Aeg-Electrolux HC451500EB Kullanım kılavuzu

Tip
Kullanım kılavuzu
MK Упатство за ракување 2
Индукциски сад за готвење (вок)
SR Упутство за употребу 23
Индукциони вок
TR Kullanma Kılavuzu 43
İndüksiyonlu wok
HC451500EB
СОДРЖИНА
1. БЕЗБЕДНОСНИ ИНФОРМАЦИИ..................................................................... 3
2. ИНСТРУКЦИИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ.................................................................... 4
3. ОПИС НА ПРОИЗВОДОТ................................................................................. 7
4. СЕКОЈДНЕВНА УПОТРЕБА.............................................................................9
5. ПОМОШ И СОВЕТИ........................................................................................12
6. НЕГА И ЧИСТЕЊЕ..........................................................................................14
7. РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМИ.........................................................................15
8. МОНТАЖА....................................................................................................... 17
9. ТЕХНИЧКИ ИНФОРМАЦИИ........................................................................... 21
ЗА СОВРШЕНИ РЕЗУЛТАТИ
Ви благодариме што го избравте овој производ на AEG. Го создадовме за
да ви обезбедиме долгогодишен беспрекорен перформанс, со иновативни
технологии кои го прават животот поедноставен - функции што можеби нема
да ги најдете кај обичните апарати. Ве молиме, одвојте неколку минути за
читање за да го добиете најдоброто од овој апарат.
Посетете ја нашата страница за да:
Добиете корисни совети, брошури, водич за решавање на проблеми,
информации за сервисирање:
www.aeg.com
Го регистрирате вашиот производ за подобро сервисирање:
www.registeraeg.com
Купувате дополнителен прибор, потрошни или оригинални резервни
делови за вашиот апарат:
www.aeg.com/shop
ГРИЖА И УСЛУГА ЗА КОРИСНИЦИ
Секогаш користете оригинални резервни делови.
Кога ќе контактирате со нашиот Овластен сервис, треба да ги имате на
располагање следниве податоци: Модел, број на производот, сериски број.
Информациите може да ги најдете на плочката со спецификации.
Предупредување / Внимание - Безбедносни информации
Општи информации и совети
Информации за животната средина
Можноста за промени е задржана.
www.aeg.com2
1. БЕЗБЕДНОСНИ ИНФОРМАЦИИ
Пред монтажата и употребата на овој апарат,
внимателно прочитајте ги приложените упатства.
Производителот не е одговорен ако неправилната
монтажа и употреба предизвикаат повреди и
оштетувања. Секогаш чувајте го упатството со
апаратот за идна употреба.
1.1 Безбедност на деца и ранливи лица
Овој апарат можат да го користат деца над 8
години и лица со намалени физички, сетилни или
ментални способности или лица без искуство и
знаење доколку тоа го прават под надзор или им
биле дадени упатства како безбедно да го
употребуваат апаратот и ги разбираат опасностите
поврзани со него.
Не дозволувајте им на децата да играат со
апаратот.
Чувајте го пакувањето настрана од дофат на деца.
Држете ги децата и миленичињата подалеку од
апаратот кога тој работи или кога се лади.
Деловите кои се достапни се жешки.
Доколку апаратот има уред за безбедност на деца,
ви препорачуваме да го активирате.
Чистењето и одржувањето од страна на
корисникот не треба да го прават деца без надзор.
Апаратот не смее да биде во дофат на деца
помали од 3 години освен ако не се под постојан
надзор.
1.2 Општа безбедност
Апаратот и неговите достапни делови се
вжештуваат за време на употребата. Не допирајте
ги грејните елементи.
Не управувајте со апаратот со надворешен тајмер
или со посебен систем за далечинско управување.
МАКЕДОНСКИ 3
Готвењето на површина за готвење со маст или
масло без надзор може да биде опасно и да
доведе до пожар.
Никогаш не гаснете оган со вода, туку исклучете го
апаратот, а потоа покријте го пламенот, на пр. со
капак или со специјално противпожарно кебе.
Не чувајте предмети на површините за готвење.
Металните предмети, какви што се ножеви,
виљушки, лажици и капаци, не треба да се
оставаат на површината за готвење бидејќи може
да се вжештат.
Не користете чистач на пареа за чистење на
апаратот.
По користењето, исклучете ја ринглата на
површината за готвење преку соодветната
контрола и не потпирајте се на уредот за
откривање тенџере.
Ако стакло-керамичката / стаклената површина е
напукната, исклучете го апаратот за да ја
избегнете можноста од струен удар.
Доколку кабелот за напојување се оштети, треба
да се замени од страна на производителот,
овластен сервисен претставник или слично
квалификувани лица за да се избегне опасност.
2. ИНСТРУКЦИИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ
2.1 Монтажа
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Апаратот мора да го
монтира само
квалификувано лице.
