Electrolux ESF5545LOX Kullanım kılavuzu

Tip
Kullanım kılavuzu
ESF5545LOX
MK Машина за миење садови Упатство за ракување 2
SR Машина за прање посуђа Упутство за употребу 26
TR Bulaşık Makinesi Kullanma Kılavuzu 49
СОДРЖИНА
1. БЕЗБЕДНОСНИ ИНФОРМАЦИИ..................................................................... 3
2. БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА............................................................................ 4
3. ОПИС НА ПРОИЗВОДОТ................................................................................. 6
4. КОНТРОЛНА ТАБЛА ........................................................................................7
5. ПРОГРАМИ........................................................................................................8
6. ПОСТАВКИ........................................................................................................ 9
7. ОПЦИИ.............................................................................................................12
8. ПРЕД ПРВАТА УПОТРЕБА............................................................................ 13
9. СЕКОЈДНЕВНА УПОТРЕБА...........................................................................14
10. ПОМОШ И СОВЕТИ......................................................................................16
11. НЕГА И ЧИСТЕЊЕ........................................................................................18
12. РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМИ.......................................................................20
13. ТЕХНИЧКИ ИНФОРМАЦИИ......................................................................... 24
НИЕ МИСЛИМЕ НА ВАС
Ви благодариме што одлучивте да купите апарат Electrolux. Одбравте
производ којшто носи со себе децении на професионално искуство и
иновации. Уникатен и стилски, дизајниран е специјално за вас. Секогаш кога
ќе го користите, можете да бидете сигурни дека ќе имате добри резултати во
секое време.
Добро дојдовте во Electrolux.
Посетете ја нашата страница за да:
Добијте корисни совети, брошури, водич за решавање на проблеми,
информации за сервисирање:
www.electrolux.com/webselfservice
Да го регистрирате вашиот производ за подобро сервисирање:
www.registerelectrolux.com
Да купувате додатоци, половни и оригинални делови за вашиот апарат:
www.electrolux.com/shop
ГРИЖА ЗА КОРИСНИЦИ И СЕРВИСИРАЊЕ
Секогаш користете оригинални резервни делови.
Кога ќе контактирате со нашиот Овластен сервис, треба да ги имате на
располагање следниве податоци: Модел, број на производот, сериски број.
Информациите можете да ги најдете на плочката со спецификации.
Предупредување / Внимание-Безбедносни информации
Општи информации и совети
Информации за животната средина
Можноста за промени е задржана.
www.electrolux.com2
1. БЕЗБЕДНОСНИ ИНФОРМАЦИИ
Пред монтажата и употребата на овој апарат,
внимателно прочитајте ги приложените упатства.
Производителот не сноси одговорност за направена
повреда или штета кои се резултат на неправилна
монтажа или употреба. Секогаш чувајте ги
упатствата на сигурно и безбедно место за
подоцнежна употреба.
1.1 Безбедност на деца и ранливи лица
Овој апарат можат да го користат деца над 8
години и лица со намалени физички, сетилни или
ментални способности или лица без искуство и
знаење доколку тоа го прават под надзор или им
биле дадени упатства како безбедно да го
употребуваат апаратот и ги разбираат опасностите
поврзани со него.
Не дозволувајте им на децата да играат со
апаратот.
Чувајте ги сите детергенти настрана од дофат на
деца.
Чувајте ги децата и домашните миленичиња
настрана од вратата на апаратот кога е отворена.
Децата не треба да го чистат или да го оддржуваат
апаратот без надзор.
1.2 Општа безбедност
Овој апарат е наменет за употреба во домаќинство
и за други слични примени, како на пр:
фарми; кујнски простор за вработени во
продавници, канцеларии и други работни
околини;
од страна на клиенти во хотели, мотели,
сместување на база спиење со појадок и друг
вид на сместувачки објекти.
Не менувајте ги спецификациите на овој апарат.
МАКЕДОНСКИ 3
Водениот притисок кој што е во употреба
(минимален и максимален) мора да биде помеѓу
0.5 (0.05) / 8 (0.8) bar (Mpa)
Исполнете го максималниот број на 13 поставки за
маса.
Доколку се оштети кабелот за напојување, тој
треба да биде заменет од страна на
производителот, негов Овластен сервисен центар
или слично квалификувани лица за да се избегне
опасност.
Ставете ги ножевите и приборот со остри врвови
во корпата за приборот за јадење со врвовите
надолу или во хоризонтална положба.
Не ја чувајте вратата на апаратот отворена без
надзор за да спречите да не паднете врз неа.
Пред одржување, исклучете го апаратот и
извадете го штекерот за струја од приклучницата.
