреда, изгореници или
струен удар.
Отстранете ја целата амбалажа,
етикетата и заштината фолија (ако
е применливо) пред првата
употреба.
Овој апарат користете го само во
домашни услови.
Не менувајте ги спецификациите на
овој апарат.
Погрижете се отворите за
вентилација да не бидат блокирани.
Не оставајте го апаратот без
надзор додека работи.
Поставувајте ја ринглата на
„исклучено“ („off“) по секоја
употреба.
Не ставајте прибор за јадење или
капаци од тенџериња на ринглите.
Тие може да станат жешки.
Не ракувајте со апаратот со влажни
раце или кога тој има контакт со
вода.
Не употребувајте го апаратот како
работна површина или како простор
за складирање.
Кога ставате храна во жешко
масло, може да прска.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Опасност од пожар и
изгореници
При загревање, маснотиите и
маслото можат да испуштаат
запаливи пареи. Држете го огнот
или загреаните предмети подалеку
од маснотиите и маслата кога
готвите со нив.
Пареата што ја испушта маслото
коешто е многу жешко може да
предизвика спонтано запалување.
Искористеното масло кое може да
содржи остатоци од храна, може да
предизвика пожар на пониска
температура од маслото што се
користи за прв пат.
Не ставајте запаливи производи
или предмети натопени со
запаливи средства во, блиску до,
или на апаратот.
www.electrolux.com6
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Опасност од оштетување
на апаратот.
Не чувајте жешки садови за
готвење на контролната табла.
Не оставајте ги садовите за
готвење да вријат на суво.
Внимавајте предметите или
садовите за готвење да не паднат
на апаратот. Може да се оштети
површината.
Не вклучувајте ги ринглите со
празни садови за готвење или без
садови за готвење.
Не ставајте алуминиумска фолија
на апаратот.
Садовите за готвење направени од
лиено железо, алуминиум или со
оштетено дно може да
предизвикаат гребнатини на
стаклото / стакло-керамиката. Овие
предмети секогаш кревајте ги кога
треба да ги преместувате на
површината за готвење.
Користете само стабилни садови за
готвење со правилен облик и
дијаметар не поголем од
димензиите на пламениците.
Осигурете се дека садот за готвење
е централно позициониран на
пламениците.
Потрудете се пламенот да не се
изгасне кога брзо ќе го свртите
копчето од максималната во
минималната положба.
Користете го само дополнителниот
прибор испорачан заедно со
апаратот.
Не монтирајте дифузер за пламен
на пламениците.
Употребата на апарат за готвење
на гас произведува топлина и
влага. Обезбедете добра
вентилација во собата каде е
монтиран апаратот.
Продолженото интензивно
користење на апаратот може да
бара дополнителна вентилација, на
пример, отворање прозорец или
поефикасна вентилација, односно
зголемување на јачината на
механичката вентилација, онаму
каде што ја има.
Овој апарат е наменет само за
готвење. Не смее да се користи за
други намени, на пример за
загревање на простории.
Не дозволувајте кисели течности,
како што е оцетот, лимоновиот сок
или средствата за отстранување
бигор да допрат до плочата за
готвење. Тоа може да ја оштети
глазурата и сјајот.
2.5 Нега и чистење
Редовно чистете го апаратот за да
спречите оштетување на
материјалот на површината.
Исклучете го апаратот и оставете
го да се излади пред да го чистите.
Исклучете го апаратот на
напојувањето со струја пред
оддржувањето.
Не користете воден спреј и пареа
за чистење на апаратот.
Чистете го апаратот со мека,
влажна крпа. Користете само
неутрални детергенти. Не
користете абразивни производи,
абразивни сунѓери за чистење,
растворувачи или метални
предмети.
Немојте да ги чистите пламениците
во машината за миење садови.
2.6 Расходување
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Ризик од повреда или
задушување.
Контактирајте со општинската
власт за да добиете информации
за правилно расходување на
апаратот.
Исклучете го апаратот од
приклучокот за струја.
Отсечете го кабелот за струја и
фрлете го.
Отворете ги надворешните цевки
за гас.