Извадете ја целата амбалажа
Немојте да монтирате ниту да
користите оштетен апарат.
Придржувајте се до упатството за
монтажа приложено со апаратот.
Одржувајте минимална
оддалеченост од другите апарати и
делови.
Секогаш внимавајте кога го
преместувате апаратот затоа што е
тежок. Секогаш носете заштитни
ракавици.
Зачепете ги засечените површини
со заптивач за да спречите влагата
да предизвика надигнување.
Заштитете го дното на апаратот од
пареа и влага.
Не го монтирајте апаратот во
близина на врата или под прозорец.
На овој начин ќе спречите некој
жежок сад за готвење да падне од
апаратот кога вратата или
прозорецот се отворени.
Ако апаратот е монтиран над
фиоки, внимавајте просторот
помеѓу дното на апаратот и горната
www.aeg.com4
фиока да е доволен за циркулација
на воздух
Дното на апаратот може да стане
жешко. Уверете се дека сте
монтирале незапалива плоча за
одделување под апаратот за да
спречите пристап до дното.
Проверете дали просторот за
вентилација од 2 mm помеѓу
горната работна површина и
предниот дел од апаратот долу е
слободен. Гаранцијата не покрива
штета која е причинета од немање
на адекватен простор за
вентилација.
2.2 Поврзување со струја
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Ризик од пожар и струен
удар.
Секое поврзување со струја треба
да биде направено од
квалификуван електричар.
Апаратот мора да биде заземјен.
Пред да се изведуваат какви било
работи, проверете дали апаратот е
исклучен од струја.
Проверете дали информацијата за
напојување со струја на плочката
со спецификации се совпаѓа со
напојувањето со струја. Доколку не
се совпаѓа, контактирајте со
електричар.
Проверете дали апаратот е
правилно монтиран. Лабав и
несоодветен кабел за струја или
приклучок (ако е применливо) може
да предизвика прегревање на
терминалот.
Користете соодветен кабел за
струја.
Не оставајте ги каблите да се
заплеткаат.
Проверете дали е монтирана
заштитата од струен удар.
Користете клема за да го
ослободите кабелот од напон.
Проверете дали кабелот за струја
или приклучокот (ако е применливо)
го допира топлиот апарат или
топлите садови за готвење кога го
поврзувате апаратот со штекери во
близина
Не користете адаптери со повеќе
приклучоци и продолжени кабли.
Потрудете се да не го оштетите
приклучокот за струја (ако е
применливо) или кабелот за струја.
Контактирајте го нашиот Овластен
сервисен центар или електричар за
да го смените оштетениот кабел.
Заштитата од електричен удар на
активните и изолираните делови
мора да се поврзе на таков начин
што нема да може да се извади без
алатки.
Поврзете го приклучокот за струја
со штекерот на крајот од
монтажата. Проверете дали
приклучокот за струја е пристапен
по монтирањето.
Доколку штекерот е лабав, не
приклучувајте го приклучокот за
струја.
Не повлекувајте го кабелот за
струја за да го исклучите апаратот.
Секогаш повлекувајте го
приклучокот.
Користете само соодветни уреди за
изолација: заштитни прекинувачи
на линија, осигурувачи
(осигурувачи на вртење извадени
од држачот), заземјување и
контактори.
Електричната инсталација мора да
има изолациски уред кој што ви
овозможува да го исклучите
апаратот од приклучокот за струја
од сите полови. Изолацискиот уред
мора да има контактен отвор со
ширина од најмалку 3 mm.
2.3 Употреба
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Постои опасност од
повреда, изгореници или
струен удар.
Отстранете ја целата амбалажа,
етикетата и заштината фолија (ако
е применливо) пред првата
употреба.
Овој апарат користете го само во
домашни услови.
Не менувајте ги спецификациите на
овој апарат.
Погрижете се отворите за
вентилација да не бидат блокирани.
МАКЕДОНСКИ 5
Не оставајте го апаратот без
надзор додека работи.
Поставувајте ја ринглата на
„исклучено“ („off“) по секоја
употреба.
Не потпирајте се на детекторот за
тенџериња.
Не ставајте прибор за јадење или
капаци од тенџериња на ринглите.
Тие може да станат жешки.
Не ракувајте со апаратот со влажни
раце или кога тој има контакт со
вода.
Не употребувајте го апаратот како
работна површина или како простор
за складирање.
Ако површината на апаратот е
испукана, веднаш исклучете го
апаратот од струјата. Ова ќе спречи
струен удар.
Корисниците со пејсмејкер мора да
се држат на растојание од минимум
30 cm од индуктивните рингли кога
апаратот работи.
Кога ставате храна во жешко
масло, може да прска.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Опасност од пожар и
изгореници
При загревање, маснотиите и
маслото можат да испуштаат
запаливи пареи. Држете го огнот
или загреаните предмети подалеку
од маснотиите и маслата кога
готвите со нив.
