Electrolux EHL7640FOK Kullanım kılavuzu

Tip
Kullanım kılavuzu
EHL7640FOK
ПЛОЧА ЗА ГОТВЕЊЕ
ПЛОЧА ЗА КУВАЊЕ
OCAK
MK
SR
TR
УПАТСТВО ЗА РАКУВАЊЕ 2
УПУТСТВО ЗА УПОТРЕБУ 22
KULLANMA KILAVUZU 41
СОДРЖИНА
1. БЕЗБЕДНОСНИ ИНФОРМАЦИИ..................................................................... 3
2. ИНСТРУКЦИИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ.................................................................... 4
3. ОПИС НА ПРОИЗВОДОТ................................................................................. 7
4. СЕКОЈДНЕВНА УПОТРЕБА.............................................................................9
5. ПОМОШ И СОВЕТИ........................................................................................12
6. НЕГА И ЧИСТЕЊЕ..........................................................................................14
7. РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМИ.........................................................................15
8. МОНТАЖА....................................................................................................... 18
9. ТЕХНИЧКИ ИНФОРМАЦИИ........................................................................... 20
НИЕ МИСЛИМЕ НА ВАС
Ви благодариме што го избравте овој апарат на Electrolux. Одбравте
производ којшто носи со себе децении на професионално искуство и
иновации. Уникатен и стилски, дизајниран е специјално за вас. Секогаш кога
ќе го користите, можете да бидете сигурни дека ќе имате добри резултати во
секое време.
Добредојдовте во Electrolux.
Посетете ја нашата страница за да:
добиете корисни совети, брошури, водич за решавање на проблеми,
информации за сервисирање:
www.electrolux.com
го регистрирате вашиот производ за подобро сервисирање:
www.registerelectrolux.com
купувате дополнителен прибор, потрошни или оригинални резервни
делови за вашиот апарат:
www.electrolux.com/shop
ГРИЖА И УСЛУГА ЗА КОРИСНИЦИ
Секогаш користете оригинални резервни делови.
Кога ќе контактирате со нашиот Овластен сервис, треба да ги имате на
располагање следниве податоци: модел, број на производот, сериски број.
Информациите може да ги најдете на плочката со спецификации.
Предупредување / Внимание - Безбедносни информации
Општи информации и совети
Информации за животната средина
Можноста за промени е задржана.
www.electrolux.com2
1. БЕЗБЕДНОСНИ ИНФОРМАЦИИ
Пред монтажата и употребата на овој апарат,
внимателно прочитајте ги приложените упатства.
Производителот не е одговорен ако неправилната
монтажа и употреба предизвикаат повреди и
оштетувања. Секогаш чувајте го упатството со
апаратот за идна употреба.
1.1 Безбедност на деца и ранливи лица
Овој апарат можат да го користат деца над 8
години и лица со намалени физички, сетилни или
ментални способности или лица без искуство и
знаење доколку тоа го прават под надзор или им
биле дадени упатства како безбедно да го
употребуваат апаратот и ги разбираат опасностите
поврзани со него.
Не дозволувајте им на децата да играат со
апаратот.
Чувајте го пакувањето настрана од дофат на деца.
Држете ги децата и миленичињата подалеку од
апаратот кога тој работи или кога се лади.
Деловите кои се достапни се жешки.
Доколку апаратот има уред за безбедност на деца,
ви препорачуваме да го активирате.
Чистењето и одржувањето од страна на
корисникот не треба да го прават деца без надзор.
Апаратот не смее да биде во дофат на деца
помали од 3 години освен ако не се под постојан
надзор.
1.2 Општа безбедност
Апаратот и неговите достапни делови се
вжештуваат за време на употребата. Не допирајте
ги грејните елементи.
Не управувајте со апаратот со надворешен тајмер
или со посебен систем за далечинско управување.
МАКЕДОНСКИ 3
Готвењето на плотна со маст или масло без
надзор може да биде опасно и да доведе до
пожар.
Никогаш не гаснете оган со вода, туку исклучете го
апаратот, а потоа покријте го пламенот, на пр. со
капак или специјално противпожарно ќебе.
Не чувајте предмети на површините за готвење.
Металните предмети, како ножеви, виљушки,
лажици и капаци, не треба да се оставаат на
површината за готвење бидејќи може да станат
жешки.
Не користете чистач на пареа за чистење на
уредот.
По користењето, исклучете ја ринглата од плочата
за готвење преку соодветната команда и не
потпирајте се на уредот за откривање тенџере.
Ако стакло-керамичката/стаклената површина е
напукната, исклучете го апаратот за да ја
избегнете можноста од струен удар
Доколку кабелот за напојување се оштети, треба
да се замени од страна на производителот,
овластен сервисен претставник или слично
квалификувани лица за да се избегне опасност.
2. ИНСТРУКЦИИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ
2.1 Монтажа
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Апаратот мора да го
монтира само
квалификувано лице.
Извадете ја целата амбалажа
Немојте да монтирате ниту да
користите оштетен апарат.
Придржувајте се до упатството за
монтажа приложено со апаратот.
Одржувајте минимална
оддалеченост од другите апарати и
делови.
Секогаш внимавајте кога го
преместувате апаратот затоа што е
тежок. Секогаш носете заштитни
ракавици.
Зачепете ги засечените површини
со заптивач за да спречите влагата
да предизвика надигнување.
Заштитете го дното на апаратот од
пареа и влага.
Не го монтирајте апаратот во
близина на врата или под прозорец.
На овој начин ќе спречите некој
жежок сад за готвење да падне од
апаратот кога вратата или
прозорецот се отворени.
Ако апаратот е монтиран над
фиоки, внимавајте просторот
помеѓу дното на апаратот и горната
фиока да е доволен за циркулација
на воздух
www.electrolux.com4
Дното на апаратот може да стане
жешко. Уверете се дека сте
монтирале незапалива плоча за
одделување под апаратот за да
спречите пристап до дното.
Проверете дали просторот за
вентилација од 2 mm помеѓу
горната работна површина и
предниот дел од апаратот долу е
слободен. Гаранцијата не покрива
штета која е причинета од немање
на адекватен простор за
вентилација.
2.2 Поврзување на струјата
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Ризик од пожар и струен
удар.
Секое поврзување со струја треба
да биде направено од
квалификуван електричар.
Апаратот мора да биде заземјен.
Пред да се изведуваат какви било
работи, проверете дали апаратот е
исклучен од струја.
Проверете дали информацијата за
напојување со струја на плочката
со спецификации се совпаѓа со
напојувањето со струја. Доколку не
се совпаѓа, контактирајте со
електричар.
Проверете дали апаратот е
правилно монтиран. Лабав и
несоодветен кабел за струја или
приклучок (ако е применливо) може
да предизвика прегревање на
терминалот.
Користете соодветен кабел за
струја.
Не оставајте ги каблите да се
заплеткаат.
Проверете дали е монтирана
заштитата од струен удар.
Користете клема за да го
ослободите кабелот од напон.
Проверете дали кабелот за струја
или приклучокот (ако е применливо)
го допира топлиот апарат или
топлите садови за готвење кога го
поврзувате апаратот со штекери во
близина
Не користете адаптери со повеќе
приклучоци и продолжени кабли.
Потрудете се да не го оштетите
приклучокот за струја (ако е
применливо) или кабелот за струја.
Контактирајте го овластениот
сервисен центар или електричар за
да го смените оштетениот кабел.
Заштитата од електричен удар на
активните и изолираните делови
мора да се поврзе на таков начин
што нема да може да се извади без
алатки.
Поврзете го приклучокот за струја
со штекерот на крајот од
монтажата. Проверете дали
приклучокот за струја е пристапен
по монтирањето.
Доколку штекерот е лабав, не
приклучувајте го приклучокот за
струја.
Не повлекувајте го кабелот за
струја за да го исклучите апаратот.
Секогаш повлекувајте го
приклучокот.
Користете само соодветни уреди за
изолација: заштитни прекинувачи
на линија, осигурувачи
(осигурувачи на вртење извадени
од држачот), заземјување и
контактори.
Електричната инсталација мора да
има изолациски уред кој што ви
овозможува да го исклучите
апаратот од приклучокот за струја
од сите полови. Изолацискиот уред
мора да има контактен отвор со
ширина од најмалку 3 мм.
2.3 Употреба
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Постои опасност од
повреда, изгореници или
струен удар.
Отсранете ја целата амбалажа,
етикетата и заштината фолија (ако
е применливо) пред првата
употреба.
Овој апарат користете го само во
домашни услови.
Не менувајте ги спецификациите на
овој апарат.
Погрижете се отворите за
вентилација да не бидат блокирани.
Не оставајте го апаратот без
надзор додека работи.
МАКЕДОНСКИ 5
Поставувајте ја ринглата на
„исклучено“ („off“) по секоја
употреба.
Не потпирајте се на детекторот за
тенџериња.
Не ставајте прибор за јадење или
капаци од тенџериња на ринглите.
Тие може да станат жешки.
Не ракувајте со апаратот со влажни
раце или кога тој има контакт со
вода.
Не употребувајте го апаратот како
работна површина или како простор
за складирање.
Ако површината на апаратот е
испукана, веднаш исклучете го
апаратот од струјата. Ова ќе спречи
струен удар.
Корисниците со пејсмејкер мора да
се држат на растојание од минимум
30 cm од индуктивните рингли кога
апаратот работи.