2.7 Сервисирање
За да го поправите апаратот
контактирајте го Овластениот
сервисен центар.
МАКЕДОНСКИ 7
Користете само оригинални
резервни делови.
3. ОПИС НА ПРОИЗВОДОТ
3.1 Распоред на површината за готвење
1
2
3
1
Брз пламеник
2
Помошен пламеник
3
Контролни копчиња
3.2 Контролно копче
Знак Опис
затворен довод на гас /
исклучена положба
положба за палење /
максимален довод на
гас
Знак Опис
минимален довод на
гас
4. СЕКОЈДНЕВНА УПОТРЕБА
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Видете во поглавјата за
заштита и сигурност.
4.1 Преглед на пламеник
A
B
C
A) Капак и круна на пламеникот
B) Термоeлемент
www.electrolux.com8
C) Свеќичка за палење
4.2 Палење на пламеникот
Секогаш прво палете го
пламеникот пред да
ставите сад за готвење.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Бидете многу внимателни
кога користите отворен
оган во кујната.
Производителот одбива
секаква одговорност во
случај на злоупотреба на
пламенот.
1. Притиснете го контролното копче
надолу и завртете го налево до
положба за максимален довод на
гас (
).
2. Држете го контролното копче
притиснато околу 10 секунди или
помалку. Ова ќе овозможи
загревање на термоелементот. Ако
не, доводот на гас ќе се прекине.
3. Регулирајте го пламенот откако ќе
се стабилизира.
Ако не можете да го
запалите пламеникот и по
неколку обиди, проверете
дали круната и капачето се
правилно наместени.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Не држете го копчето
притиснато подолго од 15
секунди. Ако пламеникот
не се запали по 15
секунди, отпуштете го
контролното копче,
свртете го во исклучена
положба и обидете се
повторно да го запалите
пламеникот по минимум 1
минута.
ВНИМАНИЕ!
Ако нема струја,
пламеникот можете да го
запалите без електричен
уред; во ваков случај,
приближете пламен до
пламеникот, свртете го
контролното копче налево
на положба за максимален
проток на гас. Држете го
притиснато контролното
копче најмногу 10 секунди
за да се загрее
термоелементот.
Доколку пламеникот
случајно се изгасне,
свртете го контролното
копче на позиција за
исклучување и обидете се
повторно да го запалите
пламеникот после
минимум 1 минута.
Свеќичката се вклучува
автоматски кога ќе го
вклучите приклучокот на
струја, после монтажата
или после прекин на
електричната струја. Тоа е
нормално.
4.3 Гасење на пламеникот
За да го изгаснете пламенот, свртете
го копчето во положба на исклучено
.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Намалете го или исклучете
го пламенот пред да ги
тргнете тенџерињата од
пламеникот.
5. ПОМОШ И СОВЕТИ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Видете во поглавјата за
заштита и сигурност.
МАКЕДОНСКИ 9
5.1 Садови за готвење
ВНИМАНИЕ!
Не користете садови од
лиено железо, садови од
керамика, земјени садови,
плочи за скара или тостер.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Не ставајте ја истата тава
на два пламеника.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Не ставајте нестабилни
или оштетени тенџериња
на пламеникот за да се
заштитите од преливање и
повреда.
ВНИМАНИЕ!
Внимавајте дното на
тенџерињата да не стои
над контролното копче, во
спротивно, пламенот ќе го
загрее контролното копче.
ВНИМАНИЕ!
Погрижете се рачките на
тенџерето да не бидат над
предниот раб на плочата
за готвење.
ВНИМАНИЕ!
Погрижете се тенџерињата
да бидат поставени
централно на пламеникот
за да постигнете
максимална стабилност и
помала потрошувачка на
гас.
ВНИМАНИЕ!
Течноста којашто тече за
време на готвењето може
да предизвика кршење на
стаклото.
5.2 Дијаметри на садовите за
готвење
Користете само садови за
готвење со дијаметар кој
одговара на димензиите на
пламениците.
Пламеник Дијаметар на
садови за
готвење
(mm)
Брз 160 - 240
Помошен 80 - 160
6. НЕГА И ЧИСТЕЊЕ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Видете во поглавјата за
заштита и сигурност.