Пареата што ја испушта маслото
коешто е многу жешко може да
предизвика спонтано запалување.
Искористеното масло кое може да
содржи остатоци од храна, може да
предизвика пожар на пониска
температура од маслото што се
користи за прв пат.
Не ставајте запаливи производи
или предмети натопени со
запаливи средства во, блиску до,
или на апаратот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Опасност од оштетување
на апаратот.
Не чувајте жешки садови за
готвење на контролната табла.
Не оставајте ги садовите за
готвење да вријат на суво.
Внимавајте предметите или
садовите за готвење да не паднат
на апаратот. Може да се оштети
површината.
Не вклучувајте ги ринглите со
празни садови за готвење или без
садови за готвење.
Не ставајте алуминиумска фолија
на апаратот.
Садовите за готвење направени од
лиено железо, алуминиум или со
оштетено дно може да
предизвикаат гребнатини на
стаклото / стакло-керамиката. Овие
предмети секогаш кревајте ги кога
треба да ги преместувате на
површината за готвење.
Овој апарат е наменет само за
готвење. Не смее да се користи за
други намени, на пример за
загревање на простории.
2.4 Нега и чистење
Редовно чистете го апаратот за да
спречите оштетување на
материјалот на површината.
Исклучете го апаратот и оставете
го да се излади пред да го чистите.
Исклучете го апаратот на
напојувањето со струја пред
оддржувањето.
Не користете воден спреј и пареа
за чистење на апаратот.
Чистете го апаратот со мека,
влажна крпа. Користете само
неутрални детергенти. Не
користете абразивни производи,
абразивни сунѓери за чистење,
растворувачи или метални
предмети.
2.5 Расходување
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Ризик од повреда или
задушување.
Контактирајте со општинската
власт за да добиете информации
за правилно расходување на
апаратот.
Исклучете го апаратот од
приклучокот за струја.
www.aeg.com6
Отсечете го кабелот за струја и
фрлете го.
2.6 Сервисирање
За да го поправите апаратот
контактирајте го Овластениот
сервисен центар.
Користете само оригинални
резервни делови.
3. ОПИС НА ПРОИЗВОДОТ
3.1 Распоред на површината за готвење
300 mm
1
2
3
1
Индукциска рингла
2
Стаклена прачка
3
Контролна табла
3.2 Распоред на контролна табла
42 31 5
12 10 811
76
9
Ракувајте со апаратот со помош на сензорските полиња. Екраните, показните
светла и звуците покажуваат кои функции работат.
Сензорс
ко поле
Функција Коментар
1
ВКЛУЧЕНО /
ИСКЛУЧЕНО
За вклучување и исклучување на
површината за готвење.
2
Заклучување / Уред за
безбедност на деца
За заклучување / отклучување на
контролната табла.
3
STOP+GO За вклучување и исклучување на
функцијата.
МАКЕДОНСКИ 7
Сензорс
ко поле
Функција Коментар
4
- Екран на тајмерот За прикажување на времето во минути.
5
CountUp Timer Покажува дека функцијата работи.
6
Тајмер за
одбројување /
Потсетник за минути
Покажува дека функцијата работи.
7
- Екран за поставување
на јачината на
топлината
За прикажување на поставката за
температура.
8
Енергетска функција
За вклучување и исклучување на
функцијата.
9
Продолжете со
готвењето на тивок
оган
За вклучување и исклучување на
функцијата.
10
- Контролна лента За поставување на поставка за јачина на
топлина.
11
- За одбирање на функцијата Тајмер.
12
/
- За зголемување или намалување на
времето.
3.3 Екрани за поставување на јачината на топлината
Екран Опис
Ринглата е исклучена.
-
Ринглата е вклучена.
Функцијата STOP+GO работи.
Енергетска функција е во функција .
+ број
Има дефект.
/ /
OptiHeat Control (Показно светло за преостаната топлина во 3
чекори): уште се готви / подгревање / преостаната топлина.
ФункцијатаЗаклучување /Уред за безбедност на деца работи.
Садот е несоодветен или премал или нема сад на ринглата.
Функцијата Автоматски исклучување работи.
www.aeg.com8
3.4 OptiHeat Control
(Показно светло за
преостаната топлина во 3
чекори)
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
/ / Постои
опасност од изгореници
поради преостаната
топлина. Показателот го
покажува нивото на
преостанатата топлина.
Индукциските рингли ја произведуваат
неопходната топлина за процесот на
готвење директно на дното на
садовите за готвење. Стакло-
керамиката се затоплува од топлината
на садовите за готвење.
3.5 Прибор
ВОК-тава Р 6.0 (испорачана)
Користете ја само
испорачаната вок-тава.
390 mm, 6 литри, 2 рачки,
не’рѓосувачки челик.