Не користете вода во спреј и/или пареа за чистење
на уредот.
Отворите за вентилација во основата (ако ги има)
не смеат да бидат попречени од килим.
Апаратот треба да се поврзе со довод на вода со
користење на приложените нови комплети црева.
Старите комплети црева не смеат да се користат
пак.
2. БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА
2.1 Монтажа
Извадете ја целата амбалажа.
Немојте да монтирате ниту да
користите оштетен апарат.
Немојте да го монтирате ниту да го
користите апаратот во околина
каде температурата е под 0°C.
Придржувајте се до упатството за
монтажа приложено со апаратот.
2.2 Поврзување на струјата
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Ризик од пожар и струен
удар.
Апаратот мора да биде заземјен.
Проверете дали информацијата за
напојување со струја на плочката
со спецификации се совпаѓа со
напојувањето со струја. Доколку не
се совпаѓа, контактирајте со
електричар.
www.electrolux.com4
Секогаш користете правилно
монтиран штекер отпорен на
струјни удари.
Не користете адаптери со повеќе
приклучоци и продолжени кабли.
Погрижете се да не ги оштетите
приклучокот за струја и кабелот.
Доколку кабелот за струја на
апаратот треба да се замени, тоа
мора да го направи нашиот
Овластен сервисен центар.
Поврзете го приклучокот за струја
со штекерот на крајот од
монтажата. Проверете дали
приклучокот за струја е пристапен
по монтирањето.
Не повлекувајте го кабелот за
струја за да го исклучите апаратот.
Секогаш повлекувајте го
приклучокот.
Апаратот ги исполнува барањата
предвидени со Директивите на ЕЕЗ.
Само за Обединетото Кралство и
Ирска. Апаратот има приклучок за
струја со јачина од 13 ампери. Ако е
потребно да го замените
осигурувачот во главниот штекер,
користете осигурувач: 13 amp ASTA
(BS 1362).
2.3 Поврзување со вода
Не ги оштетувајте цревата за вода.
Пред да ги поврзете новите црева,
цревата кои не биле користени
подолг период, каде се направила
некаква поправка или биле ставени
нови уреди (мерачи за вода итн.),
оставете ја водата да тече се
додека не стане чиста и бистра.
Проверете дали има видливи
протекувања на вода за време или
после првата работа на апаратот.
Доводното црево е со безбедносен
вентил и обвивка со внатрешен
кабел за струја.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Опасен напон.
Доколку доводното црево е
оштетено, веднаш затворете ја
чешмата и извадете го
приклучникот од штекерот за струја.
Јавете се во овластениот Сервис
за да го заменат доводното црево.
2.4 Употреба
Немојте да седите или да стоите на
отворената врата.
Детергентите за машината за
миење садови се опасни. Следете
ги безбедносните упатства дадени
на пакувањето на детергентот.
Немојте да ја пиете или да си
играте со водата од апаратот.
Не вадете ги садовите од апаратот
додека не заврши програмата за
миење садови. Може да има
детергент на садовите.
Апаратот може да ослободи жешка
пареа доколку ја отворите вратата
додека функционира некоја
програма.
Не ставајте запаливи производи
или предмети натопени со
запаливи средства во, блиску до,
или на апаратот.
2.5 Расходување
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Ризик од повреда или
задушување.
Исклучете го апаратот од
приклучокот за струја.
Отсечете го кабелот за струја и
фрлете го.
МАКЕДОНСКИ 5
Извадете ја рачката на вратата за
да спречите затворање на деца и
миленичиња во апаратот.
3. ОПИС НА ПРОИЗВОДОТ
5
4
8
10
9
11
67
12
2
3
1
1
Работна површина
2
Горна прскалка
3
Долна прскалка
4
Филтри
5
Плочка со спецификации
6
Сад за сол
7
Отвор за воздух
8
Дозер за средство за плакнење
9
Дозер за детергент
10
Корпа за прибор за јадење
11
Долна корпа
12
Горна корпа
www.electrolux.com6
4. КОНТРОЛНА ТАБЛА
1
2 3
4 5
678
1
Копче за вклучување/исклучување
2
копче Programs
3
Показатели за програмите
4
Екран
5
копче Delay
6
копче Start
7
Показни светла
8
копче Options
4.1 Показни светла
Показно
светло
Опис
Фаза на миење. Се пали кога е во тек фазата на миење.
Фаза на сушење. Се пали кога е во тек фазата на сушење.
Показно светло TimeManager.
Показно светло XtraDry.
Показно светло за средство за плакнење. Секогаш е исклучено
додека работи програмата.
Показно светло за сол. Секогаш е исклучено додека работи
програмата.
