Zanussi ZGM62444XA Kullanım kılavuzu

Tip
Kullanım kılavuzu
Упатство за ракување 2
Navodila za uporabo 17
Kullanma Kılavuzu 32
MK
SL
TR
ZGM62444XA
Плоча за готвење
Kuhalna plošča
Ocak
MK TR SI
Содржина
Безбедносни информации 2
Инструкции за безбедност 3
Опис на производот 6
Секојдневна употреба 7
Помош и совети 8
Нега и чистење 9
Решавање на проблеми 10
Монтажа 11
Технички информации 14
Енергетска ефикасност 15
Можноста за промени е задржана.
Безбедносни информации
Пред монтажата и употребата на овој апарат, внимателно
прочитајте ги приложените упатства. Производителот не е
одговорен ако неправилната монтажа и употреба
предизвикаат повреди и оштетувања. Секогаш чувајте го
упатството со апаратот за идна употреба.
Безбедност на деца и ранливи лица
Овој апарат можат да го користат деца над 8 години и
лица со намалени физички, сетилни или ментални
способности или лица без искуство и знаење доколку тоа
го прават под надзор или им биле дадени упатства како
безбедно да го употребуваат апаратот и ги разбираат
опасностите поврзани со него.
Не дозволувајте им на децата да играат со апаратот.
Чувајте го пакувањето настрана од дофат на деца.
Држете ги децата и миленичињата подалеку од апаратот
кога тој работи или кога се лади. Деловите кои се
достапни се жешки.
Доколку апаратот има уред за безбедност на деца, ви
препорачуваме да го активирате.
Чистењето и одржувањето од страна на корисникот не
треба да го прават деца без надзор.
Апаратот не смее да биде во дофат на деца помали од 3
години освен ако не се под постојан надзор.
Општа безбедност
Апаратот и неговите достапни делови се вжештуваат за
време на употребата. Не допирајте ги грејните елементи.
2 www.zanussi.com
Не управувајте со апаратот со надворешен тајмер или со
посебен систем за далечинско управување.
Готвењето на површина за готвење со маст или масло
без надзор може да биде опасно и да доведе до пожар.
Никогаш не гаснете оган со вода, туку исклучете го
апаратот, а потоа покријте го пламенот, на пр. со капак
или со специјално противпожарно кебе.
Не чувајте предмети на површините за готвење.
Металните предмети, какви што се ножеви, виљушки,
лажици и капаци, не треба да се оставаат на површината
за готвење бидејќи може да се вжештат.
Не користете чистач на пареа за чистење на апаратот.
Доколку кабелот за напојување се оштети, треба да се
замени од страна на производителот, овластен сервисен
претставник или слично квалификувани лица за да се
избегне опасност.
Кога апаратот е директно приклучен на електрично
напојување, има потреба од четири-полен изолиран
прекинувач со спојница. Комплетно исклучување во
согласност со условите наведени во категоријата за
прекумерна волтажа III мора да биде загарантирано.
Кабелот за заземјување не подлежи на ова.
Кога ќе го поврзувате кабелот внимавајте кабелот да не
доаѓа во директен контакт (на пример користење на
заштитна изолација) со делови кои достигнуваат
температури поголеми за 50°C од собната температура.
Инструкции за безбедност
Овој апарат е погоден за следниве пазари:
MK TR SI
Монтажа
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Апаратот мора да го монтира
само квалификувано лице.
Извадете ја целата амбалажа
Немојте да монтирате ниту да користите
оштетен апарат.
Придржувајте се до упатството за
монтажа приложено со апаратот.
Одржувајте минимална оддалеченост
од другите апарати и делови.
Секогаш внимавајте кога го
преместувате апаратот затоа што е
тежок. Секогаш носете заштитни
ракавици.
Зачепете ги засечените површини со
заптивач за да спречите влагата да
предизвика надигнување.
Заштитете го дното на апаратот од
пареа и влага.
Не го монтирајте апаратот во близина
на врата или под прозорец. На овој
начин ќе спречите некој жежок сад за
www.zanussi.com 3
готвење да падне од апаратот кога
вратата или прозорецот се отворени.
Ако апаратот е монтиран над фиоки,
внимавајте просторот помеѓу дното на
апаратот и горната фиока да е доволен
за циркулација на воздух
Дното на апаратот може да стане
жешко. Уверете се дека сте монтирале
незапалива плоча за одделување под
апаратот за да спречите пристап до
дното.
Поврзување со струја
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Ризик од пожар и струен удар.
Секое поврзување со струја треба да
биде направено од квалификуван
електричар.
Апаратот мора да биде заземјен.
Пред да се изведуваат какви било
работи, проверете дали апаратот е
исклучен од струја.
Проверете дали информацијата за
напојување со струја на плочката со
спецификации се совпаѓа со
напојувањето со струја. Доколку не се
совпаѓа, контактирајте со електричар.
Проверете дали апаратот е правилно
монтиран. Лабав и несоодветен кабел
за струја или приклучок (ако е
применливо) може да предизвика
прегревање на терминалот.
Користете соодветен кабел за струја.
Не оставајте ги каблите да се
заплеткаат.
Проверете дали е монтирана заштитата
од струен удар.
Користете клема за да го ослободите
кабелот од напон.
Проверете дали кабелот за струја или
приклучокот (ако е применливо) го
допира топлиот апарат или топлите
садови за готвење кога го поврзувате
апаратот со штекери во близина
Не користете адаптери со повеќе
приклучоци и продолжени кабли.
Потрудете се да не го оштетите
приклучокот за струја (ако е
применливо) или кабелот за струја.