4. СЕКОЈДНЕВНА УПОТРЕБА
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Видете во поглавјата за
заштита и сигурност.
4.1 Вклучување и
исклучување
Допрете го 1 секунда за да ја
вклучите или да ја исклучите
површината за готвење.
4.2 Автоматски
исклучување
Функцијата автоматски ја исклучува
плочата за готвење ако:
сите рингли се исклучени,
не сте ја наместиле јачината на
топлината откако сте ја вклучиле
плочата за готвење,
сте истуриле или сте ставиле
нешто на контролната табла
подолго од 10 секунди (тенџере,
ткаенина, итн.). Се огласува звучен
сигнал и плочата за готвење се
исклучува. Отстранете го
предметот или исчистете ја
контролната табла.
плочата за готвење станува
премногу жешка (на пр. ако некој
сад преврие и се исуши). Оставете
ја ринглата да се олади пред да ја
користите повторно плочата за
готвење.
користите несоодветни садови за
готвење. Симболот се пали и по
2 минути ринглата се исклучува
автоматски.
не исклучувајте ја ринглата и не
менувате ја поставката за јачина на
топлината. По одредено време се
пали и плочата за готвење се
исклучува.
Врската помеѓу јачината на
топлината и времето после кое се
исклучува плочата за готвење:
Поставка на
јачина
Плочата за
готвење се
исклучува после
, 1 - 3
6 часа
4 - 7 5 часа
8 - 9 4 часа
10 - 14 1,5 час
МАКЕДОНСКИ 9
4.3 Поставување на
јачината на топлината
За поставување или менување на
јачината на топлината:
Допрете ја контролната лента на
соодветната јачина на топлина или
движете го прстот по должината на
контролната лента додека не стигнете
до соодветната јачина на топлина.
4.4 Употреба на вок
Внимателно ставете ја вок-тавата во
вдлабнатината за вок-тава. Не
протресувајте ја вок-тавата додека е
во вдлабнатината за вок-тава.
ВНИМАНИЕ!
Погрижете се рачката да
не ја удира или гребе
површината. Тоа може да
го оштети шпоретот.
4.5 Енергетска функција
Функцијата обезбедува поголема моќ
за индукциските рингли. Функцијата
може да биде активирана за
индуктивната рингла само за
одредено време. После тој период
индуктивната рингла автоматски се
враќа на најголемата јачина на
топлина.
Видете го поглавјето
„Технички информации“.
За да ја активирате функцијата за
ринглата: допрете . Се вклучува
.
За исклучување на функцијата:
променете ја јачината на топлината.
4.6 Тајмер
Тајмер за одбројување
Оваа функција користете ја за да
поставите колку време ќе работи
ринглата само за ова готвење.
Избирањето функција на Тајмер е
можно кога работи ринглата и кога е
поставена јачината на топлината.
За вклучување на функцијата:
допрете го
на тајмерот за да го
поставите времето (00 - 99 минути).
Кога показното светло на ринглата
започнува да трепка бавно, започнува
одбројувањето. Кога оваа функција е
вклучена, се пали
.
За да го видите преостанатото
време: допрете го
неколку пати
додека на екранот не се прикаже
.
На екранот се покажува преостанатото
време.
За да го смените времето: допрете
го
неколку пати додека на екранот
не се прикаже
. Допрете го или
.
За исклучување на функцијата:
допрете го неколку пати додека на
екранот не се прикаже . Допрете .
Преостанатото време се одбројува
наназад до 00.
Кога времето ќе истече, се
огласува звук и трепка 00.
Ринглата се исклучува.
За да го запрете звукот: допрете .
CountUp Timer (Тајмер за
броење)
Користете ја оваа функција за да
следите колку долго работи ринглата.
За вклучување на функцијата:
допрете . Симболот се исклучува
и се вклучува .
За да видите колку долго работи
ринглата: допрете го неколку пати
додека на екранот не се прикаже .
Екранот покажува колку долго работи
www.aeg.com10
ринглата. За време на првата минута,
екранот го покажува времето во
секунди. За време на првата минута,
екранот го покажува времето во
минути.
За исклучување на функцијата:
допрете го неколку пати додека на
екранот не се прикаже . Допрете .
Симболот
се исклучува и се
вклучува .
За ресетирање на функцијата:
допрете
. Времето се одбројува
наназад до 00.
Ако две функции работат
во исто време, екранот
прво ја прикажува
функцијата CountUp Timer.
Потсетник за минути
Можете да ја користите функцијата
како Потсетник за време кога
површината за готвење е вклучена и
кога не работат ринглите (екранот за
поставка на јачина покажува ).
За вклучување на функцијата:
допрете . Допрете го или на
тајмерот за да го поставите времето.
Кога времето ќе истече, се огласува
звук и трепка 00.
За да го запрете звукот: допрете .