МАКЕДОНСКИ 7
5. ПРОГРАМИ
Програмa Степен на
извалканост
Вид на полнење
Фази на програма Опции
1)
Нормално
валкани
Садови и
прибор за
јадење
Предперење
Миење 50 °C
Плакнења
Сушење
TimeManager
XtraDry
2)
Сите
Садови,
прибор за
јадење,
тенџериња и
тави
Предперење
Миење од 45 °C до
70 °C
Плакнења
Сушење
XtraDry
Многу валкани
Садови,
прибор за
јадење,
тенџериња и
тави
Предперење
Миење 70 °C
Плакнења
Сушење
TimeManager
XtraDry
3)
Свежо валкани
Садови и
прибор за
јадење
Миење 60 °C или 65
°C
Плакнења
XtraDry
Нормално или
малку валкани
Чувствителни
чинии и
стаклени
садови
Миење 45 °C
Плакнења
Сушење
XtraDry
4)
Сите Предперење
1)
Со оваа програма добивате најефикасна потрошувачка на вода и енергија за
нормално валкани садови и прибор за јадење. (Ова е стандардна програма за
тестирање).
2)
Апаратот ги регистрира степенот на извалканост и количеството садови во корпите.
Автоматски ги регулира температурата и количеството вода, потрошувачката на
енергија и времетраењето на програмата.
3)
Со оваа програма можете да миете свежо валкани садови. Дава добри резултати
на миењето за кратко време.
4)
Со оваа програма можете брзо да ги исплакнете садовите за да спречите
остатоците од храна да се залепат на садовите и апаратот да се замириса. Не
користете детергент за оваа програма.
www.electrolux.com8
5.1 Потрошувачки вредности
Програмa
1)
Вода
(л)
Енергија
(kWh)
Времетраење
(мин)
9.9 0.820 237
7 - 12 0.7 - 1.5 45 - 160
13 - 15 1.4 - 1.6 140 - 160
9 0.8 30
13 - 14 0.9 - 1.1 70 - 85
4 0.1 14
1)
Притисокот и температурата на водата, варијациите на електричното напојување,
опциите и количеството садови може да ги променат вредностите.
5.2 Информации за институти
за тестирање
За сите неопходни информации за
тестирањата, испратете е-пошта на:
Запишете го бројот на производот
(PNC) што се наоѓа на плочката со
спецификации.
6. ПОСТАВКИ
6.1 Режим за одбирање на
програма и режим на
корисник
Кога апаратот е во режим на
одбирање на програма можно е да
одберете програма и да влезете во
режим на корисник.
Во режим на корисник, следните
поставки може да се сменат:
Нивото на омекнувач на вода
според тврдоста на водата.
Активирање или деактивирање на
известувањето за празен дозер за
средство за плакнење.
Активирање или деактивирање на
AirDry.
Овие поставки ќе бидат зачувани се
додека не ги промените повторно.
Како да се постави режимот
за одбирање на програма
Апаратот се наоѓа во режим за
одбирање на програма кога
показателот за програма е
вклучен и на екранот се прикажува
времетраењето на програмата.
Кога ќе го активирате апаратот,
обично се наоѓа во режим на
одбирање на програма. Сепак, ако ова
не се случи, можете да ја подесите
режимот за одбирање на програма на
следниот начин:
Притискајте и задржете ги
истовремено Programs и Options
додека апаратот не влезе во режим за
одбирање на програма.
6.2 Омекнувач за вода
Омекнувачот за вода ги вади
минералите од доводот на вода, што
МАКЕДОНСКИ 9
има штетен ефект врз резултатите на
миењето и врз апаратот.
Колку е поголема содржината на
минерали и соли, толку е потврда
вашата вода. Тврдоста на водата се
мери со еквивалентни скали.
Омекнувачот треба да се регулира
според тврдостa на водата во вашето
подрачје. Вашето локално
водостопанство може да ви каже
колкава е тврдоста на водата во
вашето подрачје. Важно е да го
поставите вистинското ниво на
омекнувач за вода за да добиете
добри резултати при миењето.
Тврдост на вода
Германски
степени (°dH)
Француски
степени (°fH)
mmol/l Кларкови
степени
Ниво на
омекнувач на
вода
47 - 50 84 - 90 8.4 - 9.0 58 - 63 10
43 - 46 76 - 83 7.6 - 8.3 53 - 57 9
37 - 42 65 - 75 6.5 - 7.5 46 - 52 8
29 - 36 51 - 64 5.1 - 6.4 36 - 45 7
23 - 28 40 - 50 4.0 - 5.0 28 - 35 6
19 - 22 33 - 39 3.3 - 3.9 23 - 27
5
1)
15 - 18 26 - 32 2.6 - 3.2 18 - 22 4
11 - 14 19 - 25 1.9 - 2.5 13 - 17 3
4 - 10 7 - 18 0.7 - 1.8 5 - 12 2
<4 <7 <0.7 < 5
1
2)
1)
Фабричка поставка.