Контактирајте го нашиот Овластен
сервисен центар или електричар за да
го смените оштетениот кабел.
Заштитата од електричен удар на
активните и изолираните делови мора
да се поврзе на таков начин што нема
да може да се извади без алатки.
Поврзете го приклучокот за струја со
штекерот на крајот од монтажата.
Проверете дали приклучокот за струја е
пристапен по монтирањето.
Доколку штекерот е лабав, не
приклучувајте го приклучокот за струја.
Не повлекувајте го кабелот за струја за
да го исклучите апаратот. Секогаш
повлекувајте го приклучокот.
Користете само соодветни уреди за
изолација: заштитни прекинувачи на
линија, осигурувачи (осигурувачи на
вртење извадени од држачот),
заземјување и контактори.
Електричната инсталација мора да има
изолациски уред кој што ви овозможува
да го исклучите апаратот од
приклучокот за струја од сите полови.
Изолацискиот уред мора да има
контактен отвор со ширина од најмалку
3 mm.
Поврзување на гас
Секое поврзување на гас треба да биде
направено од квалификувано лице.
Пред монтирањето, уверете се дека
локалните комунални услуги (видот на
гасот и притисокот) одговараат на
барањата за приклучување на апаратот.
Овозможете кружење на воздух околу
апаратот.
Информациите за доводот на гас се на
плочката со податоци.
Овој апарат не смее да се поврзува со
уред кој служи за евакуација на
запаливи производи. Овозможете
поврзување на апаратот според
тековните прописи за монтажа.
Внимавајте на условите кои се дадени
за соодветната вентилација.
Употреба
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Постои опасност од повреда,
изгореници или струен удар.
Отстранете ја целата амбалажа,
етикетата и заштината фолија (ако е
применливо) пред првата употреба.
Овој апарат користете го само во
домашни услови.
4 www.zanussi.com
Не менувајте ги спецификациите на овој
апарат.
Погрижете се отворите за вентилација
да не бидат блокирани.
Не оставајте го апаратот без надзор
додека работи.
Поставувајте ја ринглата на
„исклучено“ („off“) по секоја употреба.
Не ставајте прибор за јадење или
капаци од тенџериња на ринглите. Тие
може да станат жешки.
Не ракувајте со апаратот со влажни
раце или кога тој има контакт со вода.
Не употребувајте го апаратот како
работна површина или како простор за
складирање.
Кога ставате храна во жешко масло,
може да прска.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Опасност од пожар и изгореници
При загревање, маснотиите и маслото
можат да испуштаат запаливи пареи.
Држете го огнот или загреаните
предмети подалеку од маснотиите и
маслата кога готвите со нив.
Пареата што ја испушта маслото
коешто е многу жешко може да
предизвика спонтано запалување.
Искористеното масло кое може да
содржи остатоци од храна, може да
предизвика пожар на пониска
температура од маслото што се користи
за прв пат.
Не ставајте запаливи производи или
предмети натопени со запаливи
средства во, блиску до, или на
апаратот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Опасност од оштетување на
апаратот.
Не чувајте жешки садови за готвење на
контролната табла.
Не оставајте ги садовите за готвење да
вријат на суво.
Внимавајте предметите или садовите за
готвење да не паднат на апаратот.
Може да се оштети површината.
Не вклучувајте ги ринглите со празни
садови за готвење или без садови за
готвење.
Не ставајте алуминиумска фолија на
апаратот.
Користете само стабилни садови за
готвење со правилен облик и дијаметар
не поголем од димензиите на
пламениците.
Осигурете се дека садот за готвење е
централно позициониран на
пламениците.
Потрудете се пламенот да не се изгасне
кога брзо ќе го свртите копчето од
максималната во минималната
положба.
Користете го само дополнителниот
прибор испорачан заедно со апаратот.
Не монтирајте дифузер за пламен на
пламениците.
Употребата на апарат за готвење на гас
произведува топлина и влага.
Обезбедете добра вентилација во
собата каде е монтиран апаратот.
Продолженото интензивно користење
на апаратот може да бара
дополнителна вентилација, на пример,
отворање прозорец или поефикасна
вентилација, односно зголемување на
јачината на механичката вентилација,
онаму каде што ја има.
Овој апарат е наменет само за готвење.
Не смее да се користи за други намени,
на пример за загревање на простории.
Не дозволувајте кисели течности, како
што е оцетот, лимоновиот сок или
средствата за отстранување бигор да
допрат до плочата за готвење. Тоа
може да ја оштети глазурата и сјајот.
Нега и чистење
Редовно чистете го апаратот за да
спречите оштетување на материјалот
на површината.
Исклучете го апаратот и оставете го да
се излади пред да го чистите.
Исклучете го апаратот на напојувањето
со струја пред оддржувањето.
Не користете воден спреј и пареа за
чистење на апаратот.
Чистете го апаратот со мека, влажна
крпа. Користете само неутрални
детергенти. Не користете абразивни
производи, абразивни сунѓери за
чистење, растворувачи или метални
предмети.
Немојте да ги чистите пламениците во
машината за миење садови.
www.zanussi.com 5
Расходување
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Ризик од повреда или
задушување.
Контактирајте со општинската власт за
да добиете информации за правилно
расходување на апаратот.
Исклучете го апаратот од приклучокот
за струја.
Отсечете го кабелот за струја и фрлете
го.
Отворете ги надворешните цевки за гас.
Сервисирање
За да го поправите апаратот
контактирајте го Овластениот сервисен
центар.
Користете само оригинални резервни
делови.