6.1 Општи информации
Чистете ги садовите за готвење по
секоја употреба.
Секогаш употребувајте садови за
готвење со чисто дно.
Гребаниците или темните дамки на
површината не влијаат врз
работата на апаратот.
Користете специјално средство за
чистење наменето за површини за
готвење.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Не користете ножеви,
стругалки или слични
инструменти за да ја
исчистите површината на
стаклото или помеѓу
рабовите на пламениците
и на рамката (ако ги има).
Измијте ги деловите од
не’рѓосувачки челик со вода, а
потоа избришете ги со мека крпа.
www.electrolux.com10
6.2 Држачи за садови
Држачите за садови не се
отпорни на миење во
машина за миење садови.
Тие мора да се мијат
рачно.
1. За полесно чистење на
површината за готвење, можете да
ги извадите држачите за садови.
Бидете многу
внимателни при
враќањето на држачите
за садови за да
спречите ошттетување
на горниот дел на
површината за
готвење.
2. Облогата од емајл понекогаш
може да има остри рабови, па
бидете внимателни кога ги миете и
бришете држачите за садови. Ако
е потребно, отстранете ги
тврдокорните дамки со крем-
детергент.
3. Откако ќе ги исчистите држачите
за садови, проверете дали се
наместени на точната положба.
4. За да работат пламениците
правилно, погрижете се рачките на
држачите за садови да бидат
порамнети со центарот на
пламеникот.
6.3 Чистење на плочата за
готвење
Веднаш отстранете: стопена
пластика, пластична фолија и храна
што содржи шеќер. Во спротивно,
нечистотијата може да предизвика
оштетување на плотната за
готвење.
Извадете ги откако апаратот е
доволно изладен: прстени од
бигор, вода, дамки од маснотии,
светкави метални промени на
бојата. Чистете ја плотната за
готвење со влажна крпа и малку
детергент. По чистењето, исушете
го апаратот со мека крпа.
За чистење на емајлираните
делови, капакот и круната, измијте
ги со топла сапуница и исушете ги
внимателно пред да ги вратите
назад.
6.4 Чистење на свеќичката
Оваа функција се добива преку
керамичка свеќичка за палење со
метална електрода. Секогаш држете
ги овие компоненти многу чисти за да
избегнете отежнато палење и редовно
проверувајте да не се затнати дупките
од круната на пламеникот.
6.5 Периодично одржување
Повремено разговарајте со вашиот
локален сервисен центар за да ја
проверат состојбата на цревото за
довод на гас и на регулаторот на
притисокот, ако го има.
7. РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМИ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Видете во поглавјата за
заштита и сигурност.
МАКЕДОНСКИ 11
7.1 Што да направите ако...
Проблем Можна причина Решение
Има искри кога сакате да
го вклучите генераторот
на пареа.
Апаратот не е поврзан со
напојување за струја или
не е правилно поврзан.
Проверете дали апаратот
е правилно поврзан со
електрична енергија.
Избил осигурувач. Проверете дали
осигурувачот е причина
за дефектот. Ако
осигурувачот постојано
избива, стапете во
контакт со квалификуван
електричар.
Капата и круната на
пламениците не се
правилно поставени.
Поставете ги правилно
капата и круната на
пламениците.
Пламенот се гасне
веднаш по палењето.
Термоелементот не е
доволно загреан.
Откако ќе го запалите
пламенот, држете го
копчето притиснато 10
секунди или пократко од
тоа.
Прстенот со пламен е
нерамномерен.
Круната на пламеникот е
затната со остатоци од
храна.
Проверете да не е затнат
инјекторот и дали е чиста
круната од пламеникот.
7.2 Ако не можете да најдете
решение...
Ако не можете самите да го решите
проблемот, обратете се кај вашиот
продавач или во овластениот
сервисен центар. Наведете ги
податоците од плочката за
спецификации. Осигурете се дека
правилно работите со површината за
готвење. Ако неправилно сте ракувале
со површината за готвење,
сервисирањето од страна на
сервисниот техничар или на
продавачот нема да биде бесплатно,
дури и во гарантниот период.