Функцијата не влијае врз
работата на ринглите.
4.7 STOP+GO
Оваа функција сите рингли ги
поставува да работат на најмала
јачина.
Кога функцијата работи, не можете да
ја смените поставката за јачината.
Функцијата не ја запира функцијата на
тајмерот.
За вклучување на функцијата:
допрете
. Се пали .
За исклучување на функцијата:
допрете го . Се пали претходната
поставка за јачина на топлината.
4.8 Заклучување
Додека работат ринглите, можете да ја
заклучите контролната табла. Тоа
спречува случајна промена на
поставената јачина на топлината.
Прво поставете ја јачината на
топлината.
За вклучување на функцијата:
допрете
. се пали за 4
секунди.Тајмерот останува вклучен.
За исклучување на функцијата:
допрете
. Се вклучува претходната
јачина на топлина.
Кога ќе ја исклучите
површината за готвење,
вие ја исклучувате и оваа
функција.
4.9 Уред за безбедност на
деца
Оваа функција спречува случајно
вклучување на плочата за готвење.
За активирање на
функцијата:вклучете ја површината
за готвење со . Не поставувајте ја
јачината на топлината. Допрете на
4 секунди. Се пали . Исклучете ја
површината за готвење со
.
За исклучување на
функцијата:вклучете ја површината
за готвење со . Не поставувајте ја
јачината на топлината. Допрете на
4 секунди. Се пали . Исклучете ја
површината за готвење со .
За да ја прескокните оваа функција
за само едно готвење: активирајте ја
површината за готвење со . Се пали
. Допрете го во траење од 4
секунди. Поставете ја јачината на
топлината за 10 секунди. Сега
можете да ракувате со површината за
готвење. Кога ќе ја деактивирате
површината за готвење
функцијата
повторно работи.
МАКЕДОНСКИ 11
4.10 OffSound Control
(Вклучување и
исклучување на звучните
сигнали)
Исклучете ја површината за готвење.
Допрете го
во траење од 3 секунди.
Екранот се пали и се гаси. Допрете на
3 секунди. или се пали.
Допрете на на тајмерот и одберете
едно од следниве:
- звучните сигнали се исклучени
- звучните сигнали се вклучени
За да го потврдите изборот, почекајте
додека површината за готвење не се
исклучи автоматски.
Кога оваа функција е поставена на ,
звучните сигнали можете да ги
слушнете само кога:
го допирате
Потсетник за минути се намалува
Тајмер за одбројување се намалува
сте ставиле нешто на контролната
табла.
5. ПОМОШ И СОВЕТИ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Видете во поглавјата за
заштита и сигурност.
5.1 Садови за готвење
Користете го шпоретот
само со оригинална вок-
тава со заоблено дно.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Не користете садови со
рамно дно. Безбедната
работа на апаратот во
согласност со EN60335
може да се гарантира само
со испорачана вок-тава
заедно со шпоретот.
Кај индукциските рингли се
создава силно електро-
магнетно поле кое многу
брзо создава топлина во
садот.
Материјал за садови за готвење
правилно: лиено железо, челик,
емајлиран челик, не’рѓосувачки
челик, дно направено од повеќе
слоеви (со правилна ознака од
производителот).
неправилно: алуминиум, бакар,
бронза, стакло, керамика,
порцелан.
Правилни садови за готвење за
индукциска површина за готвење се
ако:
мала количина вода врие многу
брзо на рингла поставена на
највисока јачина на топлината.
магнетот го привлекува дното на
садот.
5.2 Звуци во текот на
работата
Ако слушате:
звук на пукање: садот за готвење е
направен од различни материјали
(сендвич конструкција).
звук на свиркање: ја користите
ринглата на голема јачина и
садовите за готвење се направени
од различни материјали (сендвич
конструкција).
ѕунење: користите високо
енергетско ниво.
кликање: се јавува електрично
прекинување.
сиктење, бруење: работи
вентилаторот.
Звуците се нормални и не се знак за
неисправност на површината за
готвење.
5.3 Штедење енергија
Ако е можно, секогаш ставајте
капак на садот за готвење.
Садовите за готвење треба да се
ставаат на ринглата пред
вклучувањето.
Користете ја преостаната топлина
за да ја зачувата храната топла или
да ја стопите.
www.aeg.com12
5.4 Öko Timer (Еко тајмер)
За зачувување на енергија, грејачот за
ринглата се исклучува пред да се
огласи програматорот за одбројување.
Разликата во времето на работа
зависи од нивото на поставената
топлина и должината на готвењето.
5.5 Готвење со вок
Индукцискиот вок е најдобар за
подготовка на „брзи“ јадења, особено
кинески специјалитети. Храната
постојано се врти во текот на краткото
време на пржење. Индукцискиот
систем на греење ви овозможува да
готвите многу брзо и при висока
температура. Како резултат на тоа,
месото и рибата остануваат сочни, а
зеленчукот ја задржува бојата, вкусот
и витамините.