Кога ставате храна во жешко
масло, може да прска.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Опасност од пожар и
изгореници
При загревање, маснотиите и
маслото можат да испуштаат
запаливи пареи. Држете го огнот
или загреаните предмети подалеку
од маснотиите и маслата кога
готвите со нив.
Пареата што ја испушта маслото
коешто е многу жешко може да
предизвика спонтано запалување.
Искористеното масло кое може да
содржи остатоци од храна, може да
предизвика пожар на пониска
температура од маслото што се
користи за прв пат.
Не ставајте запаливи производи
или предмети натопени со
запаливи средства во, блиску до,
или на апаратот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Опасност од оштетување
на апаратот.
Не чувајте жешки садови за
готвење на контролната табла.
Не оставајте ги садовите за
готвење да вријат на суво.
Внимавајте предметите или
садовите за готвење да не паднат
на апаратот. Може да се оштети
површината.
Не вклучувајте ги ринглите со
празни садови за готвење или без
садови за готвење.
Не ставајте алуминиумска фолија
на апаратот.
Садовите за готвење направени од
лиено железо, алуминиум или со
оштетено дно може да предизвика
гребнатини на стаклото / стакло-
керамиката. Овие предмети
секогаш кревајте ги кога треба да
ги преместувате на површината за
готвење.
Овој апарат е наменет само за
готвење. Не смее да се користи за
други намени, на пример за
загревање на простории.
2.4 Нега и чистење
Редовно чистете го апаратот за да
спречите оштетување на
материјалот на површината.
Исклучете го апаратот и оставете
го да се излади пред да го чистите.
Исклучете го апаратот на
напојувањето со струја пред
оддржувањето.
Не користете воден спреј и пареа
за чистење на апаратот.
Чистете го апаратот со мека,
влажна крпа. Користете само
неутрални детергенти. Не
користете абразивни производи,
абразивни сунѓери за чистење,
растворувачи или метални
предмети.
2.5 Расходување
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Ризик од повреда или
задушување.
Контактирајте со општинската
власт за да добиете информации
за правилно расходување на
апаратот.
Исклучете го апаратот од
приклучокот за струја.
Отсечете го кабелот за струја и
фрлете го.
www.electrolux.com6
3. ОПИС НА ПРОИЗВОДОТ
3.1 Распоред на површината за готвење
1 1
11
22
1
Индукциска рингла
2
Контролна табла
3.2 Изглед на контролна табла
10
11
9
8
7
6
5
1
2
3
4
Ракувајте со апаратот со помош на сензорските полиња. Екраните, показателите
и звуците покажуваат кои функции работат.
Сензор
ско
поле
Функција Коментар
1
ВКЛУЧЕНО /
ИСКЛУЧЕНО
За вклучување и исклучување на
површината за готвење.
2
- Екран за поставување
на јачината на
топлината
За прикажување на поставката за
температура.
3
Енергетска функција За вклучување и исклучување на
функцијата.
МАКЕДОНСКИ 7
Сензор
ско
поле
Функција Коментар
4
Bridge За вклучување и исклучување на
функцијата.
5
- Контролна лента За поставување на поставка за јачина
на топлина.
6
/
- За зголемување или намалување на
времето.
7
- За избор на рингла.
8
- Екран на тајмерот За прикажување на времето во
минути.
9
- Временски показатели
за ринглите
За да прикажат за која рингла го
поставувате времето.
10
Заклучување / Уред за
безбедност на деца
За заклучување / отклучување на
контролната табла.
11
STOP+GO За вклучување и исклучување на
функцијата.
3.3 Екрани за поставување на јачината на топлината
Екран Опис
Ринглата е исклучена.
-
Ринглата е вклучена.
Функцијата STOP+GO работи.
Функцијата Автоматско загревање работи.
Енергетска функција е во функција .
+ број
Има дефект.
/ /
OptiHeat Control (Показно светло за преостаната топлина во 3
чекори) : уште се готви / подгревање / преостаната топлина.
ФункцијатаЗаклучување /Уред за безбедност на деца работи.
Садот е несоодветен или премал или нема сад на ринглата.
Функцијата Автоматски исклучување работи.
www.electrolux.com8
3.4 OptiHeat Control (Показно
светло за преостаната
топлина во 3 чекори)
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
/ / Постои
опасност од изгореници
поради преостаната
топлина. Показателот го
покажува нивото на
преостанатата топлина.
Индукциските рингли ја произведуваат
неопходната топлина за процесот на
готвење директно на дното на
садовите за готвење. Стакло-
керамиката се затоплува од топлината
на садовите за готвење.
4. СЕКОЈДНЕВНА УПОТРЕБА
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Видете во поглавјата за
заштита и сигурност.