2)
Не користете сол на ова ниво.
Ако користите стандарден
детергент или мулти-таблети (со
или без сол), поставете го
соодветното ниво на тврдост на
водата и оставете го активно
показното светло за повторно
полнење сол.
Мулти-таблетите кои
содржат сол не се доволно
ефективни за омекнување
на тврдоста на водата.
Поставување на омекнувачот
на вода
Апаратот мора да биде во режимот на
одбирање на програма.
1. За да влезете во режимот на
корисник, притиснете и задржете
истовремено Delay и Start се
додека показателите ,
и не почнат да
трепкаат и екранот не остане
празен.
2. Притиснете Programs.
Показните светла и
се гаснат.
Показното светло
продолжува да трепка.
На екранот се прикажува
тековната поставка: на пр.
= ниво 5.
3. Притиснете го Programs повеќе
пати за да ја смените поставката.
www.electrolux.com10
4. Притиснете го копчето за
вклучување/исклучување за
зачувување на поставката.
6.3 Известување за
испразнето средство за
плакнење
Средството за плакнење овозможува
сушење на садовите без ленти и
дамки.
Средството за плакнење автоматски
се испушта за време на жешката фаза
на плакнење.
Кога е празен садот за средство за
плакнење, показното светло за
средство за плакнење се вклучува за
да ве извести повторно да го
наполните. Ако користите мулти-
таблети што содржат средство за
плакнење и сте задоволни со
резултатите од сушењето, можете да
го исклучите известувањето за
повторно полнење на средството за
плакнење. Меѓутоа, ви препорачуваме
секогаш да користите средство за
плакнење за најдобри резултати при
сушењето.
Ако користите стандарден детергент
или мулти-таблети без средство за
плакнење, активирајте го
известувањето за да држите активно
показното светло за повторно
полнење на средството за плакнење.
Како да го исклучите
известувањето за празен
дозер за средство за
плакнење
Апаратот мора да биде во режимот на
одбирање на програма.
1. За да влезете во режимот на
корисник, притиснете и задржете
истовремено Delay и Start се
додека показателите ,
и не почнат да
трепкаат и екранот не остане
празен.
2. Притиснете Options.
Показните светла и
се гаснат.
Показното светло
продолжува да трепка.
На екранот се прикажува
тековната поставка.
= известувањето за
празен дозер за средство за
плакнење е активно.
= известувањето за
празен дозер за средство за
плакнење е исклучено.
3. Притиснете го Options за да ја
смените поставката.
4. Притиснете го копчето за
вклучување/исклучување за
зачувување на поставката.
6.4 AirDry
AirDry ги подобрува резултатите од
сушењето со помала потрошувачка на
енергија.
Додека работи фазата на
сушење, уредот ја отвора
вратата на апаратот.
Вратата е оставена полу
отворена.
ВНИМАНИЕ!
Не се обидивувајте да ја
затворите вратата на
апаратот 2 минути после
автоматското отворање.
Тоа може да предизвика
оштетување на апаратот.
МАКЕДОНСКИ 11
AirDry автоматски е активиран со сите
програи освен со и (ако е
применливо).
За да ги подобрите резултатите од
сушењето, погледнете ја опцијата
XtraDry или вклучете ја AirDry.
Како да ја исклучите AirDry
Апаратот мора да биде во режимот на
одбирање на програма.
1. За да влезете во режимот на
корисник, притиснете и задржете
истовремено Delay и Start се
додека показателите
,
и не почнат да
трепкаат и екранот не остане
празен.
2. Притиснете Delay.
Показните светла и
се гаснат.
Показното светло
продолжува да трепка.
На екранот се прикажува
тековната поставка:
= AirDry
вклучено.
3. Притиснете го Delay за да ја
смените поставката: = AirDry е
исклучено.
4. Притиснете го копчето за
вклучување/исклучување за
зачувување на поставката.
7. ОПЦИИ
Посакуваните опции мора
да бидат активирани
секогаш пред да ја
стартувате програмата.
Функциите не може да се
активираат или
деактивираат додека
програмата работи.
Сите опции не се
компатибилни меѓу себе.
Ако сте одбрале
компатибилни опции,
апаратот автоматски ќе
деактивира една од нив.
Показателите за опциите
кои се сеуште активни ќе
останат запалени.