Поставката за топлина 9 и нагоре на
индукцискиот вок има висока моќност
со многу брзо време реакција. Маста и
маслото стануваат многу жешки за
кратко време. Кога ќе започне да чади,
значи дека е премногу жежок.
Енергетска функција мора да се
користи само за кратко време ако
готвите со мала количина храна или
масло. Постои опасност од
оштетување на вок-тавата.
Температурата на пржење може да се
процени со тестирање со дрвена
лажица. Држете ја рачката на
дрвената лажица во жешката
маснотија: Ако се подигнат мали
меурчиња кон површината, достигната
е температурата на пржење. Ако нема
меурчиња, температурата на пржење
не е уште достигната.
Начини на готвење
Мешање - пржење
Премачкајте ја вок-тавата со масло.
Исечете ги состојките на мали
парчиња. Додајте сосови и зачини и
брзо запржете на жежок оган со
постојано мешање.
Времето на готвење е многу кратко.
Проверете дали состојките се
подготвени пред да почнете со
готвење.
Почнете со состојките на кои им
треба најмногу време за готвење.
Запржување со мешање е многу
здрав метод на готвење.
Зеленчукот го зачувува вкусот и
бојата и останува убав и крцкав.
Малите парчиња месо остануваат
меки.
Пржење во многу масло
Вок-тавата овозможува многу мал
пад на температурата и мала
потрошувачка на масло за готвење.
Поради константната температура,
запржената храна не апсорбира
многу маснотии.
Месото, рибите, зеленчукот итн.
задржуваат изедначена боја и кора,
а со тоа и вообичаениот вкус.
Користете само маснотии посебно
наменети за пржење во многу
масло.
Варење јајца / Матење крем
Заоблената форма на вок-тавата е
погодна за матење кремови,
кремасти десерти, сосови од путер,
безмасни пандишпани или
мешавини од парфе без чување во
друг сад со топла вода од 65°C до
80°C.
Крчкање
Вриење: за готвење храна (на
пример шпагети) на точка на
вриење.
Готвење на тивок оган: за готвење
храна (на пример кнедли) веднаш
под точката на вриење.
Динстање
Гответе ја храната во сопствениот
сок или додајте малку маст или
друга течност.
Користете го овој метод за готвење
храна со повисока содржина на
вода (како што се зеленчук, риба и
овошје) со капак на умерена
температура за да се зачува вкусот.
Готвење на пареа
Ова е метод на нежно готвење
којшто овозможува задржување
високо ниво на хранлива содржина
и боја на храната.
Употреба на масти и масла
Кога температурата е многу висока,
маста започнува да произведува чад.
Оваа температура се нарекува точка
на појава на чад.
МАКЕДОНСКИ 13
Масти /
Масла
Макс.
температур
а °C
Точка на
чадење °C
Путер 130 150
Свинско
сало
170 200
Говедско
сало
180 210
Маслиново
масло
180 200
Масти /
Масла
Макс.
температур
а °C
Точка на
чадење °C
Сончогледо
во масло
200 220
Масло од
кикирики
200 235
Кокосово
масло
200 240
Користете Енергетска функција за
загревање големи количини вода.
6. НЕГА И ЧИСТЕЊЕ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Видете во поглавјата за
заштита и сигурност.
6.1 Општи информации
Чистете ги садовите за готвење по
секоја употреба.
Секогаш употребувајте садови за
готвење со чисто дно.
Гребаниците или темните дамки на
површината не влијаат врз
работата на апаратот.
Користете специјално средство за
чистење наменето за површини за
готвење.
Употребувајте специјално стругало
за стаклото.
6.2 Чистење на плочата за
готвење
Веднаш отстранете: стопена
пластика, пластична фолија и храна
што содржи шеќер. Во спротивно,
нечистотијата може да предизвика
оштетување на плотната за
готвење. Ставете го стругалото на
стаклената површина под остар
агол и движете го сечивото по
површината.
Извадете ги откако апаратот е
доволно изладен: прстени од
бигор, вода, дамки од маснотии,
светкави метални промени на
бојата. Чистете ја плочата за
готвење со влажна крпа и
неабразивен детергент. По
чистењето, избришете ја плочата
за готвење со мека крпа.
6.3 Чистење на вок-тавата
Чистете ја вок-тавата одвнатре и
однадвор со миење по секоја
употреба.
Наталожената нечистотија
омекнете ја со топла вода. Вок-
тавата чистете ја со средство за
чистење хромиран челик и сунѓер.
Дисколорации во сина боја, дамки
од бигор ли дамки од протеини
најдобро се отстрануваат со оцет
или сок од лимета.