4.1 Вклучување и
исклучување
Допрете го 1 секунда за да ја
вклучите или да ја исклучите
површината за готвење.
4.2 Автоматски исклучување
Функцијата автоматски ја исклучува
површината за готвење ако:
Сите рингли се исклучени.
Не сте ја наместиле јачината на
топлината откако сте ја вклучиле
површината за готвење.
Ќе истурите или ќе ставите нешто
на контролната табла повеќе од 10
секунди (тенџере, ткаенина, итн.).
Се огласува звучен сигнал и
површината за готвење се
деактивира. Отстранете го
предметот или исчистете ја
контролната табла.
Површината за готвење станува
премногу жешка (на пр. ако некој
сад преврие и се исуши). Оставете
ја ринглата да се олади пред да ја
користите повторно површината за
готвење.
Користите несоодветни садови за
готвење. Симболот се пали и по
2 минути ринглата се исклучува
автоматски.
Не исклучувајте ја ринглата и не
менувате ја поставката за јачина на
топлината. По одредено време се
пали и површината за готвење
се исклучува. Видете подолу.
Врска меѓу поставката за јачина на
топлината и времето на функцијата:
, 13 — 6 часа
47 — 5 часа
89 — 4 часа
1014 — 1,5 часа
4.3 Поставување на јачината
на топлината
За поставување или менување на
јачината на топлината:
Допрете ја контролната лента на
соодветната јачина на топлина или
движете го прстот по должината на
контролната лента додека не стигнете
до соодветната јачина на топлина.
МАКЕДОНСКИ 9
4.4 Употреба на ринглите
Ставете го садот за готвење на
крстот / квадратот кој се наоѓа на
површината на која готвите. Целосно
прекријте го крстот / квадратот.
Индукциските рингли се автомаски
приспособуваат на димензиите на
дното на садот. Можете да готвите во
големи садови на две рингли
истовремено.
4.5 Функција Bridge
Оваа функција поврзува две рингли и
тие работат како една.
Прво поставете ја јачината на
топлината за една од ринглите.
За да ја вклучите функцијата за
левата / десната рингла: допрете /
. За да ја поставите или промените
јачината на топлината, добрете еден
од левите / десните контролни
сензори.
За исклучување на функцијата:
допрете
/ . Ринглите работат
самостојно.
Кога користите само една рингла од
парот, ви препорачуваме да ја
користите задната рингла. Исто така,
кога користите голем сад за готвење,
ви препорачуваме да го ставите во
близина на задната рингла.
4.6 Автоматско загревање
Ако ја вклучите оваа функција, можете
да ја добиете потребната јачина на
топлина за пократок период. Оваа
функција на некое време ја поставува
највисоката јачина на топлина, а потоа
ја намалува до точната јачина на
топлина.
За да ја вклучите
функцијата, ринглата мора
да биде ладна.
За да ја вклучите функцијата за
ринглата: допрете ( се пали).
Веднаш допрете ја точната јачина на
топлина. После 3 секунди
се
вклучува.
За исклучување на функцијата:
променете ја јачината на топлината.
4.7 Енергетска функција
Функцијата обезбедува поголема моќ
кај индукциските рингли. Функцијата
може да се вклучи за индукциската
рингла само за ограничен период.
После тој период индукциската рингла
автоматски се враќа на највисоката
јачина на топлина.
Видете го поглавјето
„Технички информации“.
За да ја вклучите функцијата за
ринглата: допрете . Се вклучува
.
За исклучување на функцијата:
променете ја јачината на топлината.
4.8 Тајмер
Тајмер за одбројување
Користете ја оваа функција за да
одредите колку време ќе работи
ринглата само за ова готвење.
Прво поставете ја ринглата а потоа
подесете ја функцијата. Јачината
можете да ја нагодите пред или по
нагодување на функцијата.
Поставување на ринглата: допирајте
ја
повеќепати сé додека не се
вклучи показателот на саканата
рингла.
За активирање на функцијата:
допрете го на тајмерот за да го
одредите времето (00 - 99 минути).
Кога показателот на ринглата
започнува да трепка бавно, започнува
одбројувањето.
За да го видите преостанатото
време: поставете ја ринглата со .
Показателот на ринглата започнува да
трепка побрзо. На екранот се
покажува преостанатото време.
За да го смените времето: поставете
ја ринглата со
. Допрете го или
.
www.electrolux.com10
За исклучување на функцијата:
поставете ја ринглата со и допрете
. Преостанатото време се одбројува
наназад до 00 . Показателот на
ринглата се гаси. За исклучување на
функцијата може да ги допрете и
истовремено.
Кога времето ќе истече, се
огласува звук и трепка 00 .
Ринглата се исклучува.
За да го запрете звукот: допрете го
.