Упатствата за службата за односи со
корисниците и за условите на
гаранцијата се наведени во
гарантниот лист.
www.electrolux.com12
7.3 Обезбедени етикети со
приборот
Залепете ги лепливите етикети како
што е прикажано долу:
MOD.
PROD.NO.
SER.NO
DATA
MOD.
PROD.NO.
SER.NO
DATA
MOD.
PROD.NO.
SER.NO.
03 IT
MADE IN ITALY
TYPE
IP20
0049
A B C
A) Залепете го на Гаранцијата и
испратете го овој дел (ако е
применливо).
B) Залепете го на Гаранцијата и
чувајте го овој дел (ако е
применливо).
C) Залепете го на упатството.
8. МОНТАЖА
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Видете во поглавјата за
заштита и сигурност.
8.1 Пред монтажата
Пред да ја монтирате површината за
готвење, напишете ги информациите
подолу од плочката за спецификации.
Плочката со спецификации се наоѓа
на дното од куќиштето на апаратот.
Опис на
моделот ....................................
...
Број на производ
(PNC) ...................................
Сериски број (S.N.) ............
8.2 Поврзување на гас
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Следниве упатства за
монтажа, поврзување и
одржување мора да ги
изведуваат квалификувани
техничари во согласност
со стандардите и
локалните важечки
прописи.
Одберете фиксен приклучок или
употребете флексибилна цевка од
не'рѓосувачки челик во согласност со
важечките закони. Ако употребувате
флексибилни метални цевки, бидете
внимателни да не дојдат во допир со
подвижните делови или да не бидат
МАКЕДОНСКИ 13
смачкани. Бидете внимателни и кога
површината за готвење е споена со
печката.
Проверете дали
притисокот на доводот на
гас на апаратот е во
согласност со
препорачаните вредности.
Спојката што може да се
конвертира се прицврстува
на широката рампа со
помош на навртка со навој
G 1/2". Заштрафете ги
деловите и стегнете ги
сите со тефлонска лента,
ако е неопходно, за да го
добиете потребниот
правец.
A
B
C
A) Крај на вратилото со навртка
B) Дихтунг
C) Зглоб (доколку е потребно)
Течен гас
Користете држач за гумено црево за
течен гас. Секогаш користете дихтунг.
Потоа продолжете со поврзувањето на
гасот.
Флексибилната цевка е подготвена за
примена кога:
не може да се загрее повеќе од
собна температура, повисоко од
30°C;
не е подолга од 1500 mm;
нема затнувања;
не е изложена на истегнување или
усукување;
не доаѓа во допир со остри рабови
или агли;
може лесно да се прегледа за да се
утврди нејзината состојбата.
Контролата на состојбата на
флексибилната цевка се состои од
проверка на следниве работи:
да не е напукнато, расечено или
подгорено на двата краја и по
целата должина;
дали материјалот е стврднат, и
дали е соодветно еластичен;
стегите да не се 'рѓосани;
рокот на траење да не е поминат.
Ако се забележат една или повеќе
неправилности, не поправајте го
цревото, туку заменете го.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Кога ќе завршите со
монтажата, проверете
дали заптивката на секоја
цевка е соодветна.
Употребете сапунеста
течност, а не пламен!
8.3 Замена на дизните
1. Отстранете ги држачите за садови.
2. Отстранете ги капаците и круните
од пламеникот.
3. Одвртете ги вбризгувачите со клуч
бр. 7 и заменете ги со други,
потребни за типот на користениот
гас (погледнете ја табелата во
поглавјето „Технички податоци“).
4. Составете ги деловите следејќи ја
истата процедура по обратен
редослед.
5. Заменете ја плочката со
спецификации (се наоѓа близу
цревото за довод на гас) со онаа
за новиот тип за довод на гас.
Плочката ќе ја најдете во
пакувањето испорачано со
апаратот.
Ако притисокот за довод на гас е
променлив или различен од
потребниот притисок, морате да
наместите применлив прилагодувач за
притисок на цревото за довод на гас.
www.electrolux.com14
8.4 Приспособување на
минималното ниво
За регулирање на минималното ниво
на пламениците:
1. запалете го пламеникот.