6.4 Стаклена прачка
Не користете гребач или остри
предмети за чистење на стаклената
плоча и просторот помеѓу неа и
стакло-керамичката површина.
Стаклената плоча е прикачена на
керамичката плоча.
www.aeg.com14
Не ставајте ги тенџерињата на
стаклената плоча.
Внимавајте тавите и тенџерињата
да не се допираат до стаклената
плоча.
7. РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМИ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Видете во поглавјата за
заштита и сигурност.
7.1 Што да направите ако...
Проблем Можна причина Решение
Не можете да ја вклучите
или да ракувате со
површината за готвење.
Апаратот не е поврзан со
напојување за струја или
не е правилно поврзан.
Проверете дали апаратот
е правилно поврзан со
електрична енергија.
Видете го дијаграмот за
поврзување.
Избил осигурувач. Проверете дали
осигурувачот е причина за
дефектот. Ако
осигурувачот постојано
избива, стапете во контакт
со квалификуван
електричар.
Вклучете ја површината за
готвење повторно и
поставете ја
температурата за помалку
од 10 секунди.
Истовремено сте допреле
2 или повеќе сензорски
полиња.
Допирајте само по едно
сензорско поле.
Функцијата STOP+GO
работи.
Видете во „Секојдневна
употреба“.
Има дамки од вода или
маснотија на контролната
табла.
Исчистете ја контролната
табла.
Се огласува звучен сигнал
и површната за готвење се
исклучува.
Се огласува звучен сигнал
кога површината за
готвење е исклучена.
Сте ставиле нешто или
едно или на повеќе
сензорски полиња.
Тргнете го предметот од
сензорските полиња.
Плотната за готвење се
исклучува.
Сте ставиле нешто на
сензорското поле .
Тргнете го предметот од
сензорското поле.
МАКЕДОНСКИ 15
Проблем Можна причина Решение
Показно светло за
преостаната топлина не се
вклучува.
Ринглата не е жешка затоа
што работела само кратко
време.
Ако ринглата работела
доволно долго за да е
жешка, јавете се во
Овластениот сервисен
центар.
Нема сигнал кога ќе ги
допрете сензорските
копчиња на таблата.
Сигналите се исклучени. Вклучете ги сигналите.
Видете во „Секојдневна
употреба“.
се вклучува.
Автоматски исклучување е
во функција.
Исклучете ја и повторно
вклучете ја површината за
готвење.
се вклучува.
Уред за безбедност на
деца или функцијата
Заклучување работи.
Видете во „Секојдневна
употреба“.
се вклучува.
Нема сад за готвење на
ринглата.
Ставете сад за готвење на
ринглата.
Садовите за готвење се
несоодветни.
Користете соодветни
садови за готвење.
Видете во поглавјето
„Помош и совети“.
Пречникот на дното на
садот за готвење е премал
за ринглата.
Користете садови за
готвење со соодветни
димензии.
Видете го поглавјето
„Технички информации“.
Се прикажува и број.
Има грешка на површината
за готвење.
Исклучете ја површината
за готвење од струја
извесно време. Исклучете
го осигурувачот од
електричниот систем на
куќата. Вклучете го
повторно. Ако повторно се
запали , обратете се во
Овластен сервисен
центар.
се вклучува.
Електричното поврзување
не е точно направено.
Снабдувањето со напон е
надвор од домет.
Зборувајте со
квалификуван електричар
за да ја проверите
инсталацијата.
www.aeg.com16
Проблем Можна причина Решение
се вклучува.
Има грешка на површината
за готвење бидејќи садот
за готвење вари на суво.
Работат Автоматски
исклучување и заштитата
од прегревање на
ринглата.
Исклучете ја површината
за готвење. Тргнете ги
жешките садови за
готвење. По околу 30
секунди, повторно
вклучете ја ринглата. Ако
има проблем со садот за
готвење, се појавува
порака со грешка. Показно
светло за преостаната
топлина останува
запалено. Оставете го
садот за готвење да се
излади доволно.
Проверете дали садот за
готвење е компатибилен
со површината за готвење.
Видете во поглавјето
„Помош и совети“.
се вклучува.
Вентилаторот е блокиран. Проверете дали некој
предмет го блокира
вентилаторот. Ако
повторно се запали ,
обратете се во Овластен
сервисен центар.
7.2 Ако не можете да
најдете решение...
Ако не можете самите да го решите
проблемот, обратете се кај вашиот
продавач или во овластениот
сервисен центар. Наведете ги
податоците од плочката за
спецификации. Исто така наведете ја
и троцифрената шифра за стакло-
керамика (се наоѓа во аголот на
стаклената површина) и пораката за
грешка која се пали. Осигурете се дека
правилно работите со површината за
готвење. Ако неправилно сте ракувале
со површината за готвење,
сервисирањето од страна на
сервисниот техничар или на
продавачот нема да биде бесплатно,
дури и во гарантниот период.