Опис на производот
Распоред на површината за готвење
145
mm
1 3 542
6
1
Брз пламеник
2
Електрични рингли
3
Полубрз пламеник
4
Помошен пламеник
5
Показно светло за напојување
6
Контролни копчиња
Контролно копче
Знак Опис
затворен довод на гас /
исклучена положба
положба за палење /
максимален довод на гас
минимален довод на гас
Поставка на топлинакај електрични
рингли
Знаци Функција
Положба на исклучено
Знаци Функција
1 - 6 Поставки за топлина
Користете ја преостанатата
топлина за да ја намалите
потрошувачката на енергија.
Исклучете ја ринглата околу 5 -
10 минути пред да заврши
процесот на готвење.
Свртете го копчето на потребната поставка
за топлината.
За завршување на готвењето, завртете го
копчето во положбата исклучено.
6 www.zanussi.com
Секојдневна употреба
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Видете во поглавјата за заштита
и сигурност.
Преглед на пламеник
A
B
D
C
A) Капак на пламеникот
B) Круна на пламеникот
C) Свеќичка за палење
D) Термоeлемент
Палење на пламеникот
Секогаш прво палете го
пламеникот пред да ставите сад
за готвење.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Бидете многу внимателни кога
користите отворен оган во
кујната. Производителот одбива
секаква одговорност во случај на
злоупотреба на пламенот.
1. Притиснете го контролното копче
надолу и завртете го налево до
положба за максимален довод на гас
( ).
2. Држете го контролното копче
притиснато околу 10 секунди или
помалку. Ова ќе овозможи загревање
на термоелементот. Ако не, доводот на
гас ќе се прекине.
3. Регулирајте го пламенот откако ќе се
стабилизира.
Ако не можете да го запалите
пламеникот и по неколку обиди,
проверете дали круната и
капачето се правилно
наместени.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Не држете го копчето притиснато
подолго од 15 секунди. Ако
пламеникот не се запали по 15
секунди, отпуштете го
контролното копче, свртете го во
исклучена положба и обидете се
повторно да го запалите
пламеникот по минимум 1
минута.
ВНИМАНИЕ!
Ако нема струја, пламеникот
можете да го запалите без
електричен уред; во ваков
случај, приближете пламен до
пламеникот, свртете го
контролното копче налево на
положба за максимален проток
на гас. Држете го притиснато
контролното копче најмногу 10
секунди за да се загрее
термоелементот.
Доколку пламеникот случајно се
изгасне, свртете го контролното
копче на позиција за
исклучување и обидете се
повторно да го запалите
пламеникот после минимум 1
минута.
Свеќичката се вклучува
автоматски кога ќе го вклучите
приклучокот на струја, после
монтажата или после прекин на
електричната струја. Тоа е
нормално.
Гасење на пламеникот
За да го изгаснете пламенот, свртете го
копчето во положба на исклучено .
www.zanussi.com 7
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Намалете го или исклучете го
пламенот пред да ги тргнете
тенџерињата од пламеникот.
Пред првата употреба
Ставете садови за готвење со вода на
секоја од електричните рингли, поставете
ги на максимум и оставете ја површината
за готвење да работи 10 мин. Тоа е за да
изгорат остатоците на апаратот. Потоа,
користете ја површината за готвење на
минимум 20 мин. За време на овој период,
може да се појави мирис и дим. Тоа е
нормално. Погрижете се да има доволен
проток на воздух.
Примери на апликации за готвење за
електрични рингли
Поста
вува
ње на
топли
ната:
Примена:
1 Одржување топлина
Поста
вува
ње на
топли
ната:
Примена:
2 Благо крчкање
3 Крчкање
4 Пржење / запекување
5 Зовривање
6 Зовривање / запржување /
пржење
Користење на рингла за брзо
загревање
Црвената точка вo средината на плотната
е знак за брза рингла. Брзата рингла се
загрева побрзо од вообичаенитe рингли.
Црвените точки се обоени на ринглите. Тие
може да избледат со користењето и дури и
потполно да исчезнат после одредено
време. Ова нема влијание врз работата на
апаратот.
Помош и совети
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Видете во поглавјата за заштита
и сигурност.
Садови за готвење
Струја:
Дното на садовите за готвење
треба да е што е можно
подебело и порамно.
ВНИМАНИЕ!
Не користете садови од лиено
железо, садови од керамика,
земјени садови, плочи за скара
или тостер. Не’рѓосувачкиот
челик може да потемни доколку
се прегрева.
Гас:
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Не ставајте ја истата тава на два
пламеника.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Не ставајте нестабилни или
оштетени тенџериња на
пламеникот за да се заштитите
од преливање и повреда.
ВНИМАНИЕ!
Внимавајте дното на
тенџерињата да не стои над
контролното копче, во
спротивно, пламенот ќе го
загрее контролното копче.
ВНИМАНИЕ!
Погрижете се рачките на
тенџерето да не бидат над
предниот раб на плочата за
готвење.
8 www.zanussi.com
ВНИМАНИЕ!
Погрижете се тенџерињата да
бидат поставени централно на
пламеникот за да постигнете
максимална стабилност и
помала потрошувачка на гас.
Дијаметри на садовите за готвење
Користете само садови за
готвење со дијаметар кој
одговара на димензиите на
пламениците.
Пламеник Дијаметар на
садови за
готвење (mm)
Брз 180 - 260
Полу-брз 120 - 180
Помошен 80 - 180
Нега и чистење
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Видете во поглавјата за заштита
и сигурност.
Општи информации
Чистете ги садовите за готвење по
секоја употреба.
Секогаш употребувајте садови за
готвење со чисто дно.
Гребаниците или темните дамки на
површината не влијаат врз работата на
апаратот.
Користете специјално средство за
чистење наменето за површини за
готвење.
