допираат или да не се покриваат
едни со други.
• Можете да користите детергент за
машина за миење садови, средство
за плакнење и сол посебно или
можете да користите мулти -
таблети ( на пр. „3 во 1“ „4 во 1“, „Се
во 1“). Постапувајте според
податоците на амбалажата. Мулти -
таблетите се обично погодни за
области каде тврдоста на водата е
до 21 °dH. Во области каде ова
ограничување е надминато мора да
се користат средство за плакнење и
сол. Ако користите мулти-таблети
може да користите опција Multitab
(ако е достапна). Оваа опција ги
подобрува резултатите на чистење
и сушење со користење на мулти-
таблети.
• Одберете ја програмата според
видот и степенот на извалканост на
садовите. Со програмата ECO
добивате најефикасна
потрошувачка на вода и енергија за
нормално валкани садови и прибор
за јадење.
9.2 Употреба на сол,
средство за плакнење и
детергент
• Користете само сол, средство за
плакнење и детергент за машини за
миење садови. Други производи
може да предизвикаат оштетување
на апаратот.
• Таблетите со детергент не се
раствораат целосно со кратките
програми. За да спречите појава на
талог на садовите, ви
препорачуваме да ги користите
таблетите со долги програми.
• Не ставајте повеќе детергент од
препорачаното количество.
Погледнете го упатството на
производителот на детергентот.
9.3 Што да направите ако
сакате да престанете да
користите мулти-таблети
Пред да започнете засебно да
користите детергент, сол и средство
за плакнење направете ја следната
процедура.
1. Поставете го највисокото ниво на
омекнувачот на вода.
2. Проверете дали садот за сол и
дозерот за средство за плакнење
се полни.
3. Стартувајте ја најкратката
програма со фазата за плакнење.
Не додавајте детергент и не
полнете ги корпите.
4. Кога ќе заврши програмата,
нагодете го омекнувачот на вода
според тврдоста на водата во
Вашата област.
5. Приспособете го испуштеното
количество средство за плакнење.
9.4 Полнење на корпите
• Користете го апаратот за да миете
садови кои се сигурни за машина за
миење на садови.
• Не ставајте во апаратот предмети
кои се направени од дрво, габрово
дрво, алуминиум, калај и бакар.
• Не ставајте во апаратот предмети
што впиваат вода (сунѓери,
домашни алишта).
• Фрлете ги поголемите остатоци на
храна од садовите во канта за
отпадоци.
• Омекнете ја преостанатата
загорена храна на предметите.
• Ставете ги шупливите предмети
(шолји, чаши и тави) со отворот
надолу.
• Внимавајте чашите да не допираат
други чаши.
• Ставете го кујнскиот прибор и
помалите предмети во корпата за
приборот за јадење.
• Ставете ги лесните предмети во
горната корпа. Погрижете се
предметите да не се движат.
• Проверете дали прскалката може
да се движи слободно пред да
почнете програма.
9.5 Пред започнување
програма
Погрижете се:
• Филтрите да се чисти и правилно
монтирани.
www.electrolux.com14