7.1 XtraDry
Активирајте ја оваа опција кога сакате
да ги подобрите резултатите од
сушењето. Со употреба на оваа
опција, се влијае врз времетраењето
на некои програми, потрошувачката на
вода и последната температура на
плакнењето.
Опцијата XtraDry е постојана опција за
сите програми освен за и не
мора да биде одбрана за секој циклус.
Кај другите програми поставката
XtraDry е постојана и се користи
автоматски во другите циклуси. Оваа
конфигурација може да се промени во
било кое време.
Активирање на опцијата XtraDry ја
деактивира TimeManager и обратно.
Како да ја активирате XtraDry
Притискајте го Options сѐ додека не
се вклучи показателот .
Ако оваа опција не е применлива за
програмата, соодветното показно
светло не се вклучува или трепка брзо
неколку секунди, а потоа се исклучува.
На екранот се прикажува
времетраењето на ажурираната
програма.
7.2 TimeManager
Оваа опција ги зголемува притисокот и
температурата на водата. Фазите на
миење и сушење се пократки.
Времетраењето на целата програма
се намалува за околу 50%.
Резултатите од миењето се исти како
кај програма која е со нормално
времетраење. Резултатите кај
сушењето може да се намалат.
www.electrolux.com12
Како да го активирате
TimeManager
Притискајте го Options сѐ додека не
се вклучи показателот .
Ако опцијата не е применлива за
програмата, соодветниот показател не
се пали или брзо трепка неколку
секунди и потоа се исклучува.
Екранот го прикажува времетраењето
на ажурираната програма.
8. ПРЕД ПРВАТА УПОТРЕБА
1. Проверете дали поставеното
ниво на омекнувачот на водата е
соодветно за тврдоста на
водата во вашата област. Ако
не, подесете го нивото на
омекнувачот за вода.
2. Наполнете го садот за сол.
3. Наполнете го дозерот за средство
за плакнење.
4. Отворете ја славината за вода.
5. Стартувајте програма за да ги
извадите сите преработени
остатоци кои можат да бидат во
внатрешноста на апаратот. Не
користете детергент и не полнете
ги корпите.
Кога е ја стартувате програмата, на
апаратот му требаат 5 минути за да ги
промени јоните во омекнувачот за
вода. Изгледа дека апаратот не
работи. Фазата на миење започнува
кога оваа процедура ќе заврши.
Процедурата ќе биде повторена
периодично.
8.1 Сад за сол
ВНИМАНИЕ!
Користете само сол којшто
е специјално наменет за
машини за миење садови.
Солта се користи за промена на јоните
во омекнувачот за вода за да се
осигураат добри резултати при
перењето во секојдневната употреба.
Како да го наполните садот за
сол
1. Свртете го капачето на садот за
сол налево и извадете го.
2. Ставете 1 литар вода во садот за
сол (само првиот пат).
3. Наполнете го садот за сол со сол
за машини за миење садови.
4. Отстранете ја солта околу отворот
на садот за сол.
5. Завртете го капачето од садот за
сол надесно за да го затворите
садот за сол.
ВНИМАНИЕ!
Вода и сол може да
излезат од садот за сол
кога го полните. Откако сте
го наполниле садот со сол,
веднаш започенете ја
програмата за да спречите
корозија.
МАКЕДОНСКИ 13
8.2 Како да го вклучите
дозерот за средство за
плакнење
A
B
D
C
M
A
X
1
2
3
4
+
-
A
B
D
C
ВНИМАНИЕ!
Користете само специјално
средство за плакнење за
машини за миење садови.
1. Притиснете го копчето за
отклучување (D) за да го отворите
капакот (C) .
2. Ставете го средството за
плакнење во дозерот (A) се додека
течноста не го достигне нивото
„максимум“.
3. Отстранете го истуреното
средство за плакнење со впивлива
крпа за да спречите преголемо
пенење.
4. Затворете го капакот. Внимавајте
копчето за отпуштање да се
заглави на место.
Можете да го свртите
изборникот на истечената
количина (B) помеѓу
позиција 1 (најмала
количина) и позиција 4 или
6 (најголема количина).
9. СЕКОЈДНЕВНА УПОТРЕБА
1. Отворете ја славината за вода.
2. Притиснете го копчето за
вклучување/исклучување за да го
вклучите апаратот.
Проверете дали апаратот е во
режимот за бирање програма.
Ако показното светло за сол е
вклучено, наполнете го садот за
сол.
Ако е вклучено показното
светло за средството за
плакнење, наполнете го
дозерот за средство за
плакнење.
3. Наполнете ги корпите.
4. Додајте детергент.
5. Поставете ја и стартувајте ја
соодветната програма за миење
според видот на садовите и
степенот на извалканост.