Упатствата за службата за односи со
корисниците и за условите на
гаранцијата се наведени во
гарантниот лист.
8. МОНТАЖА
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Видете во поглавјата за
заштита и сигурност.
8.1 Пред монтажата
Пред да ја монтирате површината за
готвење, напишете ги информациите
подолу од плочката за спецификации.
Плочката со спецификации се наоѓа
на дното од куќиштето на апаратот.
МАКЕДОНСКИ 17
Сериски број (S.N.) ............
8.2 Вградени плочи за
готвење
Користете ги плочите за готвење што
се вградуваат само ако се претходно
вградени во соодветни елементи за
вградување и во работни површини
кои ги исполнуваат стандардите.
8.3 Кабел за поврзување
Површината за готвење се
испорачува со кабел за струја.
За да го замените оштетениот
кабел користете го следниот (или
понов) вид кабел: H05BB-F T min
90°C. Обратете се во локалниот
Сервисен центар.
8.4 Ставање на лентата за
запечатување
1. Исчистете ја горната работна
површина околу исечената област.
2. Ставете ја лентата за
запечатување околу долниот раб
на површината за готвење преку
надворешниот раб на стакло-
керамиката. Притоа, не
растегнувајте ја. Внимавајте
краевите на лентата за
запечатување да се ставени во
средниот дел од едната страна на
површината за готвење.
3. Додадете неколку mm должина
кога ќе ја сечете лентата за
запечатување.
4. Повлечете ги заедно двата краја
на лентата за запечатување.
8.5 Комплет
ГОРНА МОНТАЖА
min.
50mm
min.
500mm
min.
2mm
www.aeg.com18
R 5mm
min.
55mm
340
+1
mm
490
+1
mm
x4
x4
≥36mm
<36mm
≥36mm
<36mm
МАКЕДОНСКИ 19
min.
25 mm
min.
2 mm
8.6 Монтажа на повеќе од
една површина за готвење
Доставени додатоци: прачка за
поврзување, огноотпорен силикон,
гумени форми, лента за
запечатување.
Користете само специјален
силикон отпорен на висока
температура.
Исечок од работна површина
Растојани
е од
ѕидот
минимум 50 mm
Длабочин
а
490 mm
Широчин
а
збир од сите широчини на
површините за готвење
минус 20 mm
Пример:
580 mm
520 mm
490 mm
360 mm
+ - =
20 mm 920 mm
Комплет
1. Правилно измерете ги димензиите
на исечокот.
2. Направете го исечокот на
работната површина.
3. Една по една ставете ги
површините за готвење на мека
површина (на пример на ќебе) со
долниот дел свртен нагоре.
4. Ставете ја лентата за
запечатување околу долниот раб
на површината за готвење преку
надворешниот раб на стакло-
керамиката.
5. Прицврстете ги плочките за
прицврстување лабаво во
соодветните дупки во заштитното
куќиште.
6. Вметнете ја површината за
готвење во исечокот на работната
површина. Потоа вметнете ја
прачката за поврзување во
исечокот на работната површина.
Притиснете половина од нејзината
широшина под површината за
готвење.
7. Лабаво зацврстете ги плочките за
прицврстување од долу на
работната површина и на прачките
за поврзување.
www.aeg.com20
  • Page 1 1
  • Page 2 2
  • Page 3 3
  • Page 4 4
  • Page 5 5
  • Page 6 6
  • Page 7 7
  • Page 8 8
  • Page 9 9
  • Page 10 10
  • Page 11 11
  • Page 12 12
  • Page 13 13
  • Page 14 14
  • Page 15 15
  • Page 16 16
  • Page 17 17
  • Page 18 18
  • Page 19 19
  • Page 20 20
  • Page 21 21
  • Page 22 22
  • Page 23 23
  • Page 24 24
  • Page 25 25
  • Page 26 26
  • Page 27 27
  • Page 28 28
  • Page 29 29
  • Page 30 30
  • Page 31 31
  • Page 32 32
  • Page 33 33
  • Page 34 34
  • Page 35 35
  • Page 36 36
  • Page 37 37
  • Page 38 38
  • Page 39 39
  • Page 40 40
  • Page 41 41
  • Page 42 42
  • Page 43 43
  • Page 44 44
  • Page 45 45
  • Page 46 46
  • Page 47 47
  • Page 48 48
  • Page 49 49
  • Page 50 50
  • Page 51 51
  • Page 52 52
  • Page 53 53
  • Page 54 54
  • Page 55 55
  • Page 56 56
  • Page 57 57
  • Page 58 58
  • Page 59 59
  • Page 60 60
  • Page 61 61
  • Page 62 62
  • Page 63 63
  • Page 64 64

Aeg-Electrolux HC451500EB Kullanım kılavuzu

Tip
Kullanım kılavuzu