• Пред да се изведуваат какви било
работи, проверете дали апаратот е
исклучен од струја.
• Користете соодветен кабел за струја.
• Не оставајте ги каблите да се
заплеткаат.
• Проверете дали кабелот за струја или
приклучокот (ако е применливо) го
допира топлиот апарат или топлите
садови за готвење кога го поврзувате
апаратот со штекери во
близина
• Бидете сигурни дека апаратот е
правилно монтиран. Лабав и
несоодветен кабел за струја или
приклучок (ако е применливо) може да
предизвика прегревање на терминалот.
• Бидете сигурни дека е монтирана
заштитата од струен удар.
• Користете клема за да го ослободите
кабелот од напон.
• Потрудете се да не го оштетите
приклучокот за струја (ако
е применливо)
или кабелот за струја. Контактирајте со
сервисот или со електричар за да го
заменат оштетениот кабел за струја.
• Електричната инсталација мора да има
изолациски уред кој што ви овозможува
да го исклучите апаратот од приклучокот
за струја од сите полови. Изолацискиот
уред мора да има контактен отвор со
ширина од најмалку 3 mm.
• Користете само соодветни уреди за
изолација: заштитни прекинувачи на
линија, осигурувачи (осигурувачи на
вртење извадени од држачот),
заземјување и контактори.
Поврзување на гас
• Секое поврзување на гас треба да биде
направено од квалификувано лице.
• Пред монтирањето, уверете се дека
локалните комунални услуги (видот на
гасот и притисокот) одговараат на
барањата за приклучување на
апаратот.
• Овозможете кружење на воздух околу
апаратот.
• Информациите за доводот на гас се на
плочката со податоци.
• Овој апарат не смее да се поврзува со
уред кој служи за евакуација на запаливи
производи. Овозможете поврзување на
апаратот според тековните прописи за
монтажа. Внимавајте на условите кои се
дадени за соодветната вентилација.
Употреба
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Постои опасност
од повреда, изгореници или струен
удар.
• Овој апарат користете го само во
домашни услови.
• Не менувајте ги спецификациите на овој
апарат.
• Не оставајте го апаратот без надзор
додека работи.
• Не ракувајте со апаратот со влажни раце
или кога тој има контакт со вода.
• Не ставајте прибор за јадење или капаци
од тенџериња на ринглите. Тие може да
станат жешки.
• Поставувајте ги ринглите на
„исклучено“ по секоја употреба.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Опасност од
пожар или експлозија.
• При загревање, маснотиите и маслото
можат да испуштаат запаливи пареи.
Држете го огнот или загреаните
предмети подалеку од маснотиите и
маслата кога готвите со нив.
• Пареата што ја испушта маслото коешто
е многу жешко може да
предизвика
спонтано запалување
• Искористеното масло кое може да
содржи остатоци од храна, може да
предизвика пожар на пониска
температура од маслото што се користи
за прв пат.
• Не ставајте запаливи производи или
предмети натопени со запаливи
средства во, блиску до, или на апаратот.
19
www.zanussi.com