9.1 Користење детергент
30
20
A BD
C
www.electrolux.com14
20
30
B
A D
C
1. Притиснете го копчето за
отклучување (B) за да го отворите
капакот (C) .
2. Ставете детергнет, во прашина
или таблети, во преградата (A).
3. Доколку програмата за миење има
и фаза за предперење, ставете
мала количина детергент во
преградата (D).
4. Затворете го капакот. Внимавајте
копчето за отпуштање да се
заглави на место.
9.2 Подесување и стартување
на програма
Функција Auto Off
Оваа функција ја намалува
потрошувачката на енергија со
автоматско деактивирање на апаратот
кога работи.
Функцијата почнува да работи:
5 минути после завршувањето на
програмата.
После 5 минути ако програмата
сеуште не започнала.
Стартување програма
1. Притиснете го копчето за
вклучување/исклучување за да го
вклучите апаратот. Проверете
дали апаратот е во режимот за
одбирање на програма.
2. Затворете ја вратата на апаратот.
3. Притискајте го Programs
повеќепати додека не се запали
показателот на програмата што
сакате да ја поставите.
На екранот се прикажува
времетраењето на програмата.
4. Поставете ги применливите опции.
5. Притиснете Start за да ја вклучите
програмата.
Се пали показателот за фазата
на миење.
Времетраењето на програмата
започнува да се намалува во
чекори од по 1 минута.
Вклучување програма со
одложен почеток
1. Поставете програма.
2. Притиснете го Delay неколку пати,
сѐ додека на екранот не се покаже
времето на одложување што
сакате да го поставите (од 1 до 24
часа).
Показното светло за поставената
програма трепка континуирано.
3. Притиснете Start.
4. Затворете ја вратата на апаратот
за да го стартувате одбројувањето.
Кога ќе заврши одбројувањето,
програмата започнува и показателот
за фазата на миење се пали.
Отворање на вратата додека
апаратот работи
Ако ја отворите вратата додека
програмата работи, апаратот
престанува да работи. Тоа може да
влијае врз потрошувачката на енергија
и времетраењето на програмата. Кога
ќе ја затворите вратата, апаратот
продолжува од точката на прекинот.
Ако вратата е отворена
подолго од 30 секунди за
време на фазата на
сушење, програмата што е
пуштена ќе заврши. Ова не
се случува ако вратата е
отворена со функцијата
AirDry.
МАКЕДОНСКИ 15
Не се обидувајте да го
затворите апаратот 2
минути после
автоматското отворање на
AirDry, затоа што може да
го оштети апаратот.
Ако, после тоа вратат е
затворена уште 3 минути,
завршува програмата шт
работи.
Откажување на одложениот
почеток додека работи
одбројувањето
Кога ќе го откажете одложениот
почеток, морате одново да ги
поставите програмата и опциите.
Притискајте и задржете ги
истовремено Programs и Options
додека апаратот не влезе во режим за
одбирање на програма.
Откажување на програма
Притискајте и задржете ги
истовремено Programs и Options
додека апаратот не влезе во режим за
одбирање на програма.
Проверете дали има детергент во
дозерот за детергент пред да вклучите
нова програма.
Крај на програмата
Кога програмата ќе заврши, на
екранот ќе се прикаже 0:00.
Показателите за фазата се гаснат.
Сите копчиња се неактивни освен
копчето за вклучување/исклучување.
1. Притиснете го копчето за
вклучување/исклучување или
чекајте функцијата Auto Off да го
исклучи апаратот автоматски.
Ако ја отворите вратата пред
активација на Auto Off, апаратот се
деактивира автоматски.
2. Затворете ја славината за вода.
10. ПОМОШ И СОВЕТИ
10.1 Општо
Следните совети овозможуваат
оптимални резулатите при чистењето
и сушењето во секојдневната
употреба и исто така помагаат при
заштита на околината.
Фрлете ги поголемите остатоци на
храна од садовите во канта за
отпадоци.
Немојте да ги плакнете садовите
рачно. Кога е потребно, користете
ја програмата за предперење (ако е
достапна) или одберете програма
со фаза за предперење.
Секогаш користете го целиот
простор од корпите.
Кога го полните апаратот,
внимавајте млазот вода којшто е
отпуштен од прскалките да биде
целосно пуштен врз садовите и тие
да бидат целосно измиени.
Внимавајте предметите да не се
допираат или да не се покриваат
едни со други.
Можете да користите детергент за
машина за миење садови, средство
за плакнење и сол посебно или
можете да користите мулти -
таблети ( на пр. „3 во 1“ „4 во 1“, „Се
во 1“). Постапувајте според
податоците на амбалажата.