2. Свртете го копчето на
минималната положба.
3. Извадете го копчето.
4. Регулирајте ја положбата на
шрафот за бајпас со помош на
тенок шрафцигер (А).
A
5. Ако направите промена:
од природен гас со G20 20 mbar
на течен гас, целосно затегнете
го шрафот на бајпасот.
од течен гас на природен гас
G20 20 mbar, одвртете го
штрафот за бајпас за околу 1/4
вртење.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Проверете дали пламенот
се гасне кога брзо ќе го
свртите копчето од
максимална во минимална
положба.
8.5 Поврзување со струја
Погрижете се номиналниот напон и
типот на струјата наведени на
плочката со спецификации да
одговараат на напонот и струјата
на локалната мрежа.
Овој апарат се испорачува со кабел
за напојување. Треба да биде
испорачан со соодветен приклучок
што може да го издржи
оптеретувањето означено на
плочката со спецификации.
Внимавајте да го ставите
приклучокот во точниот штекер.
Секогаш користете правилно
монтиран штекер отпорен на
струјни удари.
Осигурете се дека приклучокот за
струја е пристапен по монтирањето.
Не повлекувајте го кабелот за
струја за да го исклучите апаратот.
Секогаш повлекувајте го
приклучокот.
Постои ризик од пожар кога
апаратот е поврзан со продолжен
кабел, адаптер или многукратен
приклучок. Осигурете се дека
заземјувањето е направено во
согласност со стандардите и
правилата.
Не го оставајте кабелот за струја да
се загрее на температура повисока
од 90°C.
Внимавајте да го поврзете
синиот неутрален кабел со
приклучокот со буквата
„N“ на него. Поврзете го
кафениот (или црниот)
фазен кабел со
приклучокот со буквата „L“.
Фазниот кабел треба да
биде поврзан цело време.
8.6 Кабел за поврзување
За да го замените кабелот за
поврзување, користете само
специјален кабел или негов
еквивалент. Видот на кабел е
следниот: H05V2V2-F T90.
Проверете дали пресекот на кабелот
одговара на напонот и на работната
температура. Жолтата/зелената жица
за заземјување мора да биде околу 2
cm подолга од кафеавата (или црната)
жица за фазата.
МАКЕДОНСКИ 15
8.7 Вградување
30 mm
55 mm
40-50 mm
min. 650 mm
490 mm
min. 450 mm
270 mm
ВНИМАНИЕ!
Монтирајте го апаратот
само на рамна работна
површина.
8.8 Монтажа на повеќе од
една површина за готвење
Доколку треба да се монтираат повеќе
површини за готвење една покрај
друга во ист засек, комплет за
монтажа со потпорен страничен држач
и дополнителни дихтунзи може да се
најдат во Овластените сервисни
центри. Релевантните упатства за
монтажа се доставени во комплетот.
8.9 Можности за вградување
Таблата вградена под површината за
готвење мора лесно да се вади и да
овозможува лесен пристап во случај
на техничка интервенција.
Кујински елемент со врата
min 20 mm
(max 150 mm)
30 mm
60 mm
B
A
A) Табла што се вади
B) Простор за поврзување
Кујнски елемент со печка
Поврзувањето на површината за
готвење со струја мора да се изведе
посебно заради безбедносни причини
и за да може печката лесно да се
извади од елементот.