Не’рѓосувачки челик
За рабовите на површината за готвење
од не'рѓосувачки челик користете
специјално средство за чистење
не'рѓосувачки челик.
Рабовите од не’рѓосувачки челик на
плотната може да ја променат бојата
како резултат на високата температура.
Измијте ги деловите од не’рѓосувачки
челик со вода, а потоа избришете ги со
мека крпа.
Држачи за садови
Држачите за садови не се
отпорни на миење во машина за
миење садови. Тие мора да се
мијат рачно.
1. За полесно чистење на површината за
готвење, можете да ги извадите
држачите за садови.
Бидете многу внимателни
при враќањето на држачите
за садови за да спречите
ошттетување на горниот дел
на површината за готвење.
2. Облогата од емајл понекогаш може да
има остри рабови, па бидете
внимателни кога ги миете и бришете
држачите за садови. Ако е потребно,
отстранете ги тврдокорните дамки со
крем-детергент.
3. Откако ќе ги исчистите држачите за
садови, проверете дали се наместени
на точната положба.
4. За да работат пламениците правилно,
погрижете се рачките на држачите за
садови да бидат порамнети со
центарот на пламеникот.
Чистење на плочата за готвење
Веднаш отстранете: стопена пластика,
пластична фолија и храна што содржи
шеќер. Во спротивно, нечистотијата
може да предизвика оштетување на
плотната за готвење.
Извадете ги откако апаратот е
доволно изладен: прстени од бигор,
вода, дамки од маснотии, светкави
метални промени на бојата. Чистете ја
www.zanussi.com 9
плотната за готвење со влажна крпа и
малку детергент. По чистењето,
исушете го апаратот со мека крпа.
За чистење на емајлираните делови,
капакот и круната, измијте ги со топла
сапуница и исушете ги внимателно пред
да ги вратите назад.
Чистење на свеќичката
Оваа функција се добива преку керамичка
свеќичка за палење со метална електрода.
Секогаш држете ги овие компоненти многу
чисти за да избегнете отежнато палење и
редовно проверувајте да не се затнати
дупките од круната на пламеникот.
Периодично одржување
Повремено разговарајте со вашиот
локален сервисен центар за да ја проверат
состојбата на цревото за довод на гас и на
регулаторот на притисокот, ако го има.
Решавање на проблеми
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Видете во поглавјата за заштита
и сигурност.
Што да направите ако...
Проблем Можна причина Решение
Не можете да ја вклучите или
да ракувате со површината за
готвење.
Апаратот не е поврзан со
напојување за струја или не е
правилно поврзан.
Проверете дали апаратот е
правилно поврзан со
електрична енергија.
Избил осигурувач. Проверете дали осигурувачот
е причина за дефектот. Ако
осигурувачот постојано
избива, стапете во контакт со
квалификуван електричар.
Капата и круната на
пламениците не се правилно
поставени.
Поставете ги правилно капата
и круната на пламениците.
Пламенот се гасне веднаш по
палењето.
Термоелементот не е
доволно загреан.
Откако ќе го запалите
пламенот, држете го копчето
притиснато 10 секунди или
пократко од тоа.
Прстенот со пламен е
нерамномерен.
Круната на пламеникот е
затната со остатоци од храна.
Проверете да не е затнат
инјекторот и дали е чиста
круната од пламеникот.
Ако не можете да најдете решение...
Ако не можете самите да го решите
проблемот, обратете се кај вашиот
продавач или во овластениот сервисен
центар. Наведете ги податоците од
плочката за спецификации. Осигурете се
дека правилно работите со површината за
готвење. Ако неправилно сте ракувале со
површината за готвење, сервисирањето од
страна на сервисниот техничар или на
продавачот нема да биде бесплатно, дури
и во гарантниот период. Упатствата за
службата за односи со корисниците и за
условите на гаранцијата се наведени во
гарантниот лист.
10 www.zanussi.com
Обезбедени етикети со приборот
Залепете ги лепливите етикети како што е
прикажано долу:
MOD.
PROD.NO.
SER.NO
DATA
MOD.
PROD.NO.
SER.NO
DATA
MOD.
PROD.NO.
SER.NO.
03 IT
MADE IN ITALY
TYPE
IP20
0049
A B C
A) Залепете го на Гаранцијата и
испратете го овој дел (ако е
применливо).
B) Залепете го на Гаранцијата и чувајте го
овој дел (ако е применливо).
C) Залепете го на упатството.
Монтажа
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Видете во поглавјата за заштита
и сигурност.
Пред монтажата
Пред да ја монтирате површината за
готвење, напишете ги информациите
подолу од плочката за спецификации.
Плочката со спецификации се наоѓа на
дното од куќиштето на апаратот.
Опис на
моделот .......................................
Број на производ
(PNC) ...................................
Сериски број (S.N.) ............
Поврзување на гас
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Следниве упатства за монтажа,
поврзување и одржување мора
да ги изведуваат квалификувани
техничари во согласност со
стандардите и локалните
важечки прописи.
Одберете фиксен приклучок или
употребете флексибилна цевка од
не'рѓосувачки челик во согласност со
важечките закони. Ако употребувате
флексибилни метални цевки, бидете
внимателни да не дојдат во допир со
подвижните делови или да не бидат
смачкани. Бидете внимателни и кога
површината за готвење е споена со
печката.
www.zanussi.com 11
Проверете дали притисокот на
доводот на гас на апаратот е во
согласност со препорачаните
вредности. Спојката што може
да се конвертира се прицврстува
на широката рампа со помош на
навртка со навој G 1/2".
Заштрафете ги делови без
употреба на сила, регулирајте го
поврзувањето во потребниот
правец и стегнете ги сите
заедно.