CountUp Timer(Тајмер за броење)
Користете ја оваа функција за да
следите колку долго работи ринглата.
Поставување на ринглата: допирајте
ја повеќепати сé додека не се
вклучи показателот на саканата
рингла.
За активирање на
функцијата:допрете го на
тајмерот. се пали. Кога показателот
на ринглата започнува да трепка
побавно, времето се одбројува.
Екранот се менува меѓу и
избројаното време (минути).
За да видите колку долго работи
ринглата: поставете ја ринглата со
. Показателот на ринглата
започнува да трепка побрзо. Екранот
покажува колку долго работи ринглата.
За исклучување на функцијата:
поставете ја ринглата со и допрете
или . Показателот на ринглата се
гаси.
Потсетник во минути
Можете да ја користите функцијата
како Потсетник за време кога
површината за готвење е активирана
и површината за готвење не работи
(екранот за поставка на јачина
покажува ).
За активирање на функцијата:
допрете го . Допрете го или
на тајмерот за да го поставите
времето. Кога времето ќе истече, се
огласува звук и трепка 00 .
За да го запрете звукот: допрете го
.
Оваа функција не влијае
врз работата на ринглите.
4.9 STOP+GO
Оваа функција сите рингли ги
поставува да работат на најмала
јачина.
Кога функцијата работи, не можете да
ја смените поставката за јачината.
Функцијата не ја запира функцијата на
тајмерот.
За активирање на функцијата:
допрете . Се пали .
За исклучување на функцијата:
допрете го
. Се пали претходната
поставка за јачина.
4.10 Заклучување
Можете да ја заклучите контролната
табла додека работи ринглата. Тоа
спречува случајна промена на
поставената јачина на топлината.
Прво поставете ја јачината на
топлината.
За вклучување на функцијата:
допрете . се пали за 4
секунди.Тајмерот останува вклучен.
За исклучување на функцијата:
допрете го . Се пали претходната
поставка за јачина на топлината.
Кога ќе ја исклучите
површината за готвење, се
исклучува и оваа функција.
4.11 Уред за безбедност на
деца
Оваа функција спречува случајно
вклучување на плочата за готвење.
За активирање на
функцијата:вклучете ја површината
за готвење со
. Не поставувајте ја
МАКЕДОНСКИ 11
јачината на топлината. Допрете на
4 секунди. Се пали . Исклучете ја
површината за готвење со .
За исклучување на
функцијата:вклучете ја површината
за готвење со
. Не поставувајте ја
јачината на топлината. Допрете на
4 секунди. Се пали . Исклучете ја
површината за готвење со .
За да ја прескокните оваа функција
за само едно готвење: активирајте ја
површината за готвење со
. Се пали
. Допрете го во траење од 4
секунди. Поставете ја јачината на
топлината за 10 секунди. Сега
можете да ракувате со површината за
готвење. Кога ќе ја деактивирате
површината за готвење функцијата
повторно работи.
4.12 OffSound Control
(Деактивирање и активирање
на звучните сигнали)
Исклучете ја површината за готвење.
Допрете го во траење од 3 секунди.
Екранот се пали и се гаси. Допрете на
3 секунди. или се пали.
Допрете на на тајмерот и одберете
едно од следниве:
- звучните сигнали се
исклучуваат
- звучните сигнали се вклучуваат
За да ја потврдите селекцијата
почекајте додека површината за
готвење не се исклучи автоматски.
Кога оваа функција е поставена на
звучните сигнали можете да ги
слушнете само кога:
го допирате
Потсетник во минути паѓа
Тајмер за одбројување паѓа
сте ставиле нешто на контролната
табла.
4.13 Функција Управување со
енергијата
Ринглите се групирани според
местото и брокот на фазата на
површината за готвење (видете на
сликата).
Секоја фаза има максимално
електрично напојување од 3700 W.
Функцијата ја распределува
моќноста помеѓу ринглите поврзани
со истата фаза.
Функцијата се активира кога
целосното електирично напојување
на ринглите поврзано со една фаза
надминува 3700 W.
Функцијата ја намалува моќноста на
другите рингли поврзани со истата
фаза.
Екранот за поставката за јачина за
намалените рингли се менува меѓу
двете нивоа.
5. ПОМОШ И СОВЕТИ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Видете во поглавјата за
заштита и сигурност.
www.electrolux.com12
5.1 Садови за готвење
Кај индукциските рингли се
создава силно електро-
магнетно поле кое многу
брзо создава топлина во
садот.
Користете ги индукциските
рингли со соодветни
садови за готвење.
Материјал за садови за готвење
правилно: лиено железо, челик,
емајлиран челик, не’рѓосувачки
челик, дно направено од повеќе
слоеви (со правилна ознака од
производителот).