Одберете ја програмата според
видот и степенот на извалканост на
садовите. Со програмата ECO
добивате најефикасна
потрошувачка на вода и енергија за
нормално валкани садови и прибор
за јадење.
10.2 Употреба на сол,
средство за плакнење и
детергент
Користете само сол, средство за
плакнење и детергент за машини за
www.electrolux.com16
миење садови. Други производи
може да предизвикаат оштетување
на апаратот.
Сепак, во области каде има тврда и
многу тврда вода, препорачуваме
засебно да се користат само
детергент (во прав, гел, таблети со
дополнителни функции), средство
за плакнење и сол за оптимално
чистење и сушење.
Барем еднаш месечно пуштете го
апаратот да работи со употреба на
чистач за апаати кој е специјално
намене за таа цел.
Таблетите со детергент не се
раствораат целосно со кратките
програми. За да спречите појава на
талог на садовите, ви
препорачуваме да ги користите
таблетите со долги програми.
Не ставајте повеќе детергент од
препорачаното количество.
Погледнете го упатството на
пакувањето на детергентот.
10.3 Што да направите ако
сакате да престанете да
користите мулти-таблети
Пред да започнете засебно да
користите детергент, сол и средство
за плакнење направете ја следната
процедура.
1. Поставете го највисокото ниво на
омекнувачот на вода.
2. Проверете дали садот за сол и
дозерот за средство за плакнење
се полни.
3. Стартувајте ја најкратката
програма со фазата за плакнење.
Не додавајте детергент и не
полнете ги корпите.
4. Кога ќе заврши програмата,
нагодете го омекнувачот на вода
според тврдоста на водата во
Вашата област.
5. Приспособете го испуштеното
количество средство за плакнење.
6. Вклучување на известувањето за
празен дозер за средство за
плакнење.
10.4 Полнење на корпите
Користете го апаратот за да миете
садови кои се сигурни за машина за
миење на садови.
Не ставајте во апаратот предмети
кои се направени од дрво, габрово
дрво, алуминиум, калај и бакар.
Не ставајте во апаратот предмети
што впиваат вода (сунѓери,
домашни алишта).
Фрлете ги поголемите остатоци
храна од садовите во канта за
отпадоци.
Омекнете ја преостанатата
загорена храна на предметите.
Ставете ги шупливите предмети
(шолји, чаши и тави) со отворот
надолу.
Внимавајте чашите да не допираат
други чаши.
Ставете го кујнскиот прибор и
помалите предмети во корпата за
приборот за јадење.
Ставете ги лесните предмети во
горната корпа. Погрижете се
предметите да не се движат.
Проверете дали прскалките може
да се движат слободно пред да
почнете програма за миење.
10.5 Пред започнување
програма
Погрижете се:
Филтрите да се чисти и правилно
монтирани.
Капакот на садот за сол да е цврсто
затворен.
Прскалките да не се затнати.
Да има сол за машини за миење
садови и средство за плакнење
(освен ако не користите мулти
таблети).
Предметите да се правилно
поставени во корпите.
Програмата којашто ја користите да
важи за видот на садовите и за
степенот на извалканост.
Да се користи правилна количина
на детергент.
МАКЕДОНСКИ 17
10.6 Празнење на корпите
1. Оставете ги садовите да се
изладат пред да ги вадите од
апаратот. Жешките садови лесно
се оштетуваат.
2. Првин испразнете ја долната
корпа, а потоа горната.
На крајот од програмата на
рабовите или на вратата
од апаратот може да има
вода.
11. НЕГА И ЧИСТЕЊЕ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Пред одржување,
исклучете го апаратот и
извадете го штекерот за
струја од приклучницата.
Валканите филтри и
затнатите прскалки може
да ги намалат резултатите
од миењето. Правете
редовни проверки и,
доколку е потребно,
исчистете ги.
11.1 Чистење на филтрите
Системот за филтри е направен од 3
дела.
C
B
A
1. Свртете го филтерот (B) налево и
извадете го.
2. Извадете го филтерот (C) од
филтерот (B).
3. Извадете го рамниот филтер (A).
4. Исчистете ги филтрите.
www.electrolux.com18
5. Внимавајте да нема остатоци од
храна или дамки во или околу
краевите на коритото.
6. Вратете го на своето место
рамниот филтер (A). Осигурете се
дека е правилно поставен под 2
водилки.
7. Повторно сколопете ги филтрите
(B) и (C).
8. Вратете го филтерот (B) во
рамниот филтер (A). Вртете го
надесно се додека не се затвори.
ВНИМАНИЕ!
Неправилната положба на
филтрите може да
предизвика лоши
резултати при миењето и
може да го оштети
апаратот.