A B C
A) Крај на вратилото со навртка
B) Дихтунг
C) Зглоб (доколку е потребно)
Течен гас
Користете држач за гумено црево за течен
гас. Секогаш користете дихтунг. Потоа
продолжете со поврзувањето на гасот.
Флексибилната цевка е подготвена за
примена кога:
не може да се загрее повеќе од собна
температура, повисоко од 30°C;
не е подолга од 1500 mm;
нема затнувања;
не е изложена на истегнување или
усукување;
не доаѓа во допир со остри рабови или
агли;
може лесно да се прегледа за да се
утврди нејзината состојбата.
Контролата на состојбата на
флексибилната цевка се состои од
проверка на следниве работи:
да не е напукнато, расечено или
подгорено на двата краја и по целата
должина;
дали материјалот е стврднат, и дали е
соодветно еластичен;
стегите да не се 'рѓосани;
рокот на траење да не е поминат.
Ако се забележат една или повеќе
неправилности, не поправајте го цревото,
туку заменете го.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Кога ќе завршите со монтажата,
проверете дали заптивката на
секоја цевка е соодветна.
Употребете сапунеста течност, а
не пламен!
Замена на дизните
1. Отстранете ги држачите за садови.
2. Отстранете ги капаците и круните од
пламеникот.
3. Одвртете ги вбризгувачите со клуч бр.
7 и заменете ги со други, потребни за
типот на користениот гас (погледнете ја
табелата во поглавјето „Технички
податоци“).
4. Составете ги деловите следејќи ја
истата процедура по обратен
редослед.
5. Заменете ја плочката со спецификации
(се наоѓа близу цревото за довод на
гас) со онаа за новиот тип за довод на
гас. Плочката ќе ја најдете во
пакувањето испорачано со апаратот.
Ако притисокот за довод на гас е
променлив или различен од потребниот
притисок, морате да наместите применлив
прилагодувач за притисок на цревото за
довод на гас.
Приспособување на минималното
ниво
За регулирање на минималното ниво на
пламениците:
1. запалете го пламеникот.
2. Свртете го копчето на минималната
положба.
3. Извадете го копчето.
4. Регулирајте ја положбата на шрафот за
бајпас со помош на тенок шрафцигер
(А).
12 www.zanussi.com
A
5. Ако направите промена:
од природен гас со G20 20 mbar на
течен гас, целосно затегнете го
шрафот на бајпасот.
од течен гас на природен гас G20 20
mbar, одвртете го штрафот за бајпас
за околу 1/4 вртење.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Проверете дали пламенот се
гасне кога брзо ќе го свртите
копчето од максимална во
минимална положба.
Поврзување со струја
Погрижете се номиналниот напон и
типот на струјата наведени на плочката
со спецификации да одговараат на
напонот и струјата на локалната мрежа.
Овој апарат се испорачува со кабел за
напојување. Треба да биде испорачан
со соодветен приклучок што може да го
издржи оптеретувањето означено на
плочката со спецификации. Внимавајте
да го ставите приклучокот во точниот
штекер.
Секогаш користете правилно монтиран
штекер отпорен на струјни удари.
Осигурете се дека приклучокот за струја
е пристапен по монтирањето.
Не повлекувајте го кабелот за струја за
да го исклучите апаратот. Секогаш
повлекувајте го приклучокот.
Постои ризик од пожар кога апаратот е
поврзан со продолжен кабел, адаптер
или многукратен приклучок. Осигурете
се дека заземјувањето е направено во
согласност со стандардите и правилата.
Не го оставајте кабелот за струја да се
загрее на температура повисока од
90°C.
Внимавајте да го поврзете
синиот неутрален кабел со
приклучокот со буквата „N“ на
него. Поврзете го кафениот (или
црниот) фазен кабел со
приклучокот со буквата „L“.
Фазниот кабел треба да биде
поврзан цело време.
Кабел за поврзување
За да го замените кабелот за поврзување,
користете само специјален кабел или
негов еквивалент. Видот на кабел е
следниот: H05V2V2-F T90.
Проверете дали пресекот на кабелот
одговара на напонот и на работната
температура. Жолтата/зелената жица за
заземјување мора да биде околу 2 cm
подолга од кафеавата (или црната) жица
за фазата.
Вградување
min. 55 mm
min. 650 mm
550 mm
min. 100 mm
30 mm
470 mm
A
B
A) приложена заптивка
B) приложени рамки
ВНИМАНИЕ!
Монтирајте го апаратот само на
рамна работна површина.
Можности за вградување
Таблата вградена под површината за
готвење мора лесно да се вади и да
www.zanussi.com 13
овозможува лесен пристап во случај на
техничка интервенција.
Кујински елемент со врата
min 20 mm
(max 150 mm)
30 mm
60 mm
B
A
A) Табла што се вади
B) Простор за поврзување
Кујнски елемент со печка
Поврзувањето на површината за готвење
со струја мора да се изведе посебно
заради безбедносни причини и за да може
печката лесно да се извади од елементот.
