напојувањето со струја. Доколку не се
совпаѓаат, контактирајте со електричар.
• Секогаш користете правилно монтиран
штекер отпорен на струјни удари.
• Не користете адаптери со повеќе
приклучоци и продолжени кабли.
• Погрижете се да не предизвикате штета на
приклучокот и кабелот за струја. Доколку
кабелот за струја на апаратот треба да се
замени, тоа мора да го направи нашиот
сервисен центар.
• Поврзете го приклучникот за струја со
штекерот дури на крајот на монтирањето.
Проверете дали штекерот за струја е
пристапен по монтирањето.
• Не повлекувајте го кабелот за струја за да
го исклучите апаратот. Секогаш
повлекувајте го приклучникот.
• Не допирајте го кабелот за струја или
приклучникот со влажни раце.
• Овој апарат е усогласен со Директивите на
ЕЕЗ.
1.3 Употребa
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Опасност од пожар, експлозија,
струен удар или оштетување на
апаратот
• Користете го апаратот само во домашни
услови.
• Не менувајте ги спецификациите на овој
апарат.
• Последниот дел од циклусот на сушење се
прави без топлина (циклус на ладење) за
да се осигураме дека нема да има
оштетување на алиштата.
Ако го запрете апаратот пред крајот на
циклусот на сушење, веднаш извадете ги и
испружете ги сите алишта за да може
топлината да се изгуби.
• Ако користите омекнувач за алишта или
слични производи, следете ги упатствата
од пакувањето.
• Не користете го апаратот без филтер.
Исчистете го филтерот со влакненца пред
или после секоја употреба.
• Исчистете ги сите влакненца кои се
насобрале околу апаратот.
• Немојте да ги сушите оштетените алишта
кои содржат постава или потполнка.
• Не сушете артикли како пенеста гума
(латекс пена), капи за туширање,
водоотпорен текстил, артикли поставени со
гума и алишта или перници полнети со
потполнки од пенеста гума..
• Пред да ги сушите предметите кои биле во
допир со супстанци како на пример масло
за готвење, ацетон, алкохол, бензин,
керозин, отстранувачи на дамки,
терпентин, восок или отстранувачи на
восок, измијте ги во жешка вода со голема
количина на детергент.
• Немојте да сушите предмети ако за нивно
чистење со користени индустриски
хемикалии.
• Внимајте да не има запалки или кибрит
оставени во џебовите на алиштата.
• Сушете само ткаенини кои може да се
сушат во машината за сушење. Следете ги
упатствата на етикетата на секое парче од
облеката.
• Не сушете неиспрани алишта во апаратот.
• Ако сте ги испрале вашите алишта со
отстранувач за дамки, стартувајте
дополнителен циклус на плакнење пред да
ја пуштите машината за сушење.
• Немојте да ја пиете или да подготвувате
храна со кондензираната вода. Таа може
да предизвика здравствени проблеми кај
луѓето и животните.
• Немојте да седите или да стоите на
отворената врата.
• Почитувајте ја максималната количина на
полнење од 8 kg (погледнете во поглавјето
„Табела со програми“).
• Не сушете неисцедени влажни алишта во
машината за сушење.
1.4 Грижа и чистење
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Ризик од повреда или оштетување на
апаратот.
• Пред одржување, деактивирајте го
апаратот и исклучете го кабелот од
штекерот за струја.
• Не користете воден спреј и пареа за
чистење на апаратот.
• Чистете го апаратот со мека, влажна крпа.
Користете само неутрални детергенти. Не
користете абразивни производи, абразивни
сунѓери за чистење, растворувачи или
метални предмети.
18
www.electrolux.com