9. ТЕХНИЧКИ ИНФОРМАЦИИ
9.1 Димензии на површината за готвење
Широчина 290 mm
Длабочина 520 mm
www.electrolux.com16
9.2 Дијаметри на бајпас
ПЛАМЕНИК Ø БАЈПАС 1/100 mm
Брз 52
Помошен 28
9.3 Други технички податоци
ВКУПНА МОЌНОСТ:
Оргинален гас: G20 (2H) 20 mbar = 3,9 kW
Замена за гас: G30/G31 (3B/P) 30/30 mbar = 269 g/h
Електрично
напојување:
230 V ~ 50 Hz
Категорија на
апарат:
II2H3B/P
Приклучување на
гас:
G 1/2"
Класа на апаратот: 3
9.4 Пламеници за ПРИРОДЕН ГАС G20 20 mbar
ПЛАМЕНИК НОРМАЛНА
МОЌНОСТ kW
МИНИМАЛНА
МОЌНОСТ kW
ОЗНАКА НА
ВБРИЗГУВАЧ
1/100 mm
Брз 2,9 0,75 120
Помошен 1,0 0,33 70
9.5 Пламеници за гас за LPG G30/G31 30/30 mbar
ПЛАМЕНИК НОРМАЛНА
МОЌНОСТ
kW
МИНИМАЛН
А МОЌНОСТ
kW
ОЗНАКА НА
ВБРИЗГУВА
Ч 1/100 mm
ДОТЕК НА
НОМИНАЛЕН
ГАС g/h
Брз 2,7 0,75 86 196
Помошен 1,0 0,33 50 73
10. ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ
10.1 Информации за производот според EU 66/2014
Идентификација на модел EGC3322NOK
Вид на површина за готвење Вградена
површина за
готвење
МАКЕДОНСКИ 17
Број на пламеници 2
Енергетска ефикасност на
пламеник
(EE gas burner)
Централен заден - Брз 59.4%
Централен десен - Помошен не е применливо
Енергетска ефикасност на
површина за готвење на гас
(EE gas hob)
59.4%
EN 30-2-1: Куќни апарати за готвење на гас - Дел 2-1: Рационално користење на
енергија - Општо
10.2 Штедење енергија
Пред употреба, проверете дали пламениците и држачите за тавите се
правилно склопени.
Користете само садови за готвење со дијаметар кој одговара на димензиите
на пламениците.
Ставете го тенџерото на централниот дел од пламеникот.
Кога ќе ја загреете водата, користете само онолку колку што Ви е потребно.
Ако е можно, секогаш ставајте капак на садот за готвење.
Кога течноста ќе почне да врие, намалете го пламенот за да крчка течноста.
Ако е можно, користете лонец на пареа. Видете во неговото упатство за
користење.
11. ГРИЖА ЗА ОКОЛИНАТА
Рециклирајте ги материјалите со
симболот . Ставете ја амбалажата
во соодветни контејнери за да ја
рециклирате. Помогнете во заштитата
на живтната средина и човековото
здравје и рециклирајте го отпадот од
електрични и електронски апарати. Не
фрлајте ги апаратите озанчени со
симболот во отпадот од
домаќинството. Вратете го производот
во вашиот локален капацитет за
рециклирање или контактирајте ја
вашата општинска канцеларија.
www.electrolux.com18
CUPRINS
1. INFORMAŢII PRIVIND SIGURANŢA............................................................... 20
2. INSTRUCŢIUNI PRIVIND SIGURANŢA...........................................................21
3. DESCRIEREA PRODUSULUI..........................................................................24
4. UTILIZAREA ZILNICĂ...................................................................................... 25
5. INFORMAŢII ŞI SFATURI................................................................................ 26
6. ÎNGRIJIREA ŞI CURĂŢAREA.......................................................................... 26
7. DEPANARE......................................................................................................27
8. INSTALAREA................................................................................................... 29
9. INFORMAŢII TEHNICE.................................................................................... 32
10. EFICIENŢĂ ENERGETICĂ.............................................................................33
NE GÂNDIM LA DUMNEAVOASTRĂ
Vă mulţumim pentru că aţi achiziţionat un aparat Electrolux. Aţi ales un produs
care include decenii de experienţă profesională şi de inovaţie. Ingenios şi stilat, a
fost conceput special pentru dumneavoastră. Pentru ca atunci când îl utilizaţi să
aveţi întotdeauna aceleaşi rezultate extraordinare.
Bine aţi venit la Electrolux.
Vizitaţi website-ul la:
Aici găsiţi sfaturi privind utilizarea, broşuri, informaţii care vă ajută la
rezolvarea unor probleme apărute şi informaţii despre service:
www.electrolux.com
Înregistraţi-vă produsul pentru a beneficia de servicii mai bune:
www.registerelectrolux.com
Cumpăraţi accesorii, consumabile şi piese de schimb originale pentru aparatul
dvs.:
www.electrolux.com/shop
SERVICIUL DE RELAŢII CU CLIENŢII ŞI SERVICE
Utilizaţi doar piese de schimb originale.