Технички информации
Димензии на површината за готвење
Широчина 580 mm
Длабочина 500 mm
Дијаметри на бајпас
ПЛАМЕНИК Ø БАЈПАС 1/100 mm
Брз 42
Полу-брз 32
Помошен 28
Други технички податоци
ВКУПНА МОЌНОСТ:
Оргинален гас: G20 (2H) 20 mbar = 6,0 kW
Замена за гас: G30/G31 (3B/P) 30/30 mbar = 422 g/h
Електрични рингли: 1,5 kW
Електрично напојување: 230 V ~ 50 Hz
Категорија на апарат: II2H3B/P
Приклучување на гас: G 1/2"
14 www.zanussi.com
Класа на апаратот: 3
Пламеници за ПРИРОДЕН ГАС G20 20 mbar
ПЛАМЕНИК НОРМАЛНА
МОЌНОСТ kW
МИНИМАЛНА
МОЌНОСТ kW
ОЗНАКА НА
ВБРИЗГУВАЧ
1/100 mm
Брз 3,0 0,75 119
Полу-брз 2,0 0,45 96
Помошен 1,0 0,33 70
Пламеници за гас за LPG G30/G31 30/30 mbar
ПЛАМЕНИК НОРМАЛНА
МОЌНОСТ kW
МИНИМАЛНА
МОЌНОСТ
kW
ОЗНАКА НА
ВБРИЗГУВАЧ
1/100 mm
ДОТЕК НА
НОМИНАЛЕН ГАС
g/h
Брз 2,8 0,75 86 204
Полу-брз 2,0 0,45 71 145
Помошен 1,0 0,33 50 73
Спецификација на електрични рингли
Рингла
Номинална моќност (Поставка
за максимална топлина) [W]
Дијаметар на рингла [mm]
Лева задна 1500 145
За оптимални резултати при готвењето
користете сад за готвење којшто не е
поголем од дијаметарот на ринглата.
Енергетска ефикасност
Информации за производот според EU 66/2014
Идентификација на модел ZGM62444XA
Вид површина за готвење Вградена површина
за готвење
Број на електрични рингли 1
Технологија за греење на електрична
рингла
Цврста жешка плотна
www.zanussi.com 15
Дијаметар на кружни електрични
рингли (Ø)
Лева задна 14,5 cm
Потрошувачка на енергија на рингла
(Готвење на електрична енергија)
Лева задна 210,0 Wh / kg
Број на пламеници 3
Енергетска ефикасност на пламеник
(EE gas burner)
Десен заден - Полубрз 59.4%
Лев преден - Брз 60.2%
Десен преден - Помошен не е применливо
Енергетска ефикасност на површина за
готвење на гас
(EE површина за готвење на гас)
59.8%
Потрошувачка на енергија на плочата
за готвење (Плоча за готвење на
електрична енергија)
210,0 Wh / kg
EN 30-2-1: Куќни апарати за готвење на гас - Дел 2-1: Рационално користење на енергија -
Општо
EN 60350-2 - Електрични апарати за готвење во домаќинство - Дел 2: Површини за
готвење - Методи за мерење на перформанси
Штедење на енергија
Можете да заштедите енергија за време на
секојдневното готвење ако ги следите
советите дадени подолу.
Кога ќе ја загреете водата, користете
само онолку колку што ви е потребно.
Ако е можно, секогаш ставајте капак на
садот за готвење.
Електрични рингли:
Пред да ја вклучите ринглата, ставете
го садот на неа.
Дното на садот треба да биде со ист
дијаметар како и ринглата.
Ставете помали садови за готвење на
помалите рингли.
Ставете го садот за готвење директно
во центарот на ринглата.
Користете ја преостаната топлина за да
ја зачувата храната топла или да ја
стопите.
Пламеници на плин:
Пред употреба на пламениците и
држачите за тавите, проверете дали се
правилно склопени.
Дното на садот за готвење треба да
одговара на големината на пламеникот.
Ставете го садот за готвење директно
над пламеникот, во центарот.
Кога течноста ќе почне да врие,
намалете го пламенот за да крчка
течноста.
Ако е можно, користете лонец на пареа.
Видете во неговото упатство за
користење.
ГРИЖА ЗА ОКОЛИНАТА
Рециклирајте ги материјалите со симболот
. Ставете ја амбалажата во соодветни
контејнери за да ја рециклирате.
Помогнете во заштитата на живтната
средина и човековото здравје и
рециклирајте го отпадот од електрични и
електронски апарати. Не фрлајте ги
апаратите озанчени со симболот во
отпадот од домаќинството. Вратете го
производот во вашиот локален капацитет
за рециклирање или контактирајте ја
вашата општинска канцеларија.
16 www.zanussi.com
Kazalo
Navodila za varno uporabo 17
Varnostne informacije 18
Opis izdelka 21
Vsakodnevna uporaba 21
Namigi in nasveti 23
Vzdrževanje in čiščenje 24
Odpravljanje težav 24
Namestitev 26
Tehnične informacije 29
Energijska učinkovitost 30
Pridržujemo si pravico do sprememb.
Navodila za varno uporabo
Pred namestitvijo in uporabo naprave natančno preberite
priložena navodila. Proizvajalec ni odgovoren za poškodbe in
škodo, nastalo zaradi napačne namestitve in uporabe.
Navodila shranite skupaj z napravo za poznejšo uporabo.
Varnost otrok in ranljivih oseb
To napravo lahko uporabljajo otroci od osmega leta naprej
ter osebe z zmanjšanimi telesnimi, čutnimi ali razumskimi
sposobnostmi ali s pomanjkanjem izkušenj ter znanja le pod
nadzorom ali če so dobili ustrezna navodila glede varne
uporabe naprave in če se zavedajo nevarnosti, ki obstajajo.
Preprečite, da bi se otroci igrali z napravo.
Vse dele embalaže hranite zunaj dosega otrok.
Ko naprava deluje ali se ohlaja, poskrbite, da bodo otroci in
hišni ljubljenčki dovolj oddaljeni od nje. Dostopni deli so
vroči.
Če ima naprava varovalo za otroke, priporočamo, da ga
vklopite.
Čiščenja in uporabniškega vzdrževanja ne smejo izvajati
otroci brez nadzora.