11.2 Чистење на прскалките
Не вадете ги прскалките. Ако дупките
на прскалките се затнат, исчистете ја
нечистотијата со тенок шилест
предмет.
11.3 Надворешно чистење
Чистете го апаратот со мека,
влажна крпа.
Користете само неутрални
детергенти.
Не користете абразивни средства,
сунѓери со жица или растворувачи.
11.4 Чистење на
внатрешноста
Внимателно исчистете го апаратот,
вклучувајќи ги и гумениот дихтунг
на вратата, со мека влажна крпа.
Ако редовно користите кратки
програми, тие можат да остават
остатоци од маснотии и бигор во
внатрешноста на апаратот. За да го
спречите тоа, ви препорачуваме да
користите долги програми барем 2
пати месечно.
За да овозможите најдобра работа
на Вашиот апарат, Ви
препорачуваме да користите
посебен препарат за чистење на
машини за садови еднаш месечно.
Следете ги внимателно упатствата
на амбалажата на производот.
МАКЕДОНСКИ 19
12. РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМИ
Апаратот не се вклучува или
прекинува додека работи. Пред да го
повикате Овластениот сервисен
центар, проверете дали можете сами
да го решите проблемот или со помош
на информациите дадени во табелата.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Поправки кои не се
правилно направени може
да имаат сериозни
последици по безбедноста
на корисникот. Секоја
поправка мора да биде
направена од
квалификуван кадар.
Кај некои проблеми, екранот
покажува шифра за аларм.
Поголемиот број проблеми кои
може да се појават може да се
решат без да има потреба од
контакт со Овластениот сервисен
центар.
Проблем и шифра за
аларм
Можни причини и решение
Не можете да го
вклучите апаратот.
Проверете дали приклучокот за струја е вклучен
во штекерот.
Проверете дали има оштетен осигурувач во
таблата со осигурувачи.
Програмата не стартува. Проверете дали вратата на апаратот е
затворена.
Притиснете Start.
Доколку е поставен одложен почеток, откажете ја
поставката или почекајте да заврши
одбројувањето.
Апаратот ја започна процедурата за промена на
јони во омекнувачот на вода. Времетраењето на
процедурата е околу 5 минути.
Машината не се полни со
вода.
На екранот се прикажува
.
Проверете дали е отворена славината за вода.
Проверете дали е многу низок притисокот во
доводот за вода. За овие информации, јавете се
во локалното водостопанство.
Проверете дали е затната славината за вода.
Внимавајте филтерот во доводното црево да не е
затнат.
Проверете дали доводното црево е засукано или
свиткано.
Апаратот не испушта
вода.
На екранот се прикажува
.
Проверете дали е затната одводната славина.
Внимавајте филтерот во одводното црево да не е
затнат.
Проверете да не е затнат внатрешниот
филтерски систем.
Проверете да не е засукано или свиткано
одводното црево.
www.electrolux.com20
  • Page 1 1
  • Page 2 2
  • Page 3 3
  • Page 4 4
  • Page 5 5
  • Page 6 6
  • Page 7 7
  • Page 8 8
  • Page 9 9
  • Page 10 10
  • Page 11 11
  • Page 12 12
  • Page 13 13
  • Page 14 14
  • Page 15 15
  • Page 16 16
  • Page 17 17
  • Page 18 18
  • Page 19 19
  • Page 20 20
  • Page 21 21
  • Page 22 22
  • Page 23 23
  • Page 24 24
  • Page 25 25
  • Page 26 26
  • Page 27 27
  • Page 28 28
  • Page 29 29
  • Page 30 30
  • Page 31 31
  • Page 32 32
  • Page 33 33
  • Page 34 34
  • Page 35 35
  • Page 36 36
  • Page 37 37
  • Page 38 38
  • Page 39 39
  • Page 40 40
  • Page 41 41
  • Page 42 42
  • Page 43 43
  • Page 44 44
  • Page 45 45
  • Page 46 46
  • Page 47 47
  • Page 48 48
  • Page 49 49
  • Page 50 50
  • Page 51 51
  • Page 52 52
  • Page 53 53
  • Page 54 54
  • Page 55 55
  • Page 56 56
  • Page 57 57
  • Page 58 58
  • Page 59 59
  • Page 60 60
  • Page 61 61
  • Page 62 62
  • Page 63 63
  • Page 64 64
  • Page 65 65
  • Page 66 66
  • Page 67 67
  • Page 68 68
  • Page 69 69
  • Page 70 70
  • Page 71 71
  • Page 72 72

Electrolux ESF5545LOX Kullanım kılavuzu

Tip
Kullanım kılavuzu