неправилно: алуминиум, бакар,
бронза, стакло, керамика,
порцелан.
Правилни садови за готвење за
индукциска површина за готвење се
ако:
мала количина вода врие многу
брзо на рингла поставена на
највисока јачина на топлината.
магнетот го привлекува дното на
садот.
Дното на садовите за
готвење треба да биде
колку што е можно
подебело и порамно.
Димензии на садовите за готвење
Индукциските рингли автоматски се
приспособуваат на димензиите на
дното на садовите за готвење, до
одредена граница.
Ефикасноста на ринглата е поврзана
со дијаметарот на садот за готвење.
Садот за готвење со дијаметар којшто
е помал од минималниот добива само
дел од енергијата што ја испушта
ринглата.
Видете го поглавјето
„Технички информации“.
5.2 Звуци во текот на
работата
Ако слушате:
звук на пукање: садот за готвење е
направен од различни материјали
(сендвич конструкција).
звук на свиркање: ја користите
ринглата на голема јачина и
садовите за готвење се направени
од различни материјали (сендвич
конструкција).
ѕунење: користите високо
енергетско ниво.
кликање: се јавува електрично
прекинување.
сиктење, бруење: работи
вентилаторот.
Звуците се нормални и не се знак за
неисправност на површината за
готвење.
5.3 Штедење енергија
Ако е можно, секогаш ставајте
капак на садот за готвење.
Садовите за готвење треба да се
ставаат на ринглата пред
вклучувањето.
Користете ја преостаната топлина
за да ја зачувата храната топла или
да ја стопите.
5.4 Öko Timer (Еко тајмер)
За зачувување на енергија, грејачот за
ринглата се исклучува пред да се
огласи програматорот за одбројување.
Разликата во времето на работа
зависи од нивото на поставената
топлина и должината на готвењето.
5.5 Примери на апликации за
готвење
Односот меѓу јачината на топлината и
потрошувачката на струја на ринглата
не е линеарен. Кога ја зголемувате
јачината на топлината,
потрошувачката на струја на ринглата
не се зголемува пропорционално. Тоа
значи дека рингла поставена на
средна јачина на топлина користи
помалку од половина од моќноста.
Податоците во табелата се
само препорака.
МАКЕДОНСКИ 13
Јачина на
топлина
Употребувајте за: Време
(мин.)
Совети
- 1
Одржување на топлината
на зготвената храна.
колку
што
треба
Ставете капак на садовите
за готвење.
1 - 3 Холандски сос, растопен:
путер, чоколадо, желатин.
5 - 25 Мешајте од време на
време.
1 - 3 Зацврстување: ровки
омлети, пржени јајца.
10 - 40 Гответе покриено со капак.
3 - 5 Готвење ориз и јадења со
млеко, подгревање готови
јадења.
25 - 50 Додајте најмалку двапати
повеќе течност од
количеството ориз,
мешајте ги јадењата со
млеко во текот на
готвењето
5 - 7 Зеленчук, риба, месо,
готвени на пареа.
20 - 45 Додајте неколку супени
лажици течност.
7 - 9 Компири на пареа. 20 - 60 Употребете макс. ¼ l вода
за 750 g компири.
7 - 9 Готвење големи
количества храна, чорби и
супи.
60 -
150
До 3 l течност плус
состојките.
9 - 12 Благо пржење: шницли,
телешко кордон блу,
котлети, ќофтиња, колбаси,
џигер, запршка, јајца,
палачинки, крофни.
колку
што
треба
Превртете на половина од
времето.
12 - 13 Целосно пржење, рендани
компири, бифтеци, стекови.
5 - 15 Превртете на половина од
времето.
14 Зовривање вода, варење тестенини, запржување месо (гулаш,
месо за печење), помфрит во многу масло
Варење големи количества вода. Енергетската функција е
вклучена.
6. НЕГА И ЧИСТЕЊЕ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Видете во поглавјата за
заштита и сигурност.
6.1 Општи информации
Чистете ги садовите за готвење по
секоја употреба.
Секогаш употребувајте садови за
готвење со чисто дно.
Гребаниците или темните дамки на
површината не влијаат врз
работата на апаратот.
Употребувајте специјално стругало
за стаклото.
Користете специјално средство за
чистење наменето за плотни за
готвење.
www.electrolux.com14
6.2 Чистење на плочата за
готвење
Веднаш отстранете: стопена
пластика, пластична фолија и храна
што содржи шеќер. Во спротивно,
нечистотијата може да предизвика
оштетување на плотната за
готвење. Ставете го стругалото на
стаклената површина под остар
агол и движете го сечивото по
површината.
Извадете ги откако апаратот е
доволно изладен: прстени од
бигор, вода, дамки од маснотии,
светкави метални промени на
бојата. Чистете ја плотната за
готвење со влажна крпа и малку
детергент. По чистењето, исушете
го апаратот со мека крпа.
7. РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМИ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Видете во поглавјата за
заштита и сигурност.
7.1 Што да направите ако...
Проблем Можна причина Решение
Не можете да ја вклучите
или да ракувате со
површината за готвење.
Апаратот не е поврзан со
напојување за струја или
не е правилно поврзан.
Проверете дали апаратот
е точно поврзан со
електрична енергија.
Видете го дијаграмот за
поврзување.
Избил осигурувач. Проверете дали
осигурувачот е причина
за дефектот. Ако
осигурувачот постојано
избива, контактирајте со
квалификуван
електричар.
Вклучете ја површината
за готвење повторно и
нагодете го
поставувањето на
температурата за
помалку од 10 секунди.
Истовремено сте
допреле 2 или повеќе
сензорски полиња.
Допирајте само по едно
сензорско поле.
ФункцијатаSTOP+GO
работи.
Видете во „Секојдневна
употреба“.
Има дамки од вода или
маснотија на контролната
табла.
Исчистете ја контролната
табла.
МАКЕДОНСКИ 15
Проблем Можна причина Решение
Се огласува звучен
сигнал и површината за
готвење се деактивира.
Се огласува звучен
сигнал кога површината
за готвење е исклучена.
Сте ставиле нешто на
едно или повеќе
сензорски полиња.
Тргнете го предметот од
сензорските полиња.
Плотната за готвење се
исклучува.
Сте ставиле нешто на
сензорското поле .
Тргнете го предметот од
сензорското поле.
Показно светло за
преостаната топлина не
се вклучува.
Ринглата не е жешка
затоа што работела само
кратко време.
Ако ринглата работела
доволно долго за да е
жешка, јавете се во
Овластениот сервис.
Не работи функцијата
Автоматско загревање.
Ринглата е жешка. Оставете ринглата да се
излади доволно.
Поставена е највисока
температура.
Поставката за највисока
температура има иста
јачина како и функцијата.
Поставката за
температура се менува
меѓу две нивоа.
Активирана е
функцијатаУправување
со енергијата .
Видете во „Секојдневна
употреба“.
Сензорските полиња се
вжештуваат.
Садот за готвење е
преголем или сте го
ставиле многу блиску до
контролите.
Големите садови за
готвење ставајте ги на
задните рингли, ако е
потребно.
Нема сигнал кога ќе ги
допрете сензорските
копчиња на таблата.
Сигналите се исклучени. Вклучете ги сигналите.
Видете во „Секојдневна
употреба“.
се вклучува.
Автоматски исклучување
е во функција .
Исклучете го и повторно
вклучете ја површината
за готвење.
се вклучува.
Уред за безбедност на
децаили
функцијатаЗаклучување
работат.
Видете во „Секојдневна
употреба“.
се вклучува.
Нема сад за готвење на
ринглата.
Ставете сад за готвење
на ринглата.
Садовите за готвење се
несоодветни.
Користете соодветни
садови за готвење.
Видете во поглавјето
„Помош и совети“.
www.electrolux.com16
Проблем Можна причина Решение
Пречникот на дното на
садот за готвење е
премал за ринглата.
Користете садови за
готвење со соодветни
димензии.
Видете го поглавјето
„Технички информации“.
Садот за готвење не го
покрива крстот /
квадратот.
Целосно прекријте го
крстот / квадратот.
и се прикажува број.
Има грешка на
површината за готвење.
Исклучете ја површината
за готвење некое време
од струја. Исклучете го
осигурувачот од
електричниот систем на
куќата. Вклучете го
повторно. Ако повторно
се запали , обратете
се во сервисниот центар.
се вклучува.
Има грешка на
површината за готвење
бидејќи садот за готвење
вари на суво. Автоматски
исклучување и заштитата
за презагревање на
ринглата работи .
Исклучете ја површината
за готвење. Тргнете ги
жешките садови за
готвење. По околу 30
секунди, повторно
вклучете ја ринглата. Ако
има проблем со садот за
готвење, се појавува
порака со грешка.
Показно светло за
преостаната топлина
останува запалено.
Оставете садот за
готвење да се излади
доволно. Проверете дали
садот за готвење е
компатибилен со
површината за готвење.
Видете во поглавјето
„Помош и совети“.
7.2 Ако не можете да најдете
решение...
Ако не можете самите да го решите
проблемот, обратете се кај Вашиот
продавач или во овластениот
сервисен центар. Наведете ги
податоците од плочката за
спецификации. Исто така наведете ја
и троцифрената шифра за стакло-
керамика (се наоѓа во аголот на
стаклената површина) и пораката за
грешка која се пали.Погрижете се да
ракувате со површината за готвење
правилно. Ако неправилно сте
ракувале со површината за готвење,
сервисирањето од страна на
сервисниот техничар или на
продавачот нема да биде бесплатно,
дури и во гарантниот период.