Atunci când contactaţi centrul autorizat de service, asiguraţi-vă că aveţi
disponibile următoarele informaţii: Model, PNC, Număr de serie.
Informaţiile pot fi găsite pe plăcuţa cu datele tehnice.
Avertisment / Atenţie-Informaţii privind siguranţa
Informaţii generale şi recomandări
Informaţii privind mediul înconjurător
Ne rezervãm dreptul asupra efectuãrii de modificãri.
ROMÂNA
19
1. INFORMAŢII PRIVIND SIGURANŢA
Înainte de instalarea şi de utilizarea aparatului, citiţi cu
atenţie instrucţiunile furnizate. Producătorul nu este
responsabil dacă instalarea şi utilizarea incorectă a
aparatului provoacă vătămări şi daune. Păstraţi
întotdeauna instrucţiunile împreună cu aparatul pentru
consultare ulterioară.
1.1 Siguranţa copiilor şi a persoanelor vulnerabile
Acest aparat poate fi utilizat de copiii cu vârsta mai
mare de 8 ani, de persoanele cu capacităţi fizice,
senzoriale sau mentale reduse sau de persoanele fără
cunoştinţe sau experienţă doar sub supraveghere sau
după o scurtă instruire care să le ofere informaţiile
necesare despre utilizarea sigură a aparatului şi să le
permită să înţeleagă pericolele la care se expun.
Nu lăsaţi copiii să se joace cu aparatul.
Nu lăsaţi ambalajul produsului la îndemâna copiilor.
Nu lăsaţi copiii şi animalele să se apropie de aparat
atunci când acesta este în funcţiune sau când se
răceşte. Componentele accesibile sunt fierbinţi.
Dacă aparatul are un dispozitiv de siguranţă pentru
copii, vă recomandăm să-l activaţi.
Curăţarea şi întreţinerea curentă nu trebuie efectuate
de copii nesupravegheaţi.
Copiii cu vârsta mai mică de 3 ani nu trebuie lăsaţi să
se apropie de aparat dacă nu sunt supravegheaţi
permanent.
1.2 Aspecte generale privind siguranţa
Aparatul şi părţile accesibile ale acestuia devin fierbinţi
pe durata utilizării. Nu atingeţi elementele de încălzire.
A nu se folosi aparatul prin intermediul unui
cronometru extern sau cu un sistem telecomandat
separat.
Gătirea neasistată la plită folosind grăsimi sau ulei
poate fi periculoasă şi poate provoca un incendiu.
www.electrolux.com20
  • Page 1 1
  • Page 2 2
  • Page 3 3
  • Page 4 4
  • Page 5 5
  • Page 6 6
  • Page 7 7
  • Page 8 8
  • Page 9 9
  • Page 10 10
  • Page 11 11
  • Page 12 12
  • Page 13 13
  • Page 14 14
  • Page 15 15
  • Page 16 16
  • Page 17 17
  • Page 18 18
  • Page 19 19
  • Page 20 20
  • Page 21 21
  • Page 22 22
  • Page 23 23
  • Page 24 24
  • Page 25 25
  • Page 26 26
  • Page 27 27
  • Page 28 28
  • Page 29 29
  • Page 30 30
  • Page 31 31
  • Page 32 32
  • Page 33 33
  • Page 34 34
  • Page 35 35
  • Page 36 36
  • Page 37 37
  • Page 38 38
  • Page 39 39
  • Page 40 40
  • Page 41 41
  • Page 42 42
  • Page 43 43
  • Page 44 44
  • Page 45 45
  • Page 46 46
  • Page 47 47
  • Page 48 48
  • Page 49 49
  • Page 50 50
  • Page 51 51
  • Page 52 52

Electrolux EGC3322NOK Kullanım kılavuzu

Tip
Kullanım kılavuzu

diğer dillerde