Otroci, mlajši od treh let, se ne smejo približevati, če niso
pod nenehnim nadzorom.
Splošna varnostna navodila
Naprava in dostopni deli se med uporabo segrejejo. Ne
dotikajte se grelcev.
Naprave ne upravljajte z zunanjo programsko uro ali ločenim
sistemom za daljinsko upravljanje.
www.zanussi.com 17
Kuhanje na kuhalni plošči z maščobo ali oljem brez nadzora
je lahko nevarno in lahko pripelje do požara.
Ognja nikoli ne poskušajte pogasiti z vodo, ampak izklopite
napravo in nato prekrijte ogenj, npr. s pokrovom ali požarno
odejo.
Ne shranjujte predmetov na kuhalnih površinah.
Ne postavljajte kovinskih predmetov, kot so noži, vilice, žlice
in pokrovke, na površino kuhalne plošče, ker se lahko
segrejejo.
Naprave ne čistite s paro.
Če je napajalni kabel poškodovan, ga mora zamenjati
predstavnik proizvajalca, pooblaščene servisne službe ali
druga strokovno usposobljena oseba, da se izognete
nevarnosti.
Kjer je naprava priključena neposredno na omrežno
napetost, je potrebno večpolno izolacijsko stikalo z
razmakom med kontakti. Zagotoviti je treba popoln odklop v
skladu s pogoji, navedenimi v kategoriji prenapetosti III.
Ozemljitveni kabel ne spada zraven.
Pri speljevanju priključnega kabla pazite, da ta ne pride v
neposredni stik (na primer uporaba izolacijskih cevi) z deli, ki
lahko dosežejo temperature, več kot 50 °C višje od sobne
temperature.
Varnostne informacije
Ta naprava je primerna za naslednje trge:
MK TR SI
Namestitev
OPOZORILO!
To napravo lahko namesti le
strokovno usposobljena oseba.
Odstranite vso embalažo.
Ne nameščajte ali uporabljajte
poškodovane naprave.
Upoštevajte navodila za namestitev,
priložena napravi.
Upoštevajte predpisano najmanjšo
razdaljo do drugih naprav in enot.
Pri premikanju naprave bodite previdni, ker
je težka. Vedno nosite zaščitne rokavice.
Izreze zatesnite s tesnilom, da vlaga ne
povzroči nabrekanja.
Spodnjo stran naprave zaščitite pred paro
in vlago.
Naprave ne nameščajte v bližino vrat ali
pod okna. Na ta način preprečite, da bi
vroča posoda padla z naprave, ko odprete
vrata ali okno.
Če napravo namestite nad predale, mora
biti razmak med spodnjim delom naprave
in zgornjim predalom dovolj velik za
kroženje zraka.
Spodnji del naprave se lahko segreje. Pod
napravo namestite nevnetljivo ločevalno
ploščo za preprečitev dostopa do
spodnjega dela.
18 www.zanussi.com
Priključitev na električno omrežje
OPOZORILO!
Nevarnost požara in električnega
udara.
Električno priključitev mora opraviti
usposobljen električar.
Naprava mora biti ozemljena.
Pred katerimkoli posegom se prepričajte,
da naprava ni priključena na električno
omrežje.
Preverite, ali so električni podatki na
ploščici za tehnične navedbe skladni z
električno napeljavo. Če niso, se
posvetujte z električarjem.
Naprava mora biti nameščena pravilno.
Zaradi slabo pritrjenega in napačnega
napajalnega kabla ali vtiča (če je na voljo)
se lahko pregreje priključek.
Uporabite pravi električni priključni kabel.
Napajalni kabel se ne sme zaplesti.
Poskrbite za namestitev zaščite pred
udarom.
Kabel zaščitite pred natezno obremenitvijo.
Poskrbite, da se napajalni kabel ali vtič (če
obstaja) ne dotika vroče naprave ali
posode, ko napravo vključite v bližnje
vtičnice.
Ne uporabljajte razdelilnikov in podaljškov.
Pazite, da ne poškodujete vtiča (če
obstaja) ali kabla. Za zamenjavo
poškodovanega kabla se obrnite na naš
pooblaščeni servisni center ali električarja.
Zaščita pred udarom električnega toka
izoliranih delov in delov pod električno
napetostjo mora biti pritrjena tako, da je ni
mogoče odstraniti brez orodja.
Vtič vtaknite v vtičnico šele ob koncu
nameščanja. Poskrbite, da bo vtič
dosegljiv tudi po namestitvi.
Če je omrežna vtičnica zrahljana, ne
vtikajte vtiča.
Če želite izključiti napravo, ne vlecite za
električni priključni kabel. Vedno povlecite
za vtič.
Uporabite le prave izolacijske naprave:
odklopnike, varovalke (talilne varovalke
odvijte iz nosilca), zaščitne naprave na
diferenčni tok in kontaktorje.
Električna napeljava mora imeti izolacijsko
napravo, ki omogoča odklop naprave z
omrežja na vseh polih. Izolacijska naprava
mora imeti med posameznimi kontakti
minimalno razdaljo 3 mm.
Priključitev plina
Vse priključitve plina mora opraviti
strokovno usposobljena oseba.
Pred priključitvijo se prepričajte, da so
krajevni pogoji plinske napeljave (vrsta in
tlak plina) in nastavitve štedilnika usklajeni.
Poskrbite za kroženje zraka okrog
naprave.
Informacije o dovodu plina so na ploščici
za tehnične navedbe.
Ta naprava ni priključena na napravo za
prezračevanje in odvajanje plinov, ki
nastajajo pri gorenju. Napravo priključite v
skladu z veljavnimi predpisi za namestitev.
Bodite pozorni na zahteve glede
ustreznega prezračevanja.
Uporaba
OPOZORILO!
Nevarnost poškodbe, opeklin in
električnega udara.
Pred prvo uporabo odstranite vso
embalažo, etikete in zaščitno folijo (če
obstaja).
To napravo uporabljajte v gospodinjstvu.
Ne spreminjajte specifikacij te naprave.
Prepričajte se, da prezračevalne odprtine
niso blokirane.
Med delovanjem naprave ne puščajte brez
nadzora.
Kuhališče po vsaki uporabi »izklopite«.
Na kuhališča ne odlagajte pribora ali
pokrovov posod. Lahko se segrejejo.
Naprave ne upravljajte z mokrimi rokami
ali ko je v stiku z vodo.
Naprave ne uporabljajte kot delovno
površino ali za odlaganje.
Ko daste hrano v vroče olje, to lahko
brizgne.
OPOZORILO!
Obstaja nevarnost požara in
eksplozije.
Maščobe in olja lahko ob segrevanju
sproščajo vnetljive hlape. Plamenov ali
segretih predmetov ne približujte
maščobam in olju, ko kuhate z njimi.
Hlapi, ki jih sproščajo zelo vroča olja, lahko
povzročijo nepričakovan vžig.
Uporabljena olja, ki lahko vsebujejo
ostanke hrane, lahko povzročijo požar pri
nižjih temperaturah od prvič uporabljenih
olj.
www.zanussi.com 19
V napravo, njeno bližino ali nanjo ne
postavljajte vnetljivih izdelkov ali mokrih
predmetov z vnetljivimi izdelki.
OPOZORILO!
Obstaja nevarnost škode na
napravi.
Vroče posode ne postavljajte na
upravljalno ploščo.
Ne dovolite, da iz posode povre vsa
tekočina.
Pazite, da predmeti ali posode ne padejo
na napravo. Lahko se poškoduje površina.
Ne vklapljajte kuhališč s prazno posodo ali
brez posode.
Na napravo ne dajajte aluminijaste folije.
Uporabljajte le stabilno posodo ustrezne
oblike in premera, ki je večji od dimenzij
gorilnikov.
Pazite, da bo posoda postavljena na
sredino gorilnika.
Na koncu se še prepričajte, da plamen pri
hitrem zasuku gumba iz položaja za
največjo moč v položaj za najmanjšo moč
ne ugasne.
Uporabljajte le opremo, priloženo napravi.
Na gorilnik ne nameščajte difuzorja
plamena.
Med uporabo plinske kuhalne plošče se
ustvarjata toplota in vlaga. V prostoru, kjer
je nameščena naprava, poskrbite za dobro
prezračevanje.
Med dolgotrajno intenzivno uporabo
naprave bo morda potrebno dodatno
prezračevanje, npr. odpiranje okna, ali
učinkovitejše prezračevanje, npr.
povečana stopnja mehanskega
prezračevanja, če je na voljo.
Naprava je namenjena le kuhanju. Ni je
dovoljeno uporabljati za druge namene,
npr. ogrevanje prostora.
Ne dovolite, da bi kisle tekočine, npr. kis,
limonin sok ali sredstva za odstranjevanje
vodnega kamna, prišle v stik s ploščo.
Lahko se pojavijo motni madeži.
Vzdrževanje in čiščenje
Napravo redno čistite, da preprečite
poškodbe materiala na površini.
Preden se lotite čiščenja naprave, jo
izklopite in počakajte, da se ohladi.
Pred vzdrževalnimi deli napravo izključite
iz električnega omrežja.
Za čiščenje naprave ne uporabljajte
vodnega pršca in pare.
Napravo očistite z vlažno mehko krpo.
Uporabljajte samo nevtralna čistilna
sredstva. Za čiščenje ne uporabljajte
abrazivnih čistil, grobih gobic, topil ali
kovinskih predmetov.
Gorilnikov ne pomivajte v pomivalnem
stroju.
Odstranjevanje
OPOZORILO!
Nevarnost poškodbe ali zadušitve.
Za informacije o pravilnem odstranjevanju
naprave se obrnite na občinsko upravo.
Napravo izključite iz napajanja.
Odrežite električni priključni kabel in ga
zavrzite.
Sploščite zunanje cevi za plin.
Servis
Za popravilo naprave se obrnite na
pooblaščeni servisni center.
Uporabljajte samo originalne nadomestne
dele.
20 www.zanussi.com
  • Page 1 1
  • Page 2 2
  • Page 3 3
  • Page 4 4
  • Page 5 5
  • Page 6 6
  • Page 7 7
  • Page 8 8
  • Page 9 9
  • Page 10 10
  • Page 11 11
  • Page 12 12
  • Page 13 13
  • Page 14 14
  • Page 15 15
  • Page 16 16
  • Page 17 17
  • Page 18 18
  • Page 19 19
  • Page 20 20
  • Page 21 21
  • Page 22 22
  • Page 23 23
  • Page 24 24
  • Page 25 25
  • Page 26 26
  • Page 27 27
  • Page 28 28
  • Page 29 29
  • Page 30 30
  • Page 31 31
  • Page 32 32
  • Page 33 33
  • Page 34 34
  • Page 35 35
  • Page 36 36
  • Page 37 37
  • Page 38 38
  • Page 39 39
  • Page 40 40
  • Page 41 41
  • Page 42 42
  • Page 43 43
  • Page 44 44
  • Page 45 45
  • Page 46 46
  • Page 47 47
  • Page 48 48

Zanussi ZGM62444XA Kullanım kılavuzu

Tip
Kullanım kılavuzu