Упатствата за службата за односи со
корисниците и за условите на
МАКЕДОНСКИ 17
гаранцијата се наведени во
гарантниот лист.
8. МОНТАЖА
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Видете во поглавјата за
заштита и сигурност.
8.1 Пред монтажата
Пред да ја монтирате површината за
готвење, напишете ги информациите
подолу од плочката за спецификации.
Плочката со спецификации се наоѓа
на дното од куќиштето на апаратот.
Сериски број (S.N.) ............
8.2 Вграден
Користете ги апаратите што се
вградуваат само ако се претходно
вградени во соодветни елементи за
вградување и во работни површини
кои ги исполнуваат стандардите.
8.3 Кабел за поврзување
Површината за готвење се
испорачува со кабел за струја.
Заменете го оштетениот кабел со
специјален кабел (тип H05BB-F
Tmax 90°C; или подобар). Обратете
се во локалниот сервисен центар.
8.4 Комплет
min.
50mm
min.
500mm
min.
2mm
www.electrolux.com18
< 20 mm
min. 2 mm
A
B
A
12 mm
28 mm
38 mm
B
57 mm
41 mm
31 mm
min
30 mm
min. 500 mm
> 20 mm
min. 2 mm
A
B
A
12 mm
28 mm
38 mm
B
57 mm
41 mm
31 mm
min. 500 mm
min.
55mm
R 5mm
680
+1
mm
490
+1
mm
min.
38 mm
min.
2 mm
min.
12 mm
min.
2 mm
МАКЕДОНСКИ 19
8.5 Заштитна кутија
Ако користите заштитна кутија
(додатен прибор), предниот простор
за продор на воздух од 2 mm и
заштитното дно директно под
површината за готвење не се
потребни . Додатната заштитна кутија
може да не е достапна во некои земји.
Контактирајте со вашиот локален
дистрибутер.
Не можете да ја користите
заштитната кутија ако ја
монтирате површината за
готвење над печката.
9. ТЕХНИЧКИ ИНФОРМАЦИИ
9.1 Плочка со спецификации
Модел EHL7640FOK PNC (Број на производ) 949 596 020 01
Тип 58 GDD D4 AU 220 - 240 V 50 - 60 Hz
Индукција 7.4 kW Произведено во Германија
Сериски бр. .......... 7.4 kW
ELECTROLUX
9.2 Спецификации за ринглите
Рингла Номинална
моќност
(поставка за
максимална
топлина) [W]
Енергетска
функција [W]
Енергетска
функција
максимално
траење [мин]
Дијаметар на
сад за
готвење [mm]
Лева предна 2300 3200 10 125 - 210
Лева задна 2300 3200 10 125 - 210
Десна предна 2300 3200 10 125 - 210
Десна задна 2300 3200 10 125 - 210
Моќноста на ринглите може да биде
различна со мала разлика од оние
податоци во табелата. Се менува со
материјалот и димензиите на садот за
готвење.
За оптимални резултати при
готвењето користете сад за готвење
којшто не е поголем од дијаметарот во
табелата.
www.electrolux.com20
  • Page 1 1
  • Page 2 2
  • Page 3 3
  • Page 4 4
  • Page 5 5
  • Page 6 6
  • Page 7 7
  • Page 8 8
  • Page 9 9
  • Page 10 10
  • Page 11 11
  • Page 12 12
  • Page 13 13
  • Page 14 14
  • Page 15 15
  • Page 16 16
  • Page 17 17
  • Page 18 18
  • Page 19 19
  • Page 20 20
  • Page 21 21
  • Page 22 22
  • Page 23 23
  • Page 24 24
  • Page 25 25
  • Page 26 26
  • Page 27 27
  • Page 28 28
  • Page 29 29
  • Page 30 30
  • Page 31 31
  • Page 32 32
  • Page 33 33
  • Page 34 34
  • Page 35 35
  • Page 36 36
  • Page 37 37
  • Page 38 38
  • Page 39 39
  • Page 40 40
  • Page 41 41
  • Page 42 42
  • Page 43 43
  • Page 44 44
  • Page 45 45
  • Page 46 46
  • Page 47 47
  • Page 48 48
  • Page 49 49
  • Page 50 50
  • Page 51 51
  • Page 52 52
  • Page 53 53
  • Page 54 54
  • Page 55 55
  • Page 56 56
  • Page 57 57
  • Page 58 58
  • Page 59 59
  • Page 60 60

Electrolux EHL7640FOK Kullanım kılavuzu

Tip
Kullanım